Зградата на Европскиот Парламент во Брисел им се отстапува на бездомниците

Европскиот парламент, откако го подари седиштето во Стразбур, , им ја препушта и зградата во Брисел на локалните власти за да ги смести во неа бездомниците и да подготвува оброци за здравствените работници и оние кои се погодени од кризата.

Претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли денеска објави дека дел од седиштето во Брисел ќе го остави на располагање на белгискиот главен град и на регионалните власти за сместување на бездомниците и најранливите, и дека повеќе од илјада оброци ќе бидат подготвенувани секојдневно од кујните во парламентот , меѓу кои и за здравствените работници.

"Сакаме да бидеме блиски до оние кои страдаат, кои работат неуморно во болниците. Сакаме да бидеме близу до градот и граѓаните на Брисел, како и Стразбур и Луксембург, затоа што тие се нашите домаќини на кои денес им треба нашата помош. Силата на Европа лежи во нејзината можност да дејствува солидарно", рече Сасоли во видео-пораката објавена на веб-страницата на Европскиот парламент.

Сасоли вчера објави дека седиштето на Европскиот парламент во Стразбур, Франција, привремено стана центар за тестирање на коронавирус и го стави возниот парк на парламентот достапен за превоз на медицинскиот персонал.

Се очекува парламентот да одржи седници преку интернет и во помал обем во својот втор дом во Брисел од септември.

Ангеловска-Бежоска на средба со директорот на ММФ Камер

 Претпазливата монетарна политика и макропрудентата политика, како и зголемената транспарентност на Народната банка одиграа клучна улога во одржувањето на макроекономската стабилност. 

Во првиот квартал од оваа година, инфлацијата беше сведена на едноцифрено ниво од 3,4 проценти, девизните резерви и натаму се зголемуваат достигнувајќи ниво коешто е повисоко за 30 проценти во однос на периодот пред пандемијата, а финансиската стабилност беше дополнително зајакната.

Ова, како што информираа денеска од Народната банка, било посочено на средбата меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Европа, Алфред Камер, на маргините на Конференцијата од високо ниво во организација на централната банка на Словенија и ММФ, што се одржува во Порторож, Словенија.

Камер истакнал дека претпазливите политики на Народната банка биле клучни за соодветно надминување на кризниот период и важно е да се продолжи на тој начин. Ова ја нагласува важноста од зачувување на независноста на централната банка.

Гувернерката посочила дека, во период од една година, инфлацијата петкратно се намалила и се свела на пониски едноцифрени стапки, додека јазот меѓу домашната и инфлацијата во еврозоната значително се намалил.

- Истовремено, и покрај затегнувањето на монетарната политика, стабилноста на домашниот банкарски сектор беше зачувана, а истовремено беше зголемена отпорноста со преземањето на макропрудентните мерки од страна на централната банка. Во изминатите неколку кризни години, показателите покажуваат дека адекватноста на капиталот е на највисоко ниво во изминатите 17 години, додека нефункционалните кредити се блиску до историски најниското ниво. Кредитната активност, иако во еден период забави, и натаму претставува значителна поддршка за домаќинствата и за корпоративниот сектор, рекла гувернерката.

Ангеловска-Бежоска изразила благодарност до Камер за значајната поддршка што ММФ и ја дава на Народната банка во справување со неодамнешните незапаметени шокови.

Рејнолдс сам се грижел за своите четири деца еден ден: „Никој не умре, што е убаво“

Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс откри дека еден ден се грижел за своите четири деца, кои ги има во брак со убавата Блејк Лајвли.

Водителката на „Today Show“ го прашала мегапопуларниуот актер како изгледало тоа.

- И знаеш. Самохран татко. Сè направив сам. Сите ги однесов во парк. Им кажав дека мајка им ги напуштила кога биле многу мали. Беше добро. Никој не умре, што е исто така убаво. Со четири деца едноставно преживуваш – се пошегува тој.

Инаку, Рејнолдс и Лајвли се во брак 11 години, а познати се по тоа што често се задеваат на социјалните мрежи.

Османи во Стразбур: Мултилатерализмот останува единствен ефикасен одговор кон предизвиците

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи се обрати на 133. сесија на Комитетот на министри на Совет на Европа во Стразбур, при што ја подвлече улогата на мултилатерализмот при справување со тековните многубројни предизвици.

-Покрај сите свои пропусти, мултилатерализмот останува единствениот начин да се мобилизира колективен одговор кон војни, кризи, вонредни ситуации и неспоредливи предизвици од различна природа. Советот на Европа останува суштински столб во тој поглед. Сепак, ние, земјите-членки ја носиме одговорноста за неговата ефикасност, истакна Османи.

Според него, на 75-годишнината од постоењето, Советот на Европа со нејзините норми и стандарди придонесе за подобрување на животот на граѓаните, чување на човековите права и негување на демократијата и владеењето на правото.

Министерот го поздрави денешното усвојување на Рамковната конвенција за вештачка интелигенција, човекови права, демократија и владеење на правото, како прв меѓународен инструмент во оваа област.

-Блиската соработка со другите меѓународни организации, особено со ЕУ, ОН и ОБСЕ при решавање на заедничките проблеми е од особено значење, додаде Османи.

За време на престојот во Стразбур, Османи ќе има средби со негови колеги од различни земји.

притисни ентер