Жена енергија - Дамите во овој знак на зодијакот се неодоливи! - Канал 5

Жена енергија - Дамите во овој знак на зодијакот се неодоливи!

Секоја жена е различна и посебна, но дамите родени во знакот на Водолија се навистина поразлични во однос на другите. 

Жена енергија - Дамите во овој знак на зодијакот се неодоливи!

Тие се мистериозни, секогаш се во движење, интригантни и мудри. Нивната неисцрпна енергија особено доаѓа до израз кога треба да помогнат бидејќи во душата се големи хуманисти.

Жената Водолија е различна по изгледот, говорот и може да ја разберат само оние што се на нејзино ниво. Сите други ја гледаат збунето, но таа не мари за тоа бидејќи знае дека е пред своето време и дека останатите ќе дојдат таму каде што таа била некогаш.

Дамите родени во знакот Водолија избрале да дојдат на овој свет помеѓу 21. јануари и 18. февруари. Кога велам дека избрале, навистина верувам дека е така затоа што овие жени најчесто живеат како што избрале и по свои правила. Тие се пожртвувани мајки, кога ќе основаат семејство и ќе добијат деца, се откажуваат од сопствената слобода заради мир во домот. Но, штом децата ќе пораснат, тие се враќаат на суштината и постојано трагаат по нови повисоки сфери.

Овие жени најчесто потскокнуваат кога одат затоа што во нивната душа се вткаени музиката, танцот и уметноста. Тие се смеат гласно и искрено, па човек, доколку не ги познава, би помислил дека немаат грижи. Обично тоа е само трик, овие дами знаат својата тага вешто да ја прикријат со насмевката. Но, ни случајно не сожалувајте ја зашто Водолијата има енергија за тројца мажи и тешко кој може да ѝ се спротивстави.

Дамите родени во знакот Водолија честопати се контрадикторни самите на себе. Тие се и пеперутка и волк самотник, и бунтовник без причина, и луд научник на чекор од тотален хаос. Но, таа одлично се снаоѓа во тој хаос. Умее да биде тврдоглава и кога нешто ќе зацрта не постои сила што би ја спречила за да стигне до целта.

Најчесто е љубезна и мила, но не дај Боже да ѝ се спротивставите, таа страна од нејзината личност не сакате да ја запознаете. Тогаш се претвора во торнадо кое уништува сè пред себе. Тие знаат да бидат импулсивни, но со годините стекнуваат животна мудрост и учат да ја контролираат таа импулсивност.

Овие дами непоправливо веруваат во доброто на луѓето и колку и да се изгореле, сепак ќе подадат рака за поддршка и помирување, дури и кога знаат дека тој некој апсолутно не го заслужува тоа.

Жените Водолии се чиста енергија и се неодоливи, но ако се обидете да ги врзете и да ги задржите, ќе ги снема додека да трепнете. Затоа, наместо златен кафез, дајте ѝ привидна слобода и дозволете ѝ сама да одлучува за својот живот, и таа никогаш нема да ве напушти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани

Забраната за имигрантски визи за граѓани на 75 земји, меѓу кои и Македонија, воведена од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, денеска е поништена од федерална судијка како „спротивна на законот“, објави СНН.

Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани

Одлуката ја донесе судијката Џенет Варгас од федералниот окружен суд во Менхетен.

Таа оцени дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања со забраната, донесена со образложение дека ќе го спречи влезот на луѓе кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции. Судијката утврди дека американските службеници во пракса биле упатени да ги одбијат барањата за виза од апликантите, дури и од оние кои можеле да се издржуваат сами, единствено врз основа на нивната земја на потекло.

Во јануари, Стејт департментот го суспендираше издавањето имигрантски визи за земји каде што живее речиси 40% од светското население, а меѓу нив од регионот се најдоа и Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа.

Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран.

На целта на кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот.

Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици

Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат.

МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици

Секое од возилата во себе носи приказна, со едно се превезувале мигранти и било дел од филмска брканица, со друго се краделе дрва, некои се и поради безобѕирно возење, а за она што се случувало со дел од нив, најголем сведок и денеска остануваат дупките од куршуми.

Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат далеку од очите на службениците и граѓаните на кои им пречеа секојдневно.

-Ова возило кое било дел од огнена пресметка во ПС Арачиново било околу половина година, а во моментов ќе се транспортира во посебно место во Орман, кое што е дел од МВР

Кога екипата на Канал 5 пристигна во полициската станица во Арачиново, акцијата веќе беше во тек. Четири шлеп – возила на МВР ги товареа возилата едно по едно, извлекувајќи ги од обраснатата трева. Поголемиот дел од нив беа полни со оси, отежнувајќи им ја работата на службениците.

Најпоразителен беше изгледот на ПС во Автокоманда, кој со толку возила на поприлично широкиот двор, наликуваше на отпад за автомобили. Дел од нив, немајќи каде, беа паркирани и надвор од оградата – па оваа полициска станица, а граѓаните во околината конечно „продишија“.

-Полициската станица во Автокоманда повторно си го доби назад својот простор, ова место кое беше пренатрупано со автомобили и изгледаше како отпад за автомобили, веќе целото е испразнето, а автомобилите се однесени на друго посебно место..

Полициските станици и граѓаните, наместо ѓубришта, мора да добијат пристоен простор, порача министерот Панче Тошковски, кој најави чистка набргу во секоја станица во земјава.

-Полициските станици беа малтене ѓубришта. Грда слика беше она кое го имавме до вчера, сите станици беа пренатрупани со возила,сега се исчистени и функционални. Сметам дека една ваква акција требаше многу порано да биде направена, но за жал еден децениски проблем кој бил присутен во рамките на сите станици, го расчистивме Скопје првично, продолжуваме понатаму со останатите СВР, ќе бидат расчистени сите полициски станици кои ги имаме во Македонија со цел да имаме еден репрезентативен објект којшто ќе биде и те како пофункционален - Панче Тошковски: Министер за внатрешни работи

Возилата веќе месец и половина и секојдневно се отстрануваат од своите долгогодишни „паркинзи“. Од почетокот на јули, службите на МВР отстраниле 400тини возила и 150 мотоцикли.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер