Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова
2Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова
Белгија ги декласира САД во најконтроверзниот натпревар на Мундијалот, Роналдо се прости од Португалија
1Белгија ги декласира САД во најконтроверзниот натпревар на Мундијалот, Роналдо се прости од Португалија
ЗдравјеЗголемен бројот на тестирањата за сифилисЗголемен е бројот на граѓани кои бараат да се тестираат за сифилис. Од Клиниката за инфективни болести велат дека тестирањето за сифилис е дел и од лекарскиот преглед и кај пациентите кои се ХИВ позитивни, но и дека често доѓаат и пациенти кои имаат промена на кожата на гениталиите, а не се ХИВ позитивни. Она што се уште е многу важно е да се зборува за сексулано преносливите болести, никако не смеат да бидат табу тема. Стевановиќ вели дека од дијагностицирањето, долекувањето и понатамошното следење мора да биде подобро организирно помеѓу здравствените установи. Сифилисот во 90 % од случаевите се пренесува преку незаштитен полов акт, анален, вагинален или орален секс. Во 10 % од случаевите се пренесува и преку бакнежи. Превенцијата од сифилис се состои од редовна заштита при сексуален однос, како најдобра заштита сеуште се смета кондомот. Сепак кај луѓето кои имаат често сексуални односи со различни партнери се препорачува како превенција честа проверка на крвтa, препорачуваат инфектолозите и дерматовенеролозите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТанкер бил погоден од проектил додека пловел во близина на Ормутскиот теснецТанкер бил погоден од непознат проектил додека пловел во близина на Ормутскиот теснец информираше британската поморска служба.Повикувајќи се на неименуван американски функционер, „Волстрит џурнал“ објави дека корпусот на исламската револуционерна гарда на Иран отворил оган врз два комерцијални брода во близина на теснецот. „Аксиос“, објави дека Иран испукал ракети врз комерцијални бродови што транзитирале низ теснецот. Нападот се случил неколку часа пред американскиот претседател Доналд Трамп да замине на самитот на НАТО во Анкара, Турција, каде што се очекува лидерите да разговараат за безбедноста во протокот, и додека Иран го одбележува повеќедневниот погреб на убиениот поранешен врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи. Техеран ги прекина кревките преговори со САД, чија цел беше постигнување траен договор за прекин на нивниот конфликт, за време на повеќедневните комеморации за Хамнеи, кој беше убиен во американско-израелски напад во февруари, на првиот ден од војната.Тагови: Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска ДавковаВо Анкара денеска почнува дводневниот самит на лидерите на 32-те земји членки на НАТО... Македонската делегација ја предводи претседателката Гордана Сиљновска Давкова...Таа ја ја предводи македонската делегација, во чиј состав се министрите за одбрана Владо Мисајловски, и за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како и генерал-мајор Сашко Лафчиски, началник на генералштабот на Армијата. Во тензична атмосфера, лидерите ќе разговараат за неколку клучни прашања – зголемување на инвестициите во одбраната, натамошната воена поддршка за украина, зачувување на единството во сојузот но и инцијатива Европа да ја презема одговорноста за безбедноста на континентот. Американскиот претседател Доналд Трамп доаѓа со очекување дека НАТО членките ќе ја потврдат согласноста до 2035 година да издвојуваат 5 проценти од бдп за одбраната. Исто така, се очекува сојузниците да ја потврдат финансиската и воената поддршка за украина, која според најавите ќе достигне околу 140 милијарди евра во текот на оваа и следната година. Пред пристгнувањето во Анкара, Трамп изрази и оптимизам дека на претстојниот самит на НАТО ќе биде изнајдено решение за завршување на војната во Украина. Тагови: НАТО Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБелгија ги декласира САД во најконтроверзниот натпревар на Мундијалот, Роналдо се прости од Португалија23 светски фудбалски шампионат во осминафиналето остана и без последниот, трет домаќин, селекцијата на САД. Белгија ги победи САД со 4–1 во најконтроверзниот натпревар од осминафиналето на Светското првенство. Херој на победата беше Шарл де Кетеларе, кој постигна голови во 9. и 33. минута и асистираше за голот на Ханс Ванакен во 57. минута. Ромелу Лукаку постигна гол во 93. минута откако влезе во игра од клупата за резерви. Малик Тилман го постигна единствениот гол за САД од слободен удар во 31. минута. Во четвртфиналето Белгија ја очекува дуел против актуелниот европски шампион големиот фаворит за завршницата селекцијата на Шпанија.Мундијалското европско дерби ќе остане запишано и во историјата како последен меч во репрезенативниот дрес на Португалија на светската ѕвезда Кристијано Роналдо. Шпанците синоќа го добија европскиот класик во осминафиналето против големиот ривал Португалија со гол на Мерино во судиското надополнување. Инаку, мечот Белгија - САД имаше тензија уште пред да започне поради еден од најголемите скандали во историјата на Светското првенство, откако ФИФА – наводно под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп – ја укина суспензијата на американскиот напаѓач Фоларин Балогун. Тој доби црвен картон на натпреварот против Босна и Херцеговина, но неговата суспензија беше одложена, што му овозможи да игра против Белгија. Сепак, дури ни тој не можеше да им помогне на САД да дојдат до победа.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07