3Мицкоски на поставување камен-темелник за спортска сала и увид во градежни активности во Општина Карпош
3 Научниците тврдат дека погрешно ги сметаме кучешките години – Еве колку всушност е возрасно вашето куче
Шоу бизЗгодната Никол покажа со што го завела Бред ПитОсвен убавото лице, полните усни, заради што неверојатно потсетува на Ирина Шајн, таа има и совршена фигура.Откако во јавноста како бомба одекна веста за нејзината врска со Бред Пит, атрактивната Германка со полски корени Никол Потуралски стана вистинска сензација. Нема веќе кој не знае за нејзиното име, а згодната бринета тоа знае да го искористи. Се до неодамна таа беше обичен модел со адреса на живеење во Берлин, а денес името Никол Потуралски и тоа како е познато. Заради врската со холивудскиот шармер, и се отворија многу врати во модната индустрија. Но, не е само новата љубов заслужна за тоа. Потуралски дефинитивно има предиспозиции да стане нов супермодел. Освен убавото лице, полните усни, заради што неверојатно потсетува на Ирина Шајн, таа има и совршена фигура. Тоа сега и го покажа на јавноста преку својот јавен Инстаграм профил на кој ја следат неверојатни 230 илјади луѓе. Додека во тоалетот од хотелската соба позираше пред последното снимање, многумина останаа без здив гледајќи го нејзиното совршено обликувано тело. Совршените пропорции дојдоа до израз,а на многумина им стана јасно со што таа успеала да го заведе хиливускиот актер. Никол се фотоградираше во бикини со леопард принт и напиша дека не може да оди на плажа, но затоа себе ќе си дозволи ден во спа центар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометВардар со трофеј ја отврои новата сезонаПетти Суперкуп за Вардар и петта потврда дека шампионскиот карактер се гради со години, но се докажува на терен. Новата сезона започна онака како што доликува на шампион, со трофеј во рацете. РК Вардар 1961 го освои Суперкупот на Македонија, совладувајќи го ГРК Охрид со 32:31 во драматичен и до последната секунда неизвесен дуел во Гевгелија. „Црвено-црните“ покажаа карактер, сила и победнички менталитет и стигнаа до петтиот Суперкуп трофеј во историјата на клубот. За Вардар, трофејот е повеќе од одличје. Тој е продолжение на традицијата, потврда на амбициите и силна најава за сезоната што следува. Двојниот европски шампион повторно ја потврди својата позиција како најуспешен клуб во историјата на Суперкупот на Македонија. Новата сезона допрва започнува. Следуваат нови предизвици, нови битки и нови цели на домашната сцена, во трката за двојната круна, но и на европскиот терен. Ние веруваме дека Вардар има сила за нив. Како партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија верува во тимот, во неговиот квалитет и во победничкиот менталитет кој со децении го препознаваат генерации вардарови навивачи. Тагови: Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Македонија губи време, губи генерации – најскапото нешто„Македонија губи време, а со изгубеното време ги губи и генерациите. Најскапото нешто во еден човечки живот е токму изгубеното време“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на свечениот настан по повод 35 години независност на Македонија, во Македонската филхармонија. Филипче посочи дека Македонија веќе предолго стои во место и дека додека соседите напредуваат на европскиот пат, државата губи драгоцено време и можности. „Албанија до крајот на 2025 година ги отвори сите 33 преговарачки поглавја, а во јули оваа година започна и со нивно затворање. Црна Гора до 14 јули имаше 18 привремено затворени поглавја. Македонија, која некогаш беше пред нив на европскиот пат, сè уште чека да го отвори првиот кластер. Тоа е факт од кој нема засолниште во патриотска реторика. Можете секој ден да објаснувате дека сте победиле со тоа што не сте направиле ништо. Граѓанинот на крајот ќе види кој се движи напред, а кој стои во место, или назадува“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Филипче нагласи дека времето поминато без суштински реформи и без напредок кон Европската Унија не е само политичка статистика, туку директна загуба за државата и нејзините граѓани. „Власта две години ја уверува јавноста дека ќе издејствува нови услови, нова формула, подобра преговарачка позиција. Европската позиција во јуни 2026 година остана недвосмислена. Во меѓувреме соседите отвораат и затвораат поглавја. Тоа не се само поглавја. Тоа се успешни и тешки реформи кои најчесто не се популарни. Тоа веќе не е дипломатска тактика. Тоа е изгубено време. Најскапото нешто во еден човечки живот. Македонија има потрошено премногу генерации на изгубено време“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ порача дека европските интеграции се најголем државен интерес и дека за нив не се потребни декларации и политичка реторика, туку конкретни одлуки и работа. „Европските интеграции не му припаѓаат на СДСМ. Не му припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ. Не му припаѓаат на ниеден претседател, премиер или министер. Тоа е најголем државен интерес. Не е доволно тоа само реторички да се нагласува, а ништо да не се прави да се стаса до целта. Зад поглавјата стојат судови што треба да судат независно. Администрација што треба да му служи на граѓанинот. Почиста животна средина. Побезбедна храна. Подобри патишта. Поголема конкурентност на фирмите. Повеќе европски пари за училиштата, инфраструктурата, енергетиката и дигитализацијата. Тоа е наједноставната формула на европскиот процес. Реформа, резултат, средства, подобар живот“, потенцираше Филипче. Филипче порача дека Македонија нема повеќе време за нови одложувања и нови изгубени децении. „Последното големо поглавје сè уште не е завршено. Нашата генерација треба да ја заврши работата. Без нови изгубени децении. Без производство на предавници за секој тежок компромис. Без лажен патриотизам кој е најгласен пред камерите, а немоќен и кукавички кога треба да се донесе резултат. Без свечености со кои ќе си докажуваме колку сме успешни додека нашите деца го бараат успехот во други држави. Пред 35 години граѓаните ја избраа независноста. Нашата задача денес е таа независност да има содржина. Добар живот. Праведно општество. Функционална држава. Сигурна иднина. Европска Македонија. Така ќе му оддадеме почит на Киро Глигоров. Не само со филм. Туку со завршена работа“, рече Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес сончево и топло со мала до умерена облачностВремето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 33 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter