Зголемен бројот на деца со пневмонија во детската клиника „Козле“ - Канал 5

Зголемен бројот на деца со пневмонија во детската клиника „Козле“

Се зголемува бројот на деца со пневмонии во детската клиника „Козле“. 

Зголемен бројот на деца со пневмонија во детската клиника „Козле“

Околу 60 деца се хоспитализирани со бронхитис и пневомонии, а докторите очекуваат дека бројот ќе се зголемува и со старот на сезоната на грип. Засега доминатни се вирусните инфекции, а заради намалениот имунитет на вирусните инфекции многу често децата добиваат и бактериски инфекции. Доминатни се децата од пред училишна возраст.

Докторите со апел да не се носат децата кога се болни во градинка и исто така да се внимава на исхраната и земање на течности.

Во клиниката Козле засега нема потврдени случаи со голема кашлица. Но Доктор Поповска аплеира децата редовно да се носат на вакцина, за да нема компликации пред се кај децата до една година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зошто доцнат казните за малолетничкиот терор низ Скопје?

Обвинителство нема формален документ за сторено врсничко насилство во Аеродром. 

Зошто доцнат казните за малолетничкиот терор низ Скопје?

„Се уште патуваат“ кривичните пријави што ги најави и лично Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за насилството за кои има и снимки, а се случи пред неколку дена во парк во скопски Аеродром врз девојче на кое му се удираат шлаканици, додека набјудувачи навиваат. Досега, се извршени разговори со инволвираните малолетници и родителите во полициска станица.

Дали се само декларативни изјавите на надлежните дека „вакви грозоморни насилства нема да се толерираат“ како прашање го наметнува уште еден случај со грозоморно насилство врз 14-годишното момче кое се случи пред десетина дена. Детето било седум пати избодено со нож во Ченто.

Од МВР не кажаа зошто и за овој случај не е поднесена кривична, а мајката на жртвата Џељана Селими, во изјава за Канал 5 вели дека бара правда откако нејзиното дете, полицијата го води случајот како да е насилство, а не како обид за убиство, иако напаѓачите биле возрасни, а според кажувањата, со себе имале и калашников.

Од Обвинителството од каде потврдија дека и за овој случај немаат пријава од МВР, сепак појаснуваат дека јавен обвинител е оној кој на крајот ќе ја дефинира квалификацијата за делото без разлика што е наведено од МВР.

Во меѓувреме, се уште нема пресуда за еден од најпознатите случаите со врсничко насилство кој предизвика силна реакција и во јавноста што се случи пред околу три месеци во Ѓорче кога насилнички малтретираа девојче, гасеа цигара од нејзе и ја понишуваа терајќи ја да јаде измет. Од Кривичниот суд, каде се води истражната постапка за Канал 5 велат дека процедурата се уште не е завршена и е во тек. Во меѓувреме има мерки за претпазливост за малолетничките за кои јавноста не смее да знае кои се, бидејќи од судот велат оти според Законот за правда на деца не се дозволува споделување на детални информации.

За пријавите против родителите на децата кои тепале, а се сомничат за запуштање и малтретирање на дете, од Обвинителството велат дека се уште се прибираат докази.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Буџетскиот ребаланс пред пратениците: „Заглавен“ под 224 амандмани и тешки критики

Со 224 амандамани почна собраниската комисиска расправа по ребалансот на Буџетот за 2026 година.

Буџетскиот ребаланс пред пратениците: „Заглавен“ под 224 амандмани и тешки критики

Со над 220 амандамани почна собраниската расправа по ребалансот на Буџетот за 2026 година.

Дополнувањето на Буџетот е резулатат на засилени капитални инвестиции, инфраструктурни прокети и намалувањето на акцизите на горивата, предизвикано од глобалната економска неизвесност – рече министерката за финансии Димитриеска Кочоска во експозето пред пратениците. Најголем дел од расходите одат кон капитални инвестиции, кои се зголемуваат за околу 95 милиони евра, а ќе бидат насочени кон инфраструктурни проекти како изградба на коридорите 8 и 10 Д, железничката инфрастурктура, енергетиката, животната средина и локални проекти.

А со ребалансот вели ќе се обезбеди и редовна исплата на плати, почитување на колективните договори и навремена исплата на пензии.

„Како одговорно министерство за финансии наша обрвска е навремено да реагираме и да ги усогласиме буџетските прокеции со реалните економски движења, притоа обезбедувајќи средства за исполнување на законските обврски, поддршка на граѓаните и продолжување на инвестицискиот циклус...Исто времено остануваме посветени на долгорочната фискална консолидација со намалување на дефицитот и одржување на јавнито долг на одржливо ниво. Буџетскито дефицит од како и обврските за отплата на долгот ќе се финансираат преку комбинација на домашно и странско задолжување. “-- Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии клип.

За опозицијата владините прокеции се целосно промешени. Според нив ребалансот не носи ништо добро за граѓаните, носи само зголемен дефицит и истиот според СДСМ е дебакал на економските политики на Владата....

„Ова не е фискална консолидација ова е едно фискално одложување... а јавниот долг е блиску горната граница .... “ - Сања Лукаревска – пратеник СДСМ .

Со ребалансот буџетски дефицит е околу 750 милиони евра или 110 милиони евра повеќе во однос на првичниот буџет, односно од сегашните 3,5 на 4,1% од БДП... Економски раст пак е проектиран на 3,5%, додека инфлацијата се очекува да изнесува 4,5%, што претставува благо зголемување во однос на првичните проекции, под влијание на надворешни ценовни притисоци и цените на енергенсите на светските пазари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реконструкција на „Илинденска“: Мицкоски го праќа списокот со 8 нови министри во Собрание

Списокот со новиот владин кабинет е стокмен и во текот на денот од „Илинденска“ откако ќе бидат комплетирани биографиите на новите министри, ќе биде испратен во Собрание, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

Реконструкција на „Илинденска“: Мицкоски го праќа списокот со 8 нови министри во Собрание

Листата брои 8 нови министри во Владата, максималниот број за да бидат избрани во процесура за реконтрукција, но веќе е извесно дека во текот на овој месец ќе има и предлог за уште еден нов минстер без ресор од редот на ДПТ откако партијата се догтовори да биде дел од колаицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Копретседателот на Вреди, Биљал Касами во вчерашното „Само интервју“ кажа дека тие се задоволни од новата прераспределба во Владата и Откри дека во разговорите со премиерот Мицкоски тие барале да ги преземат ресорите правда и односи меѓу заедниците, за, како што рече, да можат подобро да ги застапуваат интересите на албанските граѓани. очекуваат професорот Јетон Шасивари како натпартиско решение добро да се справи со функцијата во правда, а приоритетно ќе биде решавањето на прашањето за полагање на правосуднито испит на албаснки јазик.

-Досегашниот министер за правда не беше подготвен да реши проблем кој не го решија досега неколку министри меѓу кои и беше Албанец во Владата. - Добро мислите дека персонално е проблемот и ќе биде решението и дека ако биде Албанец министер сега ќе го реши, нели работна група во Владата имаше? – Мислам дека ако збориме за решение кое би било во рамките на минситерството со внатрешните правилници во рамките на постојниот закон, законското решение за правосудниот, прашањето беше едноставно. Ако не го решил претходно некој министер Албанец зошто јас да преземам таква одговорност пред своите гласачи. Така да тоа беше наше барање, ако е таква ситуацијата тогаш ние сме подготвени да се справиме со оваа ситуација затоа што тоа е барање на студентите Албанци,- Билал Касами копретседател на ВРЕДИ и градоначалник на Тетово.

По две години влада, Касами односите во владината коалиција ги оцени како коректни, без заткулисни игри, и покрај меѓусебните искри и жестоки тонови кои порано се разменуваа меѓу нив и ВМРО-ДПМНЕ.

-Зборот си е збор, тоа што е договорено се реализира, нема заткулисни игри. Не секогаш се согласуваме за решенијата кои произлегуваат во јавноста но секогаш се дискутира и тоа што ќе договориме, остануваме до крај на тоа. Можам д акажам дека имаме коректен однос и со премиерот и со коалициските партнери и проблемите со кои се соочуваме ги решеваме заемно, изјави Касами.

Штом владиниот список стигне до Собрание, спикерот Гаши најави дека ќе закаже пленарна седница за избор на новите министри.

Мицкоски ги предлага Сашо Клековски за здравство и Ѓоко Велковски за социјална политика, додека Вреди освен Јетон Шасивари во правда, ги номинира и Седат Сулејмани во култура и Агон Ферати за односи меѓу заедниците.

Иван Стоилковиќ го презема министерството за локална самоуправа, а Борче Серафимовски од ЗНАМ ќе раководи со земјоделство. Осмниот нов член на Владата ќе биде Ерџан Демир ќе биде министер без ресор задолжен за инклузија на Ромите, кој доаѓа на местото на Шабан Салиу.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер