Згуридис: Или ратификација со 180 пратеници или народот да одлучи

 Нашата позиција е јасна и опфаќа две работи или 180 пратеници или народот, вели потпретседателот на Независни Грци, Панајотис Згуридис, во однос на ратификацијата во грчкиот Парламент на Договорот од Преспа.

Во интервју за грчкото радио „Реал фм“ тој ја повторува позицијата на коалицискиот партнер во грчката Влада дека решението меѓу Македонија и Грција треба да биде изгласано со зголемено мнозинство (180, наместо 151 пратеник), а во спротивно, тие ќе се повлечат од владата. Згуридис ги демантира и информациите дека Договорот би добил глас и од некои од пратениците од Независни Грци.

- Нема да има пратеници од Независни Грци кои ќе гласаат за Договорот, вели Згуридис.

Прашан во однос на информациите дека имало, од руски фактори, обид за поткуп за учество во протестите во северна Грција, Згуридис вели дека „не треба некој да потплати за Независни Грци да ја задржат позицијата што ја имаат од самиот почеток“, јави дописничката на МИА од Атина.

- И јас лично учествував во големите протести, и на првиот во Солун и на првиот во Атина, но ова беше поради позицијата и ставот на Независни Грци, уште од основачкиот конгрес дека не треба на нашата северна граница да има држава што ќе го има содржи зборот Македонија во нејзиното сложено име, објаснува потпретседателот на Независни Грци во интервјуто за грчкото радио./МИА.

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски ги пофали квалитетите на Килијан Мбапе.

- Ако го споредите Килијан со други играчи, разбирате дека тој зборува различен јазик. Јасно им дава до знаење на младите играчи дека фудбалот не е единственото нешто што е важно. Тој е и пример за личност, покажувајќи дека не е важно само фудбалскиот терен, туку и она што е во вашата глава. Многу паметен човек кој има многу јасна идеја за тоа што сака да прави и како сака да го прави тоа. Патот по кој оди е јасен. Тој е паметен не само како играч, туку и како личност. Го почувствував тоа кога првпат го видов пред неколку години. Ми остави впечаток. Можете да зборувате за многу нешта со Килијан, изјави полскиот фудбалски ветеран.

Мбапе е член за Пари Сен-Жермен, капитен на француската фудбалска репрезентација и важи за еден од најдобрите фудбалери на светот.

По крајот на сезоната извесно е дека Мбапе ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Последна претседателска дебата – вечерва по централните вести на Канал 5

Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.

Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18.30, а самата дебата е поделена на два дела.

Практично на само некоколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните.

притисни ентер