Истражувачите на Универзитетот Роуан во Њу Џерски открилче дека филтрите во објавените селфи фотографии можат да го смалат бројот на лајкови.
„Бројот на лајкови беше помал за селфињата објавени со филтри како стикери или прекумерна употреба на филтри во боја, во споредба со селфињата без такви филтри“, објаснува докторката Сејон Хонг , која го водела истражувањето.
Од друга страна, објавување на фотографии на кои сте на работа или се бавите со некое хоби може да ви помогне во тоа да добиете поголем број лајкови.
„Исто така, слфињата кои пружат додатни информации за поединците во облик на социјални знакови, како што се професионален идентитет или социјален статус, можат да се сфатат како силна намера за интеракција со другите корисници“, додава таа.
Во студијата истражувачите анализирале 1.873 селфиња. Обраќале внимание на бројот на лајкови, дали се користени филтри и што се наоѓа на фотографијата, пренесува „Мирор“.