Желбата за бебе му го уништила бракот – сопругата имала афера со донатор на сперма! - Канал 5

Желбата за бебе му го уништила бракот – сопругата имала афера со донатор на сперма!

Човек кој се подвргнал на васектомија(стерилизација) пред дај ја запознае својата сопруга откри поразителни последици на својата желба за потомство. Во обид да добие дете, сопругата пронашла донатор на сперма и со него започнала афера.

Желбата за бебе му го уништила бракот – сопругата имала афера со донатор на сперма!
Во емисијата „This Morning“, тој ја раскажал својата приказна, но под лажни имиња, така што тој се претставил како Питер, а својата сопруга ја нарекол Ребека.

Кога бил на возраст од околу 60 години, Питер, во 2004 година, ја запознал многу помладата Ребека. Тој зад себе веќе имал еден брак и возрасен син. По разводот решил дека веќе не сака деца и се подвргнал на васектомија. Ребека знаела за тоа кога се запознале и тоа, тогаш, не и претставувало проблем. Но, кога во 2008 година се венчале, Ребека посакала да биде мајка.

- Нејзиниот биолошки часовник отчукуваше и работите се сменија. Се сакавме и имавме стабилна врска. Природно беше да се размислува за наредниот чекор. Многу е тешко кога на жената која ја сакате не можете да и го обезбедите единственото нешто што таа го посакува – раскажал Питер во емисијата.

Се договориле да пронајдат донатор на сперма.

- Ребека сакаше донаторот да биде моја помлада верзија. Не знаев дека таа веќе го бара. Кога го најде, ми кажа. Се договоривме да се запознаат една недела пред интервенцијата. Беше закажано вештачко оплодување бидејќи не доаѓаше во предвид да имаат секс – рекол Питер.

Донаторот не му се допаднал на Питер.

- Не ми се допадна неговото однесување и тоа што не остави да го чекаме на договореното место – додал тој.

Вештачкото оплодување, сепак, било извршено. Но, само еднаш, а потоа двајцата продолжиле со вистински секс. Питер, по извесно време, се посомневал дека нешто се случува, а набрзо тоа и му се потврдило.

- Кога и ги соопштив своите сомнежи, таа едноставно ми призна – рекол Питер.

Кога Ребека забременила со „донаторот“, Питер ја натерал да абортира заканувајќи се дека, во спротивно, ќе ја напушти.

- Абортираше и сега многу ми е криво поради тоа. Но, тогаш не без при здрав ум – признал Питер.

По абортусот, нивниот однос се влошил. Ребека продолжила да се гледа со „донаторот“ и наскоро посакала да се разведе од Питер и да започне нов живот.

- бев шокиран, но не и изненаден кога таа ми кажа дека повторно е бремена и дека сака да живее со „донаторот“ – додал Питер.

Но, откако Питер и Ребека се развеле, „донаторот“ веќе не бил заинтересиран да го одгледува детето со Ребека како што таа се надевала. Изјавил дека не е одговорен за сето тоа, дека бил само донатор и негирал дека имал сексуална врска со Ребека.

Случајот завршил на суд, каде се било разјаснето и по што „донаторот“ станал легален родител на детето на Ребека. /Извор: Daily Mail/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер