Зголемен бројот на несреќи и на повредени лица кои управувале со тротинет - Канал 5

Зголемен бројот на несреќи и на повредени лица кои управувале со тротинет

Со затоплувањето на времето, луѓето повторно почнаа масовно да ги користат електричните тротинети низ улиците. А со тоа, се зачестија и незгодите и повредените лица.

Зголемен бројот на несреќи и на повредени лица кои управувале со тротинет

Последните случаи биле пред неколку дена. Скопјанка сотротинет на автобуска станица удрила во повозрасна жена нанесувајќи итешки телесни повреди, а вториот случај бил во Прилеп, при сообраќајна несреќа мегу автомобил и тротинет. Според МВР, во текот на минатата година имало 146 сообраќајни незгоди во кои учествувале тротинети.

-Во 2025 година во сообраќајни незгоди со тротинет настрадале146 лица

-Едно лице загинало, 32 се здобиле со тешки теленски повреди а 113 се здобиле со телесни повреди

-Возењето на тротинети низ земјава е мошне популарно. Сепак со нив се случуваат и незгоди, поради тоа што, дел од учесниците ги возат без заштитна опрема, возат по главните булевари, а по некогаш се возат и по две лица на тротинет

Пред околу еден месец повторно беше отворено прашањето: дали мали деца смеат да возат тротинет, откако се појави видео-снимка како двајца малолетници возејки тротинет, паѓаат на главна улица.

Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот, кои се однесуваат на условите за учество во сообраќајот на електрични тротинети

Закон за безбедност во сообраќајот

Возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци.

Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години. Возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управување со возилото.

Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото.

Согласно законите, за секое прекршување на сообраќајните правила и прописи, возачите на тротинетите и нивните родители се соочуваат со казни од 50 па до 120 евра.

Минатата година исто така биле санкционирани 220 возачи на тротинети, а годинава заклучнос со 18-ти март, казна добиле осум возачи на тротинет.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во битола - надзори и во вечерните часови и за викенд

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.

Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во битола - надзори и во вечерните часови и за викенд

Со оваа одлука, инспекторите ќе бидат активно присутни на терен во текот на работните денови, како и за време на викендите и неработните денови. Дежурствата ќе опфаќаат вонредни надзори и обиколки на територијата на целата општина Битола, со цел навремено да се констатираат и спречат незаконски и прекршочни постапувања.

Засилените контроли ќе се однесуваат на области како што се градежништвото, комуналните дејности, јавната чистота, како и несовесното постапување со јавните добра. Посебно внимание ќе се посвети на појавите кои што го нарушуваат јавниот ред и квалитетот на животната средина.

Граѓаните можат да го информираат општинскиот инспекторат за затекнати неправилности, несоодветно однесување или други појави од надлежност на инспекциските служби на дежурниот телефонски број 075388797.

Целта на воведувањето на дежурствата е превентивно делување и навремено постапување при сите нерегуларности, недоследности и незаконитости на територијата на Општина Битола.

Со оваа мерка, Општина Битола останува доследна на спроведувањето на законските одредби и на навременото решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Галатасарај ја одби понудата од 130 милиони евра за Осимен

 Според Флоријан Плетенберг, турскиот фудбалски гигант Галатасарај ја одбил понудата вредна 130 милиони евра за Виктор Осимен, поднесена преку посредник кој го застапува Ал-Хилал. 

Галатасарај ја одби понудата од 130 милиони евра за Осимен

Турскиот шампион јасно стави до знаење дека Осимхен не е на продажба и дека немаат намера да започнуваат преговори за негово евентуално заминување.

Осимен е 27-годишен нигериски напаѓач кој се прослави во Наполи, освојувајќи ја титулата во италијанското првенство со клубот во 2023 година.

Тој долго време важи за еден од најбараните напаѓачи на европскиот пазар и има статус на клучен играч во Галатасарај.

Евентуален трансфер вреден 130 милиони евра би бил осми најскап во историјата и најскап надвор од лигите од „големата петорка“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан

     Од 9-ти до 16-ти август, во Ташкент, Узбекистан, се одржува 38-мата по ред Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2026), најпрестижниот светски натпревар за средношколци во областа на алгоритамското програмирање.

Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан

Овогодишното издание е прво одржување на ИОИ во Узбекистан, а Македонија повторно се претстави со извонредни резултати на највисокото светско ниво. Македонскиот тим го сочинуваат натпреварувачите Дамјан Давков од Штип, Владимир Грчев од Кочани, Никола Стојковски од Скопје и Виктор Максимоски од Гостивар, предводени од тим лидерите д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Во исклучително силна меѓународна конкуренција, Дамјан Давков, освои сребрен медал, додека Владимир Грчев и Никола Стојковски освоија бронзени медали. Виктор Максимоски, пак, освои олимписка пофалба.

Учениците кои се дел од македонскиот тим за ИОИ 2026 беа избрани преку целогодишен циклус натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 37-ми пат. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи. И годинава, циклусот натпревари беше организиран со поддршка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), како и неколку општествено одговорни компании: Сорсикс, Нетцетера и Семос едукација.

Посебно значење има успехот на Дамјан Давков, ученик од Математичко-информатичката гимназија, за кого ова е трет последователен сребрен медал на олимпијада, а во првото од неговите 4 учества освои бронзен медал. Со новиот успех, Давков се издвојува како најуспешниот македонски учесник во историјата на ИОИ, со вкупно четири медали од ова престижно натпреварување.

За Владимир Грчев од училиштето Јахја Кемал и Никола Стојковски од Математичко информатичката гимназија ова е прво учество на ИОИ, што нивниот успех го прави особено значаен. Уште при дебито, двајцата успеаја да освојат бронзени медали, а нивниот резултат е силна потврда дека Македонија има нова генерација талентирани млади информатичари способни за врвни меѓународни остварувања.

Според изјавата на проф. Јованов: Со овогодишните три медали, од првото учество во 1996 година до сега, Македонија има освоено вкупно 7 сребрени, 26 бронзени медали и 5 олимписки пофалници на ИОИ. Овој биланс претставува исклучително значаен резултат за земја со помалку од два милиони жители и е потврда за континуитетот, квалитетот и нашата посветеност во развојот на младите таленти во информатиката. Особено е значајно што повеќето од одличјата се освоени во последните петнаесет години, а веќе две години по ред сите четири членови од македонскиот тим се враќаат со одличје.

Интернационалната олимпијада по информатика е водечки светски натпревар во областа на алгоритамско програмирање, наменет за средношколци, кој секоја година се организира во различна земја-членка на ИОИ заедницата. Станува збор за најпрестижниот настан од ваков вид, на кој учествуваат внимателно селектирани млади таленти од целиот свет. Според официјалните правила на ИОИ, натпреварувачите настапуваат индивидуално во дводневен натпревар, при што секој натпреварувач решава по три алгоритамски задачи во времетраење од пет часа во секој од натпреварувачките денови. Натпреварот ги проверува и унапредува вештините за анализа на проблеми, дизајн на алгоритми и податочни структури, програмирање, тестирање и оптимизација на решенијата.

Овогодинешата олимпијада е историска и по обемот на учеството од вкупно 375 натпреварувачи од 92 земји, што ја прави најмасовната ИОИ во историјата, почнувајќи од првата олимпијада одржана во Бугарија во 1989 година. Оваа бројност дополнително ја нагласува тежината на постигнатите резултати на македонскиот тим. Годинава, најуспешен натпреварувач беше претставникот на Кина, Чивун Шу.

Следната, 39-та по ред, Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2027), ќе се одржи идната година во Постдам, Германија. Следен настан пак, кој им претстои на македонските ученици – информатичари, е Балканската олимпијада по информатика (БОИ), која ќе се одржи во Тирана, Албанија, во периодот од 14-ти до 20-ти септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер