Зголемен број туристи во Грција и зголемени приходи од туризмот во првите девет месеци од годинава - Канал 5

Зголемен број туристи во Грција и зголемени приходи од туризмот во првите девет месеци од годинава

Во периодот јануари - септември годинава приходите од туризмот за Грција се зголемени за девет отсто во споредба со лани, а зголемување за четири проценти има и во бројот на туристи кои ја посетиле земјата, според податоците од Банката на Грција.

Зголемен број туристи во Грција и зголемени приходи од туризмот во првите девет месеци од годинава

Во првите девет месеци од годинава приходите се 20,1 милијарди евра, зголемување, што според Банката на Грција, се должи како на зголемувањето на приходите од жителите на земјите од Европската Унија за 5,6 отсто, така и на зголемувањето на приходите од посетители од останатите земји за 12,7 проценти.

Во однос на бројот на туристи, во конкретниот период Грција ја посетиле 31,6 милиони, бројка, што е за 4 отсто повисока споредбено со 2024 година.

Патничкиот сообраќај и преку аеродромите и преку копнените гранични премини бележи пораст од 4,3 отсто, а бројот на патници од земјите членки на ЕУ-27 изнесувал 18,89 милиони патници, 0,8 отсто повеќе во споредба со истиот период во 2024 година, додека пак од останатите земји е за 9,3 проценти повисок, достигнувајќи 12,7 милиони посетители.

Во септември годинава иако имало зголемување за 3,6 отсто на бројот на туристи во Грција, сепак тоа не резултирало со зголемени приходи, со оглед на тоа што, се намалени за 3,6 проценти.

Министерката за туризам на Грција Олга Кефалојани, коментирајќи ги податоците од Банката на Грција истакна дека со стратешко планирање и соработка, инвестираат во „одржлив, отпорен, конкурентен и корисен туризам што создава можности за сите грчки граѓани“.

- Веќе влеговме во една ера во која квалитетниот туризам ги создава сите предуслови овој силен столб на грчката економија да значи поквалитетен развој на бизнис и инвестициската активност, поквалитетни работни места и локални заедници кои се развиваат рамномерно и на одржлив начин, како дестинации. Но, пред сè, овој колективен успех создава силен услов за зголемување на повратната корист што туризмот ја носи на грчкото општество, која се распределува правично и рамномерно, порача Кефалојани.

Минатата година беше рекордна за туризмот во Грција со речиси 36 милиони туристи и приходи од 21,7 милијарди евра, додека пак очекувањата се дека оваа година земјата ќе постигне нов историски рекорд. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во ринг: Борач го фрли судијата, тој почина на самото место (ВИДЕО)

75-годишен судија почина за време на натпревар во борење во Мексико откако беше фрлен на подот од борачот Хозе Анхел. Инцидентот го објави порталот „Ацтека Нотицијас“.

Трагедија во ринг: Борач го фрли судијата, тој почина на самото место (ВИДЕО)

Според медиумските извештаи, судијата останал неподвижен по ударот, додека гледачите првично мислеле дека сето тоа е дел од претстава, со оглед на тоа што мексиканското борење често вклучува однапред планирани и театарски сцени.

Сепак, ситуацијата набрзо станала сериозна. Медицински тим влегол во рингот и се обидел да му помогне на судијата, но лекарите го прогласиле за мртов на местото на настанот.

Полицијата го притвори борачот Хозе Анхел, кој се соочува со обвиненија за убиство од небрежност. Властите продолжуваат со истрагата за да ги утврдат сите околности на овој трагичен настан.

YouTube video

Иако мексиканското борење е познато по својата театралност и однапред планираните сцени, повредите за време на настапите не се невообичаени. Овој случај повторно го отвори прашањето за безбедноста и одговорноста на учесниците во случај на сериозни повреди или смрт за време на спортски настани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заложничка криза во Германија, има мртви и тешко повредени (ВИДЕО)

Рутинската контрола на оружјето во баварскиот град Бергнау се претвори во целосна криза со најмалку едно лице загинато и едно тешко повредено, јавуваат медиумите во Германија.

Заложничка криза во Германија, има мртви и тешко повредени (ВИДЕО)

Кризата започна кога двајца локални владини претставници дојдоа во домот на еден маж на рутинска контрола на оружјето. Во ситуација опишана од германските медиуми како „нејасна“, човекот застрелал и убил едно лице, а друго сериозно повредило.

Потоа се забарикадирал во својот дом, а на местото на настанот пристигнале големи полициски сили, вклучувајќи и специјални сили. Хеликоптер кружи над Бергнау, а е донесено и полициско оклопно возило.

YouTube video

Полицијата им нареди на жителите да останат во своите домови и да ја избегнуваат кризната зона.

Портпаролот на полицијата Јонас Краус изјави: „Според досегашните информации, во куќа во Бергнау има маж кој наводно испукал неколку куршуми“.

„Франкфуртер Рундшау“ известува дека на полицијата ѝ било дозволено да влезе во зградата и да го извади телото на убиеното лице. Други медиуми објавија дека телото било пред куќата.

YouTube video

Пошироката област околу општината Бергау во Баварија, која има население од околу 2.600 жители, е блокирана.

Според полицијата, нема опасност надвор од блокираната област.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со нас денес е стабилна и во најголемата енергетска светска криза

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава, имаше свое обраќање .

Мицкоски: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со нас денес  е стабилна и во најголемата енергетска светска криза

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава, имаше свое обраќање пред присутните од каде повика на масовно обединување на граѓаните на претстојните избори, а потсети и на времето на претходната власт.

,,Седум години ја ограбуваа, ја распродаваа и ја уништуваа Македонија. Како да овие луѓе до пред само две и пол, три години, не беа тие коишто беа понижувани преку партија фудбалчиња и баскет парти во кабинетите и беа верни слуги на оние кои што владееја со нив. Како да заборавиле и на модуларната болница, како да заборавиле и на стабри и на мархиуана економија. И денеска еве ги тука пред вас, ви кажуваат како тие биле опцијата, како тие ќе го нанеле ударот врз идниот градоначалник Стојанчо, и како тие ќе помогнеле да не бидеме ни ние тие кои што ќе влезат во вториот круг“, вели Мицкоски.

Тој повика на обединување на 18-ти октомври, затоа што, како што вели, опозицијата не е алтернатива.

,,Не се тие алтернативата. Тие се луѓето кои што ја ограбија и уништија Македонија. Зарем сакаме тие времиња да се вратат, кога понижени со свиткана кичма потпишуваа бели листови хартија, распродавајќи ја државата и истовремено ги полнеа своите џебови. Зарем тие истите луѓе, коишто седум години не водеа сметка да ве прашаат и погледаат во очи, како ви е, како се живее и што треба да направат за вас, за вашето место, за вашата општина и за нашата заедничка татковина. Единствено нешто за кое што се грижеа беше нивниот паричник, нивниот удобен живот, дебелите персиски килими, кожните фотелји и што е можно повеќе да украдат од вас граѓаните“, рече Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер