БалканЖелезничката станица во Нови Сад ќе биде урната, реконструирана или делумно користенаЖелезничката станица во Нови Сад, ќе биде подложена на анализа на статиката. Министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Александра Софронијевиќ, изјави денеска дека железничката станица во Нови Сад, од која се урна бетонска настрешница на 1 ноември 2024 година, при што загинаа 16 лица, ќе биде подложена на анализа на статиката. Врз основа на резултатите од тоа ќе биде одлучено дали зградата ќе биде урната, реконструирана или делумно ќе се користи - само во деловите што се целосно безбедни. „Имаше барање од Вишиот суд во Нови Сад за проширување или дополнување на обвинението и дека изменетата истражна постапка се уште е во тек. Паралелно со тоа, имаме забрана за влез во зградата на станицата и дадена е наредба да се испита целокупната статика на зградата на станицата во Нови Сад“, изјави Софронијевиќ за српски медиуми. Таа рече дека се уште не е можно физички да се тестира статиката на зградата поради забраната за влез во зградата на станицата. Засега, според неа - додека не се решат сите проблеми, зградата на станицата останува во статус кво без можност за влегување и проверка на целосната статика на постојната зграда. „Решенија ќе се бараат кога ќе добиеме официјален извештај за тоа што можеме да направиме со таа зграда. Дали е за уривање, дали е за реконструкција...Се разгледуваат и некои други решенија, имено делот што е целосно безбеден, а тоа е делот од платформата со премин под коридорот, може да се користи како станица кога две земји (Србија и Унгарија) ќе се договорат за пуштање на (брзата пруга) во патнички сообраќај во одреден период“, рече Софронијевиќ. На прашањето кога ќе биде отворена брзата пруга од Нови Сад до Суботица, таа рече дека железницата ќе биде отворена кога ќе заврши инспекцијата на сите станици или само пругата без сите станици, што може да се случи веќе во следниот месец или месеци и пол. Таа истакна дека отворањето на железницата ќе зависи и од координацијата со Унгарија, која ја завршува нејзината делница. Тагови: Железничката станица Нови Сад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес сончево со мала до умерена облачностВремето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени. Следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минутиСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта. На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15:00 – 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот. Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока. РАБОТИ НА ПАТ: Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. АМСМТагови: Табановце Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 17. август 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 17. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Постои можност за подобра соработка меѓу вас и другата страна , но треба да бидете поотворени. Кариера Ќе поработите на сопствената независност во работењето , а тоа ќе ве доведе до откритието дека можете подобро и повеќе. Здравје и совет Повеќе живејте во сегашноста. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои целосно ќе му се препуштат на светот на фантазијата , за да се оттргнат од љубовната реалност. Сепак , нека не претеруваат. Кариера Други ќе ви излегуваат во пресрет и ќе бидат љубезни кон вас , но длабоко во душата ќе почувствубате дека не се искрени. Здравје и совет Држете се до фактите . Вага 24.9.-23.10 Љубов Особено е значајна емотивноста со која зрачите. Саканата личност ќе ве прифати , ќе ве теши и ќе понежна кон вас. Кариера Оние кои се занимаваат со креативна или уметничка работа , денеска ќе имаат посебна инспирација. Здравје и совет Чивајте се од провев. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се прашувате колку дена се потебни за другите да ве разберат во целост.Потрудете се појасно да се изразувате , па се ќе дојде на свое место. Кариера Вашата фантазија и креативноста ќе дојдат денеска до израз без оглед што и да работите. Тоа ќе биде долгорочно дело. Здравје и совет Одморете си ги нозете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на додоворување ќе и биде симпатичен на другата страна, но во исто време таа ќе биде доста чувствителна и нема да ви ги открие сите детали. Кариера Ќе бидете во ситуација некој да ви каже да си ја гледате работата или спонтано истото ќе си го кажете самите на себе. Здравје и совет Посветете му се на вашето хоби. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е искушение да се согласите на некои отстапки кон саканата личност , кои не ви се допаѓаат.Најдете компромис. Кариера Во соработката со млади колеги и натаму постои нејаснотии , што треба да се расчистат , но чекате да стигнат сите информации. Здравје и совет Прифатете ги другите какви што се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Меѓу работата и љубовта ќе ги изберете и двете. Денеска е таков денот , па ќе успеете да ги споите. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место. Кариера Некој од колегите би можел да ви ги каже своите грижи или тајни. Ќе бидете слушател за пофалба. Здравје и совет Радувајте се . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои забава или дружење со доста пиење и слично. Внимавајте да не побарате утеха во пиењето поради љубовната суша. Кариера На работа се ќе се одвива површно без позначајни достигнувања. Денот ќе ви прелета и ќе се прашувате што е сработено. Здравје и совет Будете поумерени. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе настојувате во односот со саканата личност да внесете повеќе лежерност и сништа. Сепак , не зборувајте многу , туку делувајте. Кариера Сигурно е дека ништо не е сигурно. Би можеле малку да се изнервирате , зашто работите не се дефинирани. Здравје и совет Однесувајте се природно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во љубовните работи ќе бидете нереални. Ќе гледате нешто што во реалноста не постои. Затоа држете се до реалноста. Кариера Ќе ви се чини како обрачот околу вас да се стега и притисоците ќе ги забележувате.Ќе избегате во својот свет на сништата. Здравје и совет Соочете се со светот на реалноста, тоа е здраво. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Некои би можеле да се заљубат и навистина да уживаат во денешниот ден. Оние кои се во врска , ќе бидат многу среќни. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично и разгледувајте ги полека. Здравје и совет Ќе ви се спие. Рак 22.6-22.7. Љубов Фантазијата ќе ве води низ областа на срцето , па нема да бидете целосно реални. Ќе почнете да се отуѓувате со саканата личност. Кариера Уште очекувате да добиете еден одговор , што би можел да ви ја отвори вратата за соработка кон странство. Здравје и совет Поработете на флексибилноста на телото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06