Стојаноски: Се што ќе договори опозицијата за Изборниот законик ќе прифатиме, се додека дијаспората ќе може да гласа
2Стојаноски: Се што ќе договори опозицијата за Изборниот законик ќе прифатиме, се додека дијаспората ќе може да гласа
3Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери
3Клековски: „Клексан“ со уште два лека против згрутчување на крвта може да го земате со рецепт од аптека
КошаркаЖалгирис и Ефес играат пред полни трибини (ВИДЕО)Полна е вечерва спортската сала во Литванија.Во моментов, во светот постои многу чудна ситуација поврзана со коронавирусот, Евролигата е во голем проблем со откажувањето на натпреварите и Зенит веќе има 2 порази со официјален резултат. Иронично или не, Жалгирис го одигра својот натпревар со Анадолу Ефес пред полни трибини, поточно, во салата во моментов има 5,011 навивачи. Литванските медиуми споделија видео од тој натпревар, што можете да го видите подолу: 5011 fans today in Zalgirio arena watching the game vs Anadolu Efes pic.twitter.com/ywYgkz2ddU — Donatas Urbonas (@Urbodo) October 15, 2020 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКостадиновска-Стојчевска: Со ребалансот власта крати од инвестициите во културатаРебалансот на Буџетот уште еднаш покажа дека културата не е приоритет за оваа власт.Наместо инвестиции во културното наследство, македонскиот јазик и капиталните културни проекти, се крати токму таму каде што државата има обврска да заштитува и да вложува, обвини пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска на седницата на Комисијата за буџет. Таа посочи дека зад бројките во ребалансот се крие јасна политика на запоставување на културата, но и сериозен проблем со транспарентноста во трошењето на јавните средства. „Овој ребаланс покажува дека она што не му било приоритет на министерот повторно останува загрозено. Културното наследство, македонскиот јазик и важните културни проекти повторно се оставени без вистинска поддршка“, рече Костадиновска-Стојчевска. Пратеничката Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека владејачкото мнозинство го одби предлогот на СДСМ за формирање фонд за културно наследство финансиран од средствата од игрите на среќа. „Културното наследство и неговата заштита се оставени без вистинска грижа. И со овој ребаланс повторно не се обезбедуваат средства за она што треба да биде наша трајна обврска“, рече Костадиновска-Стојчевска Во однос на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, Костадиновска-Стојчевска, посочи дека наместо кадровско зајакнување и функционален инспекторат, средствата не се насочуваат кон неговото реално работење. „Наместо нови вработувања, експерти и инспектори кои ќе овозможат инспекторатот да функционира, слушнавме дека средствата ќе се трошат за канцелариска опрема. Македонскиот јазик заслужува институција која функционира, а не институција без капацитет“, рече Костадиновска-Стојчевска. Таа додаде дека Министерството за култура и туризам работи нетранспарентно, посочувајќи дека веќе две години не се објавуваат резултатите од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес. „Две години по ред Министерството не ја исполнува својата обврска да ги објави резултатите од конкурсите. Јавноста не знае кој добил средства, колку средства добил, за кои проекти и според кои критериуми. Тоа е основата на отчетноста и транспарентноста во трошењето на парите на граѓаните“, рече Костадиновска-Стојчевска. Ова како што кажа создава сомнеж и ја враќа државата во период кога граѓаните немаа увид како се распределуваат средствата за култура. „Не е во ред повторно да се вратиме во време кога ништо не се објавуваше и кога јавноста не можеше да види кој ги троши парите и кои проекти се финансираат. Кога станува збор за пари на граѓаните, отчетноста не е избор, туку обврска. Културата, јазикот и културното наследство не смеат да бидат последна ставка во буџетот. Потребна е политика која ќе ги штити и развива, а не политика која ќе ги запоставува“, порача пратеничката од СДСМ, Костадиновска Стојчевска. Со ребаланост се намалуват парите и за реконструкцијата на Музејот на Република Северна Македонија, иако таму се чуваат исклучително значајни артефакти и вратени украдени икони, а потсети и на намалувањето и неизвесноста околу финансирањето на филмските проекти. „Од предвидените средства за реконструкција на Музејот на Република Северна Македонија повторно има кратење. Тоа значи дека се одложува можноста јавноста да ги види вредните артефакти и иконите кои се вратени во државата. Исто така и кратењето на средствата во Агенцијата за филм директно ги загрозува проектите кои се повеќегодишни и кои веќе имаат преземени обврски. Културата не смее да биде поле каде што прво се ветува, а потоа се кратат средства“, посочи Костадиновска-Стојчевска. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојаноски: Се што ќе договори опозицијата за Изборниот законик ќе прифатиме, се додека дијаспората ќе може да гласаДенеска одржавме уште една средба на работната група за Изборниот законик, на којшто по наша иницијатива сакавме да го искористиме моментот да ги прашаме другите партии коишто се соучесници на тој кворум.Денеска одржавме уште една средба на работната група за Изборниот законик, на којшто по наша иницијатива сакавме да го искористиме моментот да ги прашаме другите партии коишто се соучесници на тој кворум, дали има одредено унапредување во однос на ставовите од претходниот пат. Нашиот став беше да дадеме можност во законот и да отвориме простор за дијаспората да се изјаснува на модел којшто е различен од овој сега. Знаете дека нашиот предлог беше прво електронско гласање, потоа заради одредените различни ставови со опозицијата го променивме во поштенско гласање и укажавме дека гласањето треба да се регулира со поздаконски акт којшто ќе биде донесен на Државната изборна комисија, до крајот на 30.09.2028 година. Од политичките партии коишто се дел од опозицијата бевме информирани дека нема промена на ставовите, со што ние како коалиција, заедно со Влен и со ЗНАМ понудивме еден друг модел, којшто сметаме дека треба да биде прифатен, бидејќи нашата цел е дијаспората да може да се изјасни на помасовен начин од тоа што може сега. И ние понудивме вака, да седнат политичките партии коишто се дел од опозицијата, тоа се ДУИ, СДС, Левица, како и некои други помали политички партии. И меѓусебе да се договорат за сите различности коишто ги имаат, отприлика 4 клучни работи, бидејќи гледаме дека платформите им се исти, но се разликуваат во деталите. Да седнат да се договорат за една изборна единица, да седнат да се договорат за модел на финансирање, да седнат да се договорат за поплаките и начинот на којшто тие би биле прифатливи и да седнат и меѓусебе да се договорат дури и за моделот за изјаснување на дијаспората. Сето тоа коешто овие опозициски партии кое ќе го понудат до нас преку еден пречистен текст на закон, ние тоа ќе го прифатиме. Повторувам, сето тоа коешто ќе го доворат, Левица, СДС, ДУИ и другите опозициски партии, од аспект на финансирање, од аспект на изјаснување на дијаспората, од аспект на поплаките и од аспект на една изброна единица и сите детали коишто се инкорпорирани ние тоа ќе го прифатиме се додека биде прифатен нашиот став, а тоа е дијаспората да може да го испочитува уставно-загарантираното право и да може да гласа и да се изјаснува на избори. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПовторно вклучени алармите: Оваа европска земја „гори“ Француската метеоролошка служба соопшти дека 61 департман во Франција денес се под портокалово ниво на предупредување и дека се очекува топлотниот бран да трае до крајот на оваа недела.„Метео Франс“ најави температури меѓу 35 и 38 степени низ целата земја, додека на југозападот на Франција тие би можеле да достигнат 41 степен, пренесува BFMTV. Пожарот во департманот Источни Пиринеи, кој зафати површина од 4.900 хектари, сè уште не е локализиран, соопшти префектот на департманот, Пјер Рењо де ла Мот. „Опфатот на пожарот изнесува 40 километри. Пожарникарите ја продолжија жестоката борба со огнот во текот на ноќта“, рече тој. Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез потврди дека пожарот не е локализиран, но додаде дека сепак е „стабилизиран на неколку места“. Околу 800 пожарникари се сè уште ангажирани во гаснењето на пожарот, а се очекува и дополнителна помош од воздухопловните сили.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter