Жена била 27 минути клинички мртва, кога се разбудила напишала чудна порака (ФОТО)

Необичната приказна за Американката Тина Хајнс повторно е актуелна и поттикнува дискусии на мрежите за можно постоење на задгробен живот.

Таа доживеала срцев удар во февруари 2018 година, а секој обид на нејзиниот сопруг Брајан да ја реанимира бил неуспешен. И лекарите се обиделе да ја оживеат и пресметале дека била клинички мртва цели 27 минути.

Кога Тина конечно се разбудила, од присутните побарала пенкало и хартија, па напишала порака која ги шокирала сите, пренесува LadBible.

Зборовите „Тоа е реално“ ги напишала со едвај читлив ракопис, а кога ја прашале што мисли таа едноставно го подигнала погледот.

„Беше реално, боите беа толку живи“, изјавила Тина за локалните медиуми, истакнувајќи дека верува дека го видела Исус.

Експертите истакнуваат дека ваквите искуства не се ретки.

Според достапните студии, додека повеќето луѓе не паметат ништо (во периодот на клиничка смрт), околу 10-20 проценти имаат некаква визуелна или сензорна епизода.

Иако ваквите епизоди може да изгледаат мистични, просветителски, научниците веруваат дека тие се на дофат на (медицинско) објаснување за тоа што се случува за време на искуство со блиска смрт.

Дивата од модните писти слави 58 роденден: Се трудам да бидам добра

Познатата манекенка Синди Крафорд го прслави својот 58 роденден.

- Благодарна за уште еден сет роденденски свеќички - порача таа на Инстаграм.

Жената која упадна на модните писти во деведесеттите продолжува да плени со својата природна убавина. Длабоко во шестата деценија од животот без никаква пластика на себе, таа сè уште се колне во убавина.

Покрај редовните вежби, врвниот изглед го постигнува и со посебен режим на исхрана.

Избира здрава храна и признава дека се труди „80 проценти од времето да биде 80 отсто добра“.

Денот започнува со смути направено од кокосово млеко, третина од замрзната банана, шолја свеж спанаќ, 10 листови нане, една лажичка протеини и малку зрна какао. За ручек најчесто јаде салата со пилешко, а за вечера подготвува ќофтиња од мисирка со салата и зеленчук.

Извор: Аваз

Милитао би можел да се врати на фудбалските терени во март

Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Едер Милитао е блиску до враќање во тимот.

Како што пренесе „Relevo“ Бразилецот ќе има време да закрепне навреме за четвртфиналето на Лигата на шампионите доколку мадридскиот клуб стигне до оваа фаза.

Четвртфиналето во елитното фудбалско натпреварување ќе се одржи во средината на март.

Во август 2023 година, во 1. коло од Ла Лига против Атлетик (2:0), Милитао ги скина вкрстените лигаменти на коленото.

За тренерот на Реал Мадрид со евентуалното враќање на Милитао ќе биде големо олеснување пред завршниот дел од сезоната. /МИА

Паолини го освои трофејот во Дубаи

Италијанската тенисерка Јасмине Паолини е победничка на ВТА 1000 турнирот во Дубаи, ОАЕ.

Паолини во денешното финале беше поуспешна од Русинка Ана Калинскаја во три сета. Мечот траеше 2 часа и 16 минути и заврши со резултат 4:6, 7:5, 7:5 во корист на италијанската претставничка.

Дваесет и петгодишната Русинка двапати сервираше ас, направи четири двојни грешки и реализираше шест брејк топки од осум шанси. Паолини немаше ниту еден ас, направи една двојна грешка и седум брејк топки реализира од девет можности.

Паолини го освои својот втор ВТА трофеј во сингл. Пред тоа таа стана победничка и на три турнири во двојки.

Од друга страна, Калинскаја не успеа да ја освои својата прва ВТА титула во сингл. Сепак, за време на турнирот во Дубаи, Русинката победи три претставнички на Топ 10 – Ига Швјонтек (1), Елена Остапенко (9) и Коко Гоф (3). /МИА

притисни ентер