ЗдравјеЗголем бројот на заболени од грип во однос на претходните годиниВо текот на 52-ра недела од 2023 година (25.12-31.12.2023), во земјава се пријавени 403 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип, што е 96,6% повеќе во споредба со претходната недела, соопшти Институтот за јавно здравје.Бројот на пријавени лица споредено со 52-ра недела од минатата сезона е зголемен за 16,1%, а во однос на претходните 13 сезони, е поголем за 79,0%. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип. Во однос на возрасната дистрибуција, 151 лице е на возраст од 15-64 години, 108 се деца на возраст од 0-4 години, 115 деца на возраст од 5-14 години и 29 се лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години. Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Се работи за лице на возраст од 67 години од Скопје кое било хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети (кардиоваскуларни, обезитас и малигно заболување) и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А(H1). Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 1.293. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 39,0%, а во однос на моделот од последните 13 сезони се регистрира зголемување од 20,0%Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
МакедонијаГерасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахтиОпштина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2 000 шахти.Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните. „Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Препаратот што се користи е сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, а наменет е за контрола на штетниците, без да претставува ризик за другите животински видови. Системската дератизацијата е дел од редовнитепревентивни активности за одржување на хигиената и заштита на јавното здравје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСпасено мече фатено во стапица на планината ЈакупицаНа планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес. Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла. Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар. Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово. Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЗаболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години.Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter