Жељко Обрадовиќ пие виски, додека Ханка Палдум му пее „на увце“ (ВИДЕО) - Канал 5

Жељко Обрадовиќ пие виски, додека Ханка Палдум му пее „на увце“ (ВИДЕО)

Жељко Обрадовиќ, тренер на Партизан и еден од најтрофејните кошаркарски тренери во историјата, беше избран за амбасадор на Младинските спортски игри во Сараево.

Жељко Обрадовиќ пие виски, додека Ханка Палдум му пее „на увце“ (ВИДЕО)

По церемонијата, на која присуствуваа голем број познати спортисти, тој отиде да се забавува во еден ресторан. Ханка Палдум, легендата на народната музика, ги забавуваше гостите.

Кога го виде Обрадовиќ, се приближи до неговата маса и додека тренерот пиеше виски, му го отпеа својот хит „Црне косе“ на уво, но со важна промена во рефренот. Имено, оваа песна од Ханка одамна е присвоена од навивачите на Партизан.

Така направи и Ханка овој пат, која го остави рефренот на Обрадовиќ и компанијата, на големо задоволство на популарниот Жоц, објави Индекс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

Бурни и стоечки овации за пијано триото „Вибрарт“  од публиката што вчеравечер го проследи нивниот концерт во рамки на традицоналната Шпанска вечер на „Охридско лето“.

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

Вечерта ја отвори амбасадорот на Кралството Шпанија во РС Македонија, Рафаел Сориано Ортиз кој нагласи дека главната цел на заедничката културна програма е да се изградат мостови кои ќе ги зближат двете земји уште повеќе.

-Оваа година имаме неколку работи за прославување. Во 2026 година се одбележуваат 40 години откако Шпанија се приклучи на Европската унија, проект што целосно ја трансформираше нашата земја и шпанското општество. Како што знаете, Шпанија цврсто ги поддржува европските аспирации на вашата земја. Во 2026 година исто така се одбележуваат 20 години од отворањето на нашата амбасада во Скопје, со обновена посветеност на зајакнување на нашите билатерални односи. Поради сите овие причини, ми е драго што државниот секретар за ЕУ, господинот Сампедро, ни се придружи вечерва, рече амбасадорот Рафаел Сориано Ортиз, упатувајќи посебна благодарност до директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, за како што кажа, одличната културна соработка што ја одржува со шпанската амбасада.

Тројцата исклучителни музичари, пијанистот Хуан Перез Флористан, виолончелистот Фернандо Ариас Фернандез и виолинистот Мигуел Колом Куеста со искрен и автентичен пристап му се посветија на репертоарот и оставија силен уметнички печат врз публиката која час и половина колку што траеше концертот , уживаше во секоја отсвирена нота.

-Ова ни е првпат не само на фестивалот, туку и во Македонија. Никогаш не сме биле во овој регион и се заљубивме во Охрид, навистина е преубав. Навистина е неверојатна црквата, еден од најубавите православни храмови. Акустиката помага особено на трио како нас да го дадеме најдоброто на концертот. Сакавме да одбереме голем репертоар како , големото клавирско трио на Бетовен во де-дур, клавирското трио бр.1 во де-мол од Менделсон и помалку познатото и ретко изведувано дело „Ноктурно“ оп. 148 на Шуберт кое е недовршено и стои како кратко дело. За бис отсвиривме дело на големиот шпански композитор и пијанист од првата половина на 20.век Мануел де Фаља. Годинава се одбележуваат 150 години од неговото раѓање и затоа направивме аранжман по тој повод, истакнаа харизматичните и виртуозни шпански музичари од триото „Вибрарт“.

Освен во овој состав, членовите на триото „Вибрарт“ градат и индивидуална уметничка кариера. Образувани на Високата школа за музика „Кралица Софија“ во Мадрид и во Берлин, тие ја комбинираат нивната кариера со педагошка активност и со оркестарски проекти.

Шпанската вечер на 66. „Охридско лето“ заедно со македонската претседателка, Гордана Сиљановска- Давкова, која е и покровител на фестивалот, ја проследи и државниот секретар за Европска унија во Министерството за надворешни работи на Шпанија, Фернандо Мариано Сампедро Маркос, соопштуваат организаторите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та

„Траеше кратко, но се чинеше како вечност“, се потсетуваат скопјани на катастрофалниот земјотрес од пред 63 години.

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та

Над илјада и загинати, над три илјади повредени, плач, паника, трагање по најблиските, рушевини и прашина – е сликата на главниот град од 26-јули, 63-тата...

Скопјани се потсетуваат за загубата на своите блиски и на скопските улици на кои владеел вистински хаос, за подоцна, да бидат однесени во привремени сместувања низ државата. Многу подоцна се преселиле во новите населби, подарок од стотиците земји кои во првите моменти по трагедијата масовно пристигнаа во Скопје и го претворија во Град на солидарноста.

За прв пат рамо до рамо среде Стидената војна работеа американски и советсаки војници, за прв пат си подадоа рака работниците и хуманитарците од сите европски земји, па дури и Мексико, Канада, Јапонија...

Градот убав повторно никна, благодарение на човечноста и солидарноста од целито свет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло време со температура до 35 степени

Денеска во Македонија ќе времето ќе биде претежно сончево, со мала до умерена локална облачност, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сончево и топло време со температура до 35 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува и ќе биде од западен правец, додека долж Повардарието ќе дува ветер од југоисток.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а максималните дневни се очекува да достигнат од 28 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до околу 12 степени, додека преку ден ќе достигне до 32 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер