Зголемен бројот на читатели во Градската библиотека во Велес

Повеќекратно е зголемен интересот за позајмување книги во двата оддела, за деца и за возрасни при Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес.

Директорот на библиотеката Игор Крајчев информира дека децата најмногу се заинтересирани за задолжителната школска лектира, како и за многу бестселери.

Според него, и кај возрасните читатели во овие летни месеци има зголемен интерес за читање книги, посебно за бестселерите.

- Нашата библиотека располага со најновите изданија од светски популарни автори, но и со изданија од македонски писатели, од сите македонски издавачки куќи. Библиотеката неделава ќе добие и ќе го збогати својот фонд со уште некои од најновите и популарни изданија, а се со цел да го задоволиме интересот на нашите читатели, потенцира Крајчев.

Во Градската библиотека „Гоце Делчев“, која има над 100 илјади книги за сите возрасти, во моментов има 2.197 читатели, 1.024 деца и 1.173 возрасни читатели.

„Гответе со Дракче“ - Макарони со печурки

Во среда (01.05.2024) во емисијата гостин ни беше Љубица Јаневска Ивановска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче макарони

1 конзерва помодори пелати

1 помало пакување свежи печурки

2 млади кромитчиња

2 млади лукчиња

2 гранчиња босилек

1 брокула

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Магдалена Гроно нов главен дипломатски советник на Мишел

Актуелната виша советничка за надворешна политика на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, Магдалена Гроно, дополнително е именувана и за негова нова главна дипломатска советничка. 

Како што соопшти Европскиот совет, Гроно ќе го наследи Симон Мордју, кој е избран за заменик генерален секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на која должност треба да стапи на 1 јули годинава.

Во соопштението на Европскиот совет се наведува дека Мишел му се заблагодарува на Мордју за неговата професионалност и посветеност во работата.

- Неговиот придонес имаше влијание врз успесите во надворешната политика на ЕУ и беше високо ценет дома и во странство. Претседателот Мишел му посакува се најдобро на Симон на неговата нов должност, се наведува во соопштението и се изразува уверување дека Мордју ќе даде свој голем придонес во ЕЕАС. /МИА

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

притисни ентер