Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани
2Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани
ЗдравјеЗголемен бројот на заболени од грип Во текот на изминатата недела се регистрирани 2.246 заболени од грип, што е заголемување за 80 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 1.252 заболени од грип. Во текот на изминатата недела (од 4 февруари до 10 февруари), во Република Македонија се регистрирани 2.246 заболени од грип, што е заголемување за 80 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 1.252 заболени од грип, се наведува во извештајот, што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје. Бројот на регистрирани заболени изминатата недела е помал за 24,2 отсто споредено со истиот период минатата сезона. Во текот на изминатата недела, регистрирани се два смртни случаи асоцирани со грип. Станува збор за лица на возраст од пет и 25 години од Скопје и Охрид кои биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести и КАРИЛ. Кај починатите лица утврдено е присуство на коморбидитети. Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 67 материјали за тестирање на грип, од кои 35 (52,2 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – 28 Influenza A(H1)pdm, два Influenza A(H3) и пет Influenza А несуптипизиран. Најголем број заболени (1.351) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 217,7 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години. Пријавени се заболени лица од 27 извештајни единици. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица (427), а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Ресен (489,2 на 100.000). Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 6.371. Процентот на позитивни резултати добиени од вирусолошкиот надзор оваа недела е 52 отсто и укажува на висока активност на вирусот на грип. Во позитивните примероци, доминира вирусот на инфлуенца – Influenza A(H1)pdm, а ко-циркулира и Influenza А(H3). Оваа сезона се одликува со задоцнет старт, а се очекува одржување на висока вирусолошка активност во текот на следните недели. Според податоците добиени од Управата за електронско здравство, вакцинирани се 19.979 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип (лица постари од 65 години со просечна, потпросечна пензија или без примања), односно 71,4 отсто од вкупниот број набавени вакцини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени. Во текот на новата седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
СветАмерикански суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓаниЗабраната за имигрантски визи за граѓани на 75 земји, меѓу кои и Македонија, воведена од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, денеска е поништена од федерална судијка како „спротивна на законот“, објави СНН.Одлуката ја донесе судијката Џенет Варгас од федералниот окружен суд во Менхетен. Таа оцени дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања со забраната, донесена со образложение дека ќе го спречи влезот на луѓе кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции. Судијката утврди дека американските службеници во пракса биле упатени да ги одбијат барањата за виза од апликантите, дури и од оние кои можеле да се издржуваат сами, единствено врз основа на нивната земја на потекло. Во јануари, Стејт департментот го суспендираше издавањето имигрантски визи за земји каде што живее речиси 40% од светското население, а меѓу нив од регионот се најдоа и Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.Тагови: визи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИталијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратонИталијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон.Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа. Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран. На целта на кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот. Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории Тагови: Охридски пливачки маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter