Зголемени приходите од закупи, становите со најголемо учество - Канал 5

Зголемени приходите од закупи, становите со најголемо учество

Во секој месец од второто полугодие од 2025 година остварени се повисоки приходи од закуп на недвижности во државава во однос на истиот период на 2024 година.

Зголемени приходите од закупи, становите со најголемо учество

Тоа, според Агенцијата за катастар на недвижностите, ги нагласува стабилноста на пазарот, зголемената побарувачка за изнајмување и подобрената наплата или зголемувањето на цените на закупот.

Анализата на податоците на АКН за пазарот на станбениот закуп покажува значајни разлики во бројот на изнајмени станови и висината на закупнината по општини. Во урбаните и економски поразвиените општини се забележува поголема концентрација на закупени станбени единици, што е резултат на зголемената побарувачка од студенти, ученици, млади професори и работници кои се преселуваат во централните градски области. Истовремено, во овие општини се регистрирани повисоки просечни цени на закупнините, кои се движат во рамки што одговараат на подобра инфраструктура, пристапност до услуги и поголема атрактивност на локацијата. Во периферните општини, бројот на закупени станови е значително помал. Таму цените на закупнините се помали што се должи на пониската побарувачка.

Според Агенцијата за катастар на недвижности, порастот на побарувачката на закупување на станови во одредени урбани општини упатува на потребата од планирање дополнителни станбени капацитети и политики за достапно домување.

Најмногу закупи на станови во второто шестмесечје за 2025 година има во Центар - 502, по што следуваат Штип - 356, Аеродром - 301, Карпош - 257.

Највисока вкупна вредност на остварена цена од закуп на станови постигната е во Центар, 11.413.380 денари, Аеродром, 5.898.230 денари, Карпош 5.742.485 денари.

Највисоката просечна месечна закупнина на стан во Центар 22.736, а најниска во Бутел 3.489 денари

Највисока просечна цена на месечна закупнина на станбена единица во централните скопски општини постигната е во Центар, 22.736 денари, Карпош, 22.344 денари, Аеродром, 19.595 денари, Ѓорче Петров, 16.714 денари, Гази Баба, 15.799 денари, Тетово, 14.896 денари, а најниска во Бутел, 3.489 денари.

- Анализата на опсегот на постигната цена на месечни закупнини по станбени единици во втората половина од 2025 година покажува дека најнизок забележан минимум на месечна закупнина за стан има во Струмица 83 денари, а највисок забележан максимум има во Центар 230.450 денари, се вели во Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на недвижности за втората половина од 2025 година.

Во втората половина од 2025 година евидентирани се 5237 закупи, за 14,2 проценти повеќе во однос на истиот период од предходната година. Најголем број од овие закупи припаѓаат на станови, 2156 (41 процент) и на деловни простории, 1651 (32 проценти). Куќите учествуваат со 13 проценти или со 699 закупи, земјоделското земјиште и шумите со 10 проценти или 515 закупи, градежното земјиште со 1 процент или 66 закупи, индустриските објекти со 2 проценти или 95 закупи, гаражите со 0,5 проценти или 25 закупи, а останатите недвижности со 1 процент или 30 закупи од вкупниот пазар на закупи на недвижности.

Во јули имало 826 закупи, во август 614, во септември 755, во октомври 1.106, во ноември 959, а во декември 988.

- Во ноември остварен е најголем вкупен приход од месечни закупнини во висина од 453,6 илјади евра, што е значително повеќе од ноември 2024 година кога е достигната вкупна месечна закупнина од 396,2 илјади евра. Во август 2025 година остварен е најмал вкупен приход од месечни закупнини во висина од 226,4 илјади евра. Тоа е раст ако се спореди со вкупниот приход од месечни закупнини остварен во истиот месец 2024 година кога достигнува 224,8 илјади евра - покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижности.

Оттаму го потенцираат високото учество во бројот на закупи на становите, кои во второто шестмесечје на 2025 година изнесуваат 2156 закупи со вкупно остварена цена во висина 553,1 илјада евра, што претставува пораст во споредба со приближно 1865 закупи и вкупно остварена цена во висина 465,7 илјада евра во 2024 година.

- Трендот укажува на зголемена побарувачка за станбен простор и поголема динамика на пазарот на издавање станови, оценуваат од АКН.

Катастарот наведува дека значителен раст забележан е и кај категоријата деловни простории, каде бројот на закупи во 2025 година е 1.651 и вкупна цена од 1182,7 илјада евра, додека во 2024 година тој број изнесувал 1.444 закупи и вкупна цена од 938,7 илјада евра. Овој раст, според Катастарот, може да се поврзе со зголемена економска активност, повеќе компании започнуваат или го прошируваат своето работење, и доверба на бизнисите во економските услови и пазарот.

Кај категоријата куќи, има благ пораст на побарувачата на закупување. Бројот на закупи во 2025 година е 699 и вкупно остварена цена од 184,8 илјада евра, а во 2024 изнесувал околу 684 закупи со вкупна цена од 165,6 илјада евра.

Раст е забележан и кај категоријата земјоделско земјиште и шуми, каде бројот на закупи е зголемен од 384 во 2024 година на 515 закупи во 2025 година.

Кај индустријата, бројот на закупи останува релативно стабилен, со благ пад во 2025 година или вкупно 95, додека во 2024 година тој број изнесувал 99.

Според АКН, во категориите градежно земјиште, останати недвижнини и гаражи, бројките покажуваат умереност, што укажува на широката употреба на овие типови недвижности, иако нивното вкупно учество е значително пониско во споредба со главните категории.

- Податоците покажуваат дека во второто шестмесечје во 2025 година, вкупната вредност на месечните закупнини на деловни простории, станови, земјоделско земјиште и шуми, гаражи, индустрија и куќи во однос на истиот период од претходната година, бележи пораст, што покажува зголемен пазарен интерес за овој тип на недвижности. Вкупната вредност на месечните закупнини споредено со претходната година има пад кај градежното земјиште, наведува Катастарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. 

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе.

Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак.

„Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“.

Компликации со визата

Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат.

„Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија.

„Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа.

@mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa

Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа.

Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“

Свадба на Хаваи

Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари.

Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“.

Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа.

„Љубезна, топла и пристапна“

Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка.

„Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот.

Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа.

YouTube video

Локални специјалитети во кошничката

Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда.

Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија.

По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва.

Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната.

„Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите.

Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“.

„Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата.

Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва.

Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина.

Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL).

Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер