Зголемен е интересот за вакцинација против пертусис

Зголемен е интересот за вакцинација против пертусис или магарешка кашлица во вакциналниот пунт Јане Сандански, изјави заменик министерката за здравство Манолева. 

Токму во оваа општина регистрирани се најмногу деца со пертусис и заменик министерката апелира родителите да ги вакцинираат децата бидејќи во најава според епидемиолошката состојба од другите земји е и епидмијата на морбили. И педијатрите велат дека интересот е зголемен и дека родителите не само во прва смена може да дојдат и во втора смена во вакциналните пунктови со цел да се намали метежот. Засега од први Јануари до денеска вакцинирани се 872 деца.

Засега во градинките се уште не се враќаат децата кои се нецелосно имунизирани. Од Министерството за труд и социјлна политика од секторот за детска заштита за канал 5 објаснија дека до овој момент не е пристигнат никаков допис ниту од министерството за здравство ниту од Центарот за јавно здравје дека има епидемија.

Со тоа не може да се спроведе мерката за невакцнираните деца. Од министерството за труд и социјална политика објаснуваат дека на терен имаат инспекции и дека децата кои не се во целост вакцинирани веднаш им се укажува на родителите да ги вакцинираат, а дотогаш да не посетуваат градинка.

Зеленски: Путин сака да манипулира со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сака да „манипулира“ со претседателот на САД, Доналд Трамп, кога зборува дека за војната во Украина сака да преговара со САД.

- Тој сака да манипулира со желбата на претседателот на САД да постигне мир, истакна Зеленски.

Претседателот на Украина додаде дека е уверен оти ниту една руска манипулација сега не може да успее.

Крводарителска акција во спомен на Тоше Проески

Во холот на Домот на АРМ во Скопје денеска ќе се одржи крводарителска акција во спомен на хуманоста на Тоше Проески.

- Во рамките на традиционалните крводарителски акции на ЦК на град Скопје е и акцијата која се организира во спомен на хуманоста на нашата ѕвезда Тоше Проески, кој за жал прерано го загубивме. Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост, се вели во соопштението на Црвениот крст на Град Скопје.

Како што посочуваат, на овие акции собрани се над 5 500 единици крв, што зборува за позитивниот пример на Тоше, запаметен како голем хуманист и крводарител.

Хегсет избран за министер за одбрана на САД

 Пит Хегсет со тесно мнозинство е избран за министер за одбрана на САД. Педесет сенатори гласаа „за“, но ист толкав број гласаа „против“. Поради изедначениот резултат од гласањето, одлуката ја донесе потпретседателот Џеј-Ди Венс.

Сите демократски сенатори гласаа против кандидатурата на Хегсет, како и тројца републикански сенатори. Вторпат во историјата за кандидат за министерско место да се одлучува со гласање на потпретседателот. Првпат се случи во 2017 година кога Бетси ДеВос стана министерка за образование.

Хегсет (44), поранешен водител на „Фокс њуз“ и одликуван ветеран, ветува големи промени во Пентагон.

Откако беше објавена неговата кандидатура, критичарите ги доведуваат во прашање неговите квалификации за функцијата, укажаа на проблематичната природа на неговиот темперамент, како и неговите минати ставови за жените во борбените единици.

За време на процесот на одобрување за неговата кандидатура, се појавија низа обвинувања против Хегсет, како за семејно насилство, а е обвинет и за прекумерно консумирање алкохол и финансиско лошо управување во организациите на ветераните.

Тој вети дека ќе се воздржи од алкохол доколку биде избран за министер и призна грешки во финансиското управување, но негираше дека сторил нешто лошо.

притисни ентер