Зголемена фреквенцијата на Ќафасан- Албанците по гориво и храна во Македонија - Канал 5

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан- Албанците по гориво и храна во Македонија

Пониските цени на горивата и поевтините прехранбени продукти во земјата ја зголемија фреквенцијата на патници на граничниот премин Ќафасан за време на викендите. 

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан- Албанците по гориво и храна во Македонија

Повеќето од патниците, пред сè, од пограничните места во соседна Албанија, доаѓаат во Струга на кратки еднодневни посети да наполнат гориво и да набават прехранбени продукти. Зголемена фреквенција се очекува и во пресрет на продолжениот велигденски викенд.

Според податоците на СВР Охрид, на почетокот од овој месец протокот на патници преку Ќафасан бил 11 проценти поголем во споредба со истиот период лани.

- Во период од 1 до 6 април во Полициската станица за ГП Ќафасан остварен е проток на 40.734 патници, што е за 11 проценти зголемување за истиот период во 2025 година кога на овој премин поминале 36.775 патници. Во првите шест дена од месецот во државата влегле 20.952 патници (18.351 во 2025 година), а излегле 19.782 (18.424) - информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Премиерот Христијан Мицкоски, порано неделава, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека имаме стабилни количини гориво и не треба да има никакви стравувања, иако потрошувачката е зголемена на дневна основа поради притисокот на одредени погранични места.

- Од аспект на количини сме стабилни, имаме доволно, тука не треба да имаме никакви стравувања, зголемена е потрошувачката, од 1,5 милион литри на ден на два милиони литри на ден. Имаме притисок на одредени погранични места, ја продолживме и мерката од 18 на 10 проценти ДДВ сè со цел да го заштитиме стандардот на граѓаните и бизнисите - изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посета на комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што беа пуштени во употреба шест комплетно реновирани операциони сали.

Зголемување на протокот на патници за влез и излез на ГП Ќафасан, според статистиката на полицијата, има и во првите три месеци од годината во споредба со истиот период од лани.

- Проток на патници на ПС за ГП Ќафасан за јануари, февруари и за март 2026 година, во споредба со истиот период 2025 година, е зголемен за 6 отсто. Во првите три месеци од оваа година остварен е проток на 435.534 патници, а истиот период во 2025 година - 411.677 патници. Во овој период во државата влегле 223.498 годинава (211.878 - 2025), а излез направиле 212.036 (199.799) патници - изјави Димоски./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски

Договор со коалициските партнери ВРЕДИ и ЗНАМ околу ресорите за најавената реконструкција на владата принципиелно е постигнат, но кадровските решенија ќе бидат соопштени вечерва по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски

Договор со коалициските партнери ВРЕДИ и ЗНАМ околу ресорите за најавената реконструкција на владата принципиелно е постигнат, но кадровските решенија ќе бидат соопштени вечерва по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, порача премиерот Христијан Мицкоски...

По објавувањето на дефинитивниот состав на владата, предложените министри веќе в среда или четврток се очекува да бидат испратени до Собранието, но дали ќе се менува една третина од владиниот состав за што Собранието би гласало за секој министер поединечно или ќе бидат назначени поголем број нови кадри, со што ќе се избира целосно нова влада засега е неизвесно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СП2026: Мароко во пенал рулет ја елиминира Холандија, а Парагвај Германија

Ноќ на изненадувања на 23 Светско фудбалско првенство. Елиминирани фаворитите за висок пласман, Германија и Холандија.

СП2026: Мароко во пенал рулет ја елиминира Холандија, а Парагвај Германија

Светскиот шампион од Бразил, силната Германија уште на стартот на елиминациската фаза го заврши своето учество на Мундијалот во САД, Канада и Мекдсико, слична судбина доживеа и фаворизираната Холандија.

Популарните панцири, во елиминациската рунда се декласирани од незгодниот Парагвај на панели откако во регуларниот тек дуелот заврши без победник 1-1.

Во пенал рулет е елиминирана и селекцијата на Холандија.

Фудбалерите на Мароко се квалификуваа за осминафиналето на Светското првенство со победа над Холандија по подобро изведување на пенали.

Во регуларниот дел натпреварот заврши со 1:1истиот епилог беше и по двете продолженија од по 15 минути, за потоа во пенал рулетот африканската репрезентација да извојува голема победа со 3-2.

Во осминафиналето Мароко ќе игра против еден од кодомаќините на Мундијалот, тимот на Канада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло, попладне услови за локална појава на нестабилност

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информифраат од УХМР. 

Сончево и топло, попладне  услови за локална појава на нестабилност

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи денеска во Скопје времето ќе биде , сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Од денеска попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер