Жена го изрешетала рускиот генерал Алексеев во неговата зграда- ранет, се обидел да го разоружа напаѓачот (ВИДЕО) - Канал 5

Жена го изрешетала рускиот генерал Алексеев во неговата зграда- ранет, се обидел да го разоружа напаѓачот (ВИДЕО)

Рускиот генерал Владимир Алексеев (65), заменик-командант на руската воена разузнавачка служба ГРУ, беше тешко ранет утрово во Москва.

Жена го изрешетала рускиот генерал Алексеев во неговата зграда- ранет, се обидел да го разоружа напаѓачот (ВИДЕО)

Според весникот „Комерсант“, нападот се случил околу 7 часот наутро по локално време на скалите на станбена зграда на Волоколамскиот пат, каде што живее Алексеев.

Генералот бил застрелан повеќе пати од напаѓач - во раката, ногата и градите. Иако ранет, Алексеев се обидел да го разоружа напаѓачот, по што избувнала физичка пресметка во ходникот на зградата, пред лифтот.

Напаѓачот успеал да избега од местото на настанот и сè уште се бара. Официјалните соопштенија наведуваат дека пукањето го извршило „неидентификувано лице“, додека некои медиуми велат дека напаѓачот најверојатно е жена или лице кое се претставува како доставувач на храна, што ѝ овозможило да влезе во зградата.

Според „Комерсант“, властите имаат опис на напаѓачот, како и видео снимки и фотографии.

Алексеев бил итно префрлен во московска клиника, каде што е на интензивна нега. Лекарите велат дека тој изгубил голема количина крв и е во критична состојба, а еден од куршумите ги погодил виталните органи.

Според Радио Слободна Европа, Владимир Алексеев е еден од највисоко рангираните функционери во ГРУ, разузнавачката агенција на руското Министерство за одбрана позната по саботажи, атентати, шпионажа и операции за кибернапади.

Негов претпоставен е адмиралот Игор Костјуков, кој ја предводеше руската делегација на неодамнешните разговори со Украина и САД во Абу Даби.

Британските власти претходно го поврзаа Алексеев со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал со нервниот агент Новичок во Велика Британија во 2018 година, што доведе до смрт на Британка од случајно изложување на супстанцијата. Тој беше близок и со Евгениј Пригожин, основачот на платеничката група Вагнер, кој загина во авионска несреќа во август 2023 година. Министерството за финансии на САД му воведе санкции за кибернапади, вклучително и оние насочени кон американските политички партии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер