Жена го тужи Чарли Шин за намерно изложување на ХИВ - Канал 5

Жена го тужи Чарли Шин за намерно изложување на ХИВ

Актерот Чарли Шин најверојатно ќе биде суден за наводното изложување на поранешна девојка на ХИВ, пишува “Контакт мјузик”.

Жена го тужи Чарли Шин за намерно изложување на ХИВ
51-годишниот актер не е споменат по име во тужбата поднесена во четвртокот во окружниот суд на Лос Анџелес.

Во документите добиени од “Ју Ес викли” сепак, жената, идентификувана како Џејн Доу, емигрантка од Русија, изјави дека нејзиниот поранешен партнер го открил ХИВ-статусот во телевизиските интервјуа на 17 ноември 2015 година и 21 јуни 2016 година. На истите датуми списанието “УСА Тудеј” раскажува за состојбата на Шин.

Според документите, двајцата се запознале во почетокот на септември 2015 година и започнале “романтична и сексуална врска по неколку дена”.

Жената тврди дека пред да имаат секс, го прашала обвинетиот дали страда од полово-преносливи болести. Тој и рекол дека е “добро” и “треба да му се довери”.

Џејн Доу вели дека првично користеле латекс кондоми, но имале незаштитен орален секс, а на 26 октомври 2015 година имале и незаштитен контакт за прв пат.

Подоцна мажот кажал дека е ХИВ позитивен. Жената побарала медицинска помош и била подложена на антиретровирусна терапија во текот на неколку недели.

Поранешната вереница на Чарли Шин – порно ѕвездата Брет Роси, поведе слична тужба против актерот, откако тој ја откри дијагнозата јавно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцира

Кралицата на прекрасните облини , светската музичка ѕвезда Ријана повторно провоцира, нејзиниот буен задник во танга повторно ги „запали'“ мрежите.

Фото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцира

Атрактивното издание на мегапопуларната Ријана ни овој пат не разочара. Нејзиниот гол задник стана главна тема на интернет.

Позната по своите атрактивни, често и провокативни изданија, Ријана и овој пат ја разгори имагинацијата на многумина.

Таа се потруди својот бренд за убавина „Savage X Fenty“ да го претвори во главна тема на социјалните мрежи, а за таа цел ги искористи своите вештини за заведување, како и своите облини.

Имено, Ријана објави неколку промотивни фотографии за новогодишната колекција долна облека. Како што може да се види, фотографиите откриваат повеќе отколку што би требало, што предизвика големо внимание, но и збунетост кај корисниците на интернет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зидан: Би сакал да го тренирам Јувентус

Пред дербито од петтото коло во Лигата на нации против Италија, селекторот на Франција, Зинедин Зидан, се осврна и на можноста за враќање на Апенинскиот полуостров. 

Зидан: Би сакал да го тренирам Јувентус

Поточно во Јувентус, клубот каде што францускиот виртуоз настапуваше од 1996 до 2001 година. Селекторот на „триколорите“ откри дека би бил отворен за преземање на кормилото на „Старата дама“.

„Би сакал еден ден да го тренирам Јувентус. Би ми било драго. Но, во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи“, изјави Зидан.

Франција и Италија ќе се соочат на Апенинскиот Полуостров во дуел што ќе одлучува за првото место во групата А од највисоката дивизија на Лигата на нации.

„Знаеме дека кога ќе се фокусираат, Италијанците можат да одиграат на високо ниво – особено во одбраната“.

Зидан исто така откри дека Килијан Мбапе нема да настапи. „Чувствуваше болка, а ние генерално се обидуваме да избегнуваме ризици со нашите играчи. Сепак, се надевам дека ќе биде на располагање за недела (против Турција)“, истакна легендарниот предводник на триколорите.

Италија и Франција играат во четврток во 20:45 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски повторно укажа на проблемот со „Старшилд“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека украинските единици веќе неколку дена забележуваат сериозни пречки во функционирањето на системот „Старшилд“ (Starshield) на територијата на Украина

Зеленски повторно укажа на проблемот со „Старшилд“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека украинските единици веќе неколку дена забележуваат сериозни пречки во функционирањето на системот „Старшилд“ (Starshield) на територијата на Украина – долж целата линија на фронтот, како и во привремено окупираните области.

Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека добил извештаи за состојбата од министерот за одбрана на Украина, Јевен Хмара, и од главнокомандувачкиот на вооружените сили на Украина, Михајло Драпати.

Според него, во системот „Старшилд“ систематски се применуваат ограничувања на брзината до 161 километар на час. Украинската војска утврдила дека не станува збор за случајни грешки, туку за намерни и повторувачки ограничувања.

Зеленски предупреди дека ова значително го отежнува пресретнувањето на руските беспилотни летала на млазен погон, бидејќи украинските системи за пресретнување не можат да ја постигнат потребната брзина за навремена реакција.

За жал, веќе имаше напади што успеаја да поминат, бидејќи нашите системи за пресретнување не можеа да ја постигнат потребната брзина и да реагираат навремено“, изјави Зеленски. „За жал, ова им помага на Русите да убијат повеќе Украинци и да извршат попрецизни напади врз Украина.

Заедно со американската страна се обидуваме да ги утврдиме сите околности“, заклучи претседателот на Украина.

„Starshield“ се користи во Украина за воени комуникации и за поврзување на единиците на терен, особено во областите каде што класичната комуникациска инфраструктура е оштетена или недостапна.

Сателитската врска им овозможува на украинските сили да пренесуваат податоци и да одржуваат комуникација долж линијата на фронтот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер