МакедонијаЗголемена и неконтролирана потрошувачката на вода во Скопје, жителите рационално да ја користатЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека вчера повторно констатирале енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата, која на дневно ниво изнесува околу 350.000 кубни метри. Градскиот водоводен систем поради тоа функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот. - Имајќи го предвид фактот дека Град Скопје се снабдува со вода за пиење од природен извор со ограничена количина од непроценлива вредност, апелираме до сите граѓани на Град Скопје за рационална и совесна употреба на водата за пиење, како и избегнување непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени и сл, се вели во соопштението. Од претпријатието апелираат до општините, согласно надлежностите, преку службите со кои располагаат, како и преку месните заедници на територија на општините, да се ангажираат во подигање на свеста кај жителите за рационално користење на водата за пиење. - Апелираме до граѓаните на Град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, [email protected] или www.vodovod-skopje.com.mk Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во Град Скопје, се наедува во сопштението. Тагови: ЈП Водовод и канализација – Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСобранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 годинаСобраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата за предлог-буџетот за 2027 година, по кој се поднесени над 300 амандмани.Владата планира приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува економски раст од 3,8 проценти во 2027 година. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека буџетот обезбедува финансиска стабилност и средства за инфраструктурни проекти.СДСМ, пак, ги оспорува економските проекции и предупредува дека задолжувањето не го подобрило животниот стандард.Опозицијата ги критикува и поскапувањата на енергијата и отсуството на зголемување на минималната плата. Расправата може да трае до десет дена, од кои шест се предвидени за разгледување на амандманите. По завршувањето на комисиската расправа, буџетот ќе продолжи во собраниска процедура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски: Ограничувањата на „Старшилд“ ја отежнуваат одбраната на Украина од руските нападиУкраинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека ограничената брзина на американскиот сателитски систем „Старшилд“ ја отежнува одбраната на Украина од руските напади.Тој побара од САД и компанијата на Илон Маск да ги укинат ограничувањата, нагласувајќи дека од тоа зависи заштитата на животите и енергетската инфраструктура пред зимата. Проблемот со брзината на системот, кој го развива „Спејс Икс“, трае веќе неколку недели. Украина го користи „Старлинк“ за комуникација на бојното поле, додека „Старшилд“ е наменет за воени потреби, вклучително и заштита од ракети и беспилотни летала.Ограничувањата првпат беа забележани во октомври, по што следуваа спротивставени изјави од Илон Маск и американскиот претседател Доналд Трамп. Маск тврдеше дека одговорноста е на американската влада, бидејќи таа управува со системот, додека Трамп негираше дека Вашингтон е одговорен. Зеленски побара украинските власти да соработуваат што поблиску со американската администрација и компанијата на Маск за надминување на проблемот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаИскра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОККОсновното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција добива ново раководство.Искра Хаџи Василева денеска официјално ќе ја преземе функцијата од досегашниот шеф Ислам Абази. Примопредавањето ќе се одржи во просториите на обвинителството, по што е предвидена средба со јавниот обвинител Ненад Савески. Хаџи Василева беше избрана на функцијата на 28 октомври, со освоени 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче.по изборот, таа најави дека приоритет ќе ѝ бидат поефикасниот кривичен прогон на организираниот криминал и корупцијата, подобрата организација на работата и искористувањето на постојните ресурси. Најави и залагање за дополнителни човечки и материјални капацитети на институцијата.. со денешното примопредавање официјално започнува мандатот на новата раководителка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55