Жбогар: Европските лидери да се воздржат од ветувања

Испорачавте се што беше побарано од вас, го исполнивте вашиот дел. Но во Европската унија одлуките за овие прашања се носат едногласно, а за жал ние повторно го одложивме ова прашање. 

Го разбираме разочарувањето на граѓаните и на политичарите од одлуката на европскиот совет во Брисел, но остануваме посветени на Македонија и на регионот, вели во интервју за МИА евроамбасадорот Жбогар.

Toj апелира до европските партнери да се воздржат од ветувања и да се концентрираат на процесот на внатрешни реформи на Унијата и во делот на носење одлуки и во делот на проширувањето. Жбогар вели деka Унијата останува посветена на евроинтерациите на земјава а регионот на западен Балкан останува стратешки приоритет. Во однос на можноста за засилување на руското и кинеското политичко и економско влијание по француското,,не“ Жбогар вели не биле против земјите да имаат добри односи со Русија како и економски односи со Кина. Тоа е до самите земји да проценат какви придобивки добиваат од тоа вели евродипломатот во интервју за МИА.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер