Зголемен број на прегледи на лица со симптоми на алергии - Канал 5

Зголемен број на прегледи на лица со симптоми на алергии

Се зголемуваат прегледите во ординациите на Клиниката за пулмологија и алергологија на нови пациенти со симптоми на алергија.

Зголемен број на прегледи на лица со симптоми на алергии

Во овој период од годината многу често алергиите се со слични симптоми на респираторни инфекии, објаснува професорот Докиќ. Во овој период е цветањето на одредени дрјва, но оние кои имаат алергија на трева треба да почнат редовно да ја земат терапијата, со цел навремно да се заштитат, објаснуваат пулмолозоите.

„Сега е сезоната на тревата која ќе трае и до јуни, редовно да се пие терапија со цел да се намалат симптомите на чешање нос, очи, често кивање“, вели проф.д-р Дејан Докиќ Клиника за пулмологија и алергологија.

Порастот на пациенти е најчесто во пролетниот период, причина е генетиката, но и влијание има и загадениот воздух и храната. Она што е потербно според пулмолозите е новата терапија против алергиите да се стави на позитивната листа на лекови.

„Со новата генерација на лекови многу полесно се поминува алергијата не даваат поспаност и може да се пијат во било кој дел од денот или по потреба. Она што верувам дека има најава е да се прошири позитивната листа на лекови“, потенцира Докиќ од Клиниката за пулмологија и алергологија.

Пулмолозите посебно се загрижени што во Македонија нема епинефрин, или пенкала против анафилактичен шок кои треба да им помогне на луѓето во животозагрозувачи сосотојби од силна алергиска реакција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 28. јули 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 28. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 28. јули 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Не е лесно да се открие или признае грешка, но чесно е да се соочите . Размислете и постапете како што ви вели срцето.

Кариера

Ќе работите на стара задача што не е довршена.Ќе најдете начин да уживате во тоа.

Здравје и совет

Издржете.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Би можело да дојде до бесмислени надмудрувања околу доминација во личните односи. Воздржете се од тоа.

Кариера

Не се сомневајте во себеси.Ова е само преодна фаза низ која морате да поминете.

Здравје и совет

Не се откажувајте.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Оние во подолги врски навистина ќе уживаат во секој момент на заедничкото секојдневие.

Кариера

Следуваат нови услови за работа на работното место Главно ќе ви одат на рака , па прифатете ги.

Здравје и совет

Можна е посета на козметичар.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Повеќето денеска ќе уживаат во својата голема способност да допрат до најсуптилните вибрации на чувствата.

Кариера

Вработените во институции од затворен тип , денеска доаѓаат до завршување на една фаза во работата. Другите ќе мечтаат.

Здравје и совет

Слушајте ја интуицијата.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашата врска и денеска ќе се базира врз секс. На тој начин на партнерот ќе му се вовлечете под кожа.

Кариера

Ќе се потрудите околу некои спонзори со што ќе ја зацврстите финансиската структура на фирмата каде што работите.

Здравје и совет

Преминете од зборови на дела.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние кои од саканите очекуваа да им дадат сигурност , денеска тоа ќе го дочекаат. Ќе бидат задоволни.

Кариера

Ќе им се заблагодарувате на своите соработници што ве следат и имаат доверба во вашите нови идеи.

Здравје и совет

Внимавајте на повреди.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Партнерот ќе покаже големо количество емоции ,што вие нема да можете да ја следите и да ја разберете.

Кариера

На дневен ред би можел да се најде нов договор за работа.Добро проучете ги деталите , па потоа донесете одлука.

Здравје и совет

Ќе има пријатни средби.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Можно е денеска некој да ви искаже љубов или обратно.Ќе биде весело со доста искрени емоции.

Кариера

Ќе бидете креативни им оригинални.На оние кои имаат помалку интересна работа, ќе им треба начин за да се изразат.

Здравје и совет

Бидете сериозни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

На многумина ќе им се чини дека ги води некоја невидлива рака кон уште поголема среќа.Или сте вљубени или се заљубувате.

Кариера

Вашата склоност да си поигрувате со луѓето не е секогаш пријатна. Луѓето се нешто повеќе отколку играчки.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Некои меѓу вас најверојатно ќе покажат чувства кон пријател што можеби ќе ги збуни нивните партнери.

Кариера

Очекуваната заштита би можела да се случи токму денеска .Ќе бидете подготвени за соработка, но ќе треба и да се докажете.

Здравје и совет

Немате грижи.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе почувствувате плима од емоции како расте во вас. Тоа ќе ви биде критериум за сите денешни случувања.

Кариера

На дневен ред ќе се најдат финансиите.Ќе разгледувате нови можности за заработувачка и зголемување на профитот.

Здравје и совет

Мала пречувствителност.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои биле на прагот на љубовта, денеска ќе увидат дека токму тоа им се случува.

Кариера

Ќе се повикате на резултатите од претходната работа , кои не се за потценување.

Здравје и совет

Прифатете ги добрите намери на другите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јованка Тренчевска во „Вести Плус“

Вечерва во „Вести плус“ гостинка ќе биде Јованка Тренчевска

 Јованка Тренчевска во „Вести Плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милионер тврди дека се клонирал како новороденче

Милионерот Брајан Џонсон тврди дека во лабораторија создал свој „клон“ во облик на новороденче, но всушност тоа што го опишува не е клонирање на човек, туку експеримент со неговите клетки.

Милионер тврди дека се клонирал како новороденче

Милионерот Брајан Џонсон тврди дека во лабораторија создал свој „клон“ во облик на новороденче, но всушност тоа што го опишува не е клонирање на човек, туку експеримент со неговите клетки. Според него, таквата технологија еден ден би можела да помогне во обновување на оштетени органи и да го забави процесот на стареење.

„Бебето Брајан“ во лабораторијата

Во објава на платформата X, Џонсон напишал: „Само што се клонирав себеси... како новороденче“. Сепак, тој појасни дека не станува збор за вистински клон, туку за клетки земени од неговото тело.

Според неговата идеја, овие клетки еден ден би можеле да се користат за истражување на нови терапии, развој на лекови, поправка на оштетени ткива и потенцијално создавање клетки за лекување на разни болести.

„Бебето Брајан“ моментално живее во Петриева здела“, напишал. Тој додава дека за некои, таквата технологија може да изгледа како сцена од дистописка иднина, додека други би можеле да ја сметаат како дел од иднината на медицината.

Научната позадина на експериментот

Џонсон објасни дека клетките биле од неговата крв, а потоа третирани со таканаречени фактори Јаманака. Ова се молекули кои можат да ги вратат возрасните клетки во состојба слична на матичните клетки.

Иако Џонсон ги нарекува свој „клон“, експертите попрецизно би ги опишале таквите клетки како индуцирани плурипотентни матични клетки (iPSC). Тие можат да се трансформираат во различни видови клетки во лабораторија, што ги прави важна област на истражување во регенеративната медицина.

Џонсон верува дека еден ден таквата технологија би можела да се користи за регенерација на разни делови од телото, како што се оштетените клетки на кожата, црниот дроб, бубрезите или нервен систем. „Како што клетките стареат, тие се менуваат, овие промени можат да доведат до послаба функција и болести. Оваа технологија отвора можност за истражување на начини како да се врати тој процес“, напиша тој.

Дијагноза што го поттикнала на нови експерименти

Џонсон тврди дека неговата неодамнешна дијагноза на автоимун гастритис го поттикнала и на понатамошно истражување.

Тој претходно објави дека неговата болест, за која верува дека се развивала со години, е официјално потврдена. „Сега имаме официјална дијагноза. Имам автоимун гастритис (AIG). Мојот желудник се напаѓа самиот“, напиша тој.

Тој објасни дека состојбата тешко може да се препознае зашто симптомите се јавуваат после долго време. Автоимуниот гастритис може да доведе до оштетување на желудочната слузница и проблеми со апсорпцијата на одредени витамини.

Истражувања за забавување на стареењето

Џонсон е познат по својот проект Blueprint, во кој инвестира милиони долари за да се обиде да го забави биолошкото стареење. Неговата цел е да го продолжи животот и да ги зачува функциите на телото што е можно подолго.

Неговата рутина вклучува строго контролирана исхрана, бројни медицински тестови и разни експериментални третмани. Тој претходно привлече внимание и со постапки како што се трансфузија на крв од неговиот син, земање печурки псилоцибин и секојдневниот распоред што почнува со будење во 4:30 часот наутро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер