Жељко Митровиќ: Би го дал животот да ја вратам девојката која син ми ја прегази - Канал 5

Жељко Митровиќ: Би го дал животот да ја вратам девојката која син ми ја прегази

Газдата на Пинк излезе со изјава за длабоко сочувство за смртта на младата 17 годишна девојка која синоќа ја прегази неговиот 20 годишен син Александар.

Жељко Митровиќ: Би го дал животот да ја вратам девојката која син ми ја прегази
Во изјава за Телеграф Жељко Митровиќ вели: Оваа трагедија е од немерливи размери и не знам како да ја изразам сета болка поради смртта на несреќната девојка која ја усмрти со автомобил мојот син Александар. Би го дал животот да можам да го вратам времето и да ја спречам трагедијата која однесе еден млад живот. Не постои начин да ја изразам болката и сочувството во болката на семејството на девојката - вели Жељко Митровиќ во изјавата дадена откако го пријави својот син за убиство.

- Би го дал својот живот за нејзиниот, би сторил се на светот, би се откажал од се што имам да можам да ја сменам злата судбина која сите не погоди - вели Жељко Митровиќ.

Тој за синот Александар вели: Александар секогаш бил најсветлата точка во моето семејство, предобро суштество, никогаш не пиел алкохол и не пушел, вреден студент, скромна личност. Живееше во Лондон каде сакав да го тргнам од се, да не влезе во некое лошо друштво тука, да не влезе во некој проблем. Дојде на еден месец на распуст и ова се случи - раскажува скоро низ солзи Жељко Митровиќ.

Тој вели дека по несреќата неговиот син добил напад на паника. Сакал да се врати но бил во шок и не знаел ни да вози.

- Не сакам да го правдам, но штом ми се јави рече дека ќе се убие, дека сака да оди во полиција но не знае каде е, и како да оди таму. Отидов веднаш по него и го однесов во полициска станица - вели Жељко.

Полициската истрага треба да утврди со која брзина возел Александар вчера вечерта, дали се точни изјавите на сведоците дека во моментот на несреќата било запалено црвеното светло за пешаци, и другите околности за трагедијата во која загина 17 годишна девојка./ извор: vesti-online.com

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Млади брачни парови до 35 години ќе купуваат станови за најмалку 20% пониска цена

Млади брачни парови до 35 години ќе купуваат станови за најмалку 20% пониска цена, а студентите добиваат картичка со 20 проценти попуст преку М-услуги.

ВМРО-ДПМНЕ: Млади брачни парови до 35 години ќе купуваат станови за најмалку 20% пониска цена

ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки за младите продолжува активно да работи на подобро утре за секој млад човек.

ВМРО-ДПМНЕ веќе ги најави трите клучни мерки кои адресираат егзистенција и домување на младите. Тоа се конкретни проекти, подготвени да се преточат во законски решенија, со однапред јасен начин на спроведување.

Првата мерка се однесува на младите брачни парови до 35 години и предвидува најмалку 20% попуст на пазарната цена за станбен простор. За нејзино спроведување ќе се донесе закон според кој секоја градежна компанија, за да добие дозвола за градба, ќе мора да издвои најмалку 10% од станбената површина за брачни парови до 35 години, по цена најмалку 20% пониска од пазарната.

Втората мерка исто така е наменета за млади до 35 години, но за оние што сакаат да градат свој дом. Секој млад брачен пар што ќе се одлучи на градба нема да плаќа комуналии на општината. И за оваа мерка исто така е предвидено законско решение.

Третата мерка е за студентите. Секој студент ќе добие студентска картичка со низа поволности и 20% пониски цени за сите услуги што ќе ги користи преку апликацијата М-услуги. За да се спроведе истата ќе соработуваат сите надлежни институции, со цел студентите да добијат не само усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата, туку поволности и за други услуги.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за на младите да им овозможи квалитетно образование, услови за професионална кариера, шанси за сопствен бизнис, создавање семејство и достоинствен живот во земјава.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Истрага за Алта банка мора да има и да се прошири со Алта осигурување

За влезот на Алта бака, пералницата на пари на Вучиќ во Македонија мора да има истрага и одговорност.

СДСМ: Истрага за Алта банка мора да има и да се прошири со Алта осигурување

Откако Мицкоски и Славески ѝ ја отворија вратата на Алта банка во македонскиот банкарски сектор, на Давор Мацура му дозволија да влезе и во осигурувањето, преку преземањето на ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра.

Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло?

Агенцијата за супервизија на осигурувањето треба да одговори дали проверила можен судир на интереси, кој учествувал во одлучувањето и дали кон Алта осигурување ги применила истите критериуми како кон другите осигурителни друштва.

До СДСМ стигнаа информации од свиркачи дека барањето за преземање на осигурителното друштво било обработено за само два и пол дена. Ако е така, кои проверки се направени за два и пол дена, кој ги направил и врз основа на кои документи е дадена согласноста?

Свиркачите наведуваат и дека во трансакцијата наводно посредувала брокерска куќа во сопственост на братот на Дракуловска, претседателката на Советот на експерти на АСО.

Дали е ова така?

СДСМ бара Народната банка, Комисијата за хартии од вредност и АСО да ја објават целата документација за двете преземања, со хронологијата на одлучувањето, датумите, мислењата, согласностите и имињата на лицата што учествувале во носењето на одлуките.

СДСМ бара истрага од првиот ден. Мицкоски и ВМРО-ОКГ зборуваат за спас преку продажба на банката. Сакаат да се спасат себе си.

За ВМРО-ОКГ и Мицкоски, единствениот спас е преземањето на банката за да не се отворат сметките и да не се проверат трансакциите.

Обвинителот Савески да престане да чека и да постапи по закон, независно.

Скопје, 24.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина митрополитот Бачки Иринеј Буловиќ

Бачкиот митрополит Иринеј Буловиќ почина по тешки здравствени компликации, дознаваат „Новости“. 

Почина митрополитот Бачки Иринеј Буловиќ

Овој долгогодишен архиереј на Српската православна црква се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица.

Во изминатите неколку дена, тој беше во многу тешка здравствена состојба и се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица, пренесуваат „Новости“.

Митрополитот Иринеј беше во индуцирана кома по сериозни здравствени компликации што настанаа по операцијата, а беше и приклучен на апарат за вештачко дишење.

Српската православна црква претходно ги повика верниците да се молат за негово оздравување.

„Ве повикуваме да упатите усрдни молитви кон Господ и кон Богородица за оздравување на бачкиот митрополит, г. Иринеј“, се наведува во соопштението на СПЦ на социјалните мрежи.

Архиерејот Иринеј, епископ новосадски и митрополит бачки, беше на чело на Бачката епархија од 1990 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер