Жена дошла во болница окована во синџири, на полицијата ѝ открила детали за ужасот - Канал 5

Жена дошла во болница окована во синџири, на полицијата ѝ открила детали за ужасот

Неименуваната 40-годишна жена успеала да се оттргне од претходно осуден педофил од Шпанија и се појавила во болница со модринки на лицето и синџири околу вратот.

Жена дошла во болница окована во синџири, на полицијата ѝ открила детали за ужасот

Лекарите од болницата „Свети Јаков“ останале во шок кога здогледале жена на која рацете и вратот ѝ биле врзани со синџири, објави Дејли Меил.

Имено, жената на полицијата ѝ рекла дека била во болница за да посети хоспитализиран пријател, а откако заминала, мажот ѝ понудил да ја повози до дома. По пат ѝ рекол дека мора да застанат кај неговата куќа за да ги земат потребните работи.

Ја повикал да влезе во неговата куќа, а откако ја затворил влезната врата, ја претепал до смрт, пишува Олив прес.

Исто така, жената изјавила дека се онесвестила од тепањето, а кога дошла на себе видела дека има синџири околу вратот и рацете. Напаѓачот се обидел да ја удави, а кога не успеал, почнал да ја навредува и тепа.

Жената успеала да побегне низ прозорецот кога оценила дека напаѓачот не гледа. За помош се обратила кај член на семејството кој веднаш ја однел во болница.

Осомничениот маж, претходно осуден педофил, по пријавата веднаш е уапсен, а моментално се наоѓа во притвор каде ќе го чека натамошна истрага за случајот.

Осомничениот и претходно бил осуден за киднапирање и малтретирање на деветгодишно девојче во Бургалеса, објавија локалните медиуми.

Марта Кос во посета на Белград

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, денеска доаѓа во Белград, каде што вечерва прво ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Марта Кос во посета на Белград

Марта Кос треба да се сретне со претставниците на парламентарната опозиција, а потоа и со претставниците на владата.

Таа неодамна изјави дека „внимателно ја следи ситуацијата во Србија, вклучително и блокадата на Радио и телевизија на Србија“ и ги повика сите да се воздржат од продлабочување на тензиите, и изрази загриженост дека е поднесена кривична пријава против ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ.

Сателитските услуги на Гренланд се прекинати по прекинот на електричната енергија во Шпанија

Оддалечените региони на Гренланд го загубија пристапот до клучните сателитски услуги, вклучувајќи интернет и телефонија, соопштија телекомуникациските компании на арктичкиот остров.

Сателитските услуги на Гренланд се прекинати по прекинот на електричната енергија во Шпанија

Операторите додадоа дека ќе истражат дали прекините се поврзани со прекинот на електричната енергија што зафати големи делови од Шпанија.

Гренландската телекомуникациска компанија „Тусас“ објави дека го изгубила контактот со сателитската опрема лоцирана во Шпанија, која обезбедува телефонски, интернет, телевизиски и радио услуги.

Оддалечените села во Гренланд се погодени, иако сè уште не е познато колку луѓе останале без нивните потребни врски.

Снабдувањето со електрична енергија на Пиринејскиот Полуостров е речиси целосно обновено по вчерашниот тежок прекин, кој речиси целосно ги парализираше Шпанија и Португалија. /МИА

Снабдувањето со електрична енергија на Пиринејскиот Полуостров е речиси целосно обновено

Снабдувањето со електрична енергија на Пиринејскиот Полуостров е речиси целосно обновено, објави ДПА. Шпанскиот мрежен оператор РЕЕ соопшти дека од 6 часот наутро, снабдувањето со електрична енергија во земјата е обновено на 99,16 проценти.

Снабдувањето со електрична енергија на Пиринејскиот Полуостров е речиси целосно обновено

Во соседна Португалија, електричната енергија е исто така вратена во повеќето домаќинства, објави португалската телевизија РТП, повикувајќи се на португалскиот мрежен оператор Е-Редес. Околу 95 проценти од 6,5 милиони потрошувачи во земјата повторно имаат електрична енергија.

Милиони луѓе во Шпанија и Португалија вчера останаа во мрак по прекините на електричната енергија - комуникациските мрежи беа прекинати, семафорите престанаа да работат, а лифтовите беа блокирани.

Големиот прекин на електроснабдувањето што го парализираше Пиринејскиот Полуостров вчера, бил предизвикан од ненадејна загуба на 15 гигавати електрична енергија во шпанската мрежа во рок од само пет секунди, што доведе до дефект во меѓусекторската врска меѓу електропреносните мрежи на Шпанија и Франција. Според операторот РЕЕ, европските енергетски мрежи не се проектирани да издржат вакви нагли загуби, што резултираше со колапс на електроснабдувањето во Шпанија и делови од Португалија. /МИА

притисни ентер