3Панова: Во Предлог буџетот за 2027 за судската власт средствата се зголемуваат за 15,3 проценти за разлика од годинава
КултураЗгасна фестивалскиот оган на Античкиот театар, спуштена завесата на „Охридско лето"Згасна огнот на речиси целосно исполнетиот Антички театар, а со него и магијата и возбудата што изминатите 40 дена ги исполнуваше фестивалските сцени.Со синоќешната претстава „Одисеј" по текст на Горан Стефановски, во режисерска поставка на Александар Поповски, а изведена од страна на актерска екипа од повеќе театарски куќи од речиси цела поранешна Југославија, беше затворено годинашното 59-то издание на „Охридско лето". Згасна огнот на речиси целосно исполнетиот Антички театар, а со него и магијата и возбудата што изминатите 40 дена ги исполнуваше фестивалските сцени. Педесеттина музички, сценски, поетски и содржини од ликовното творештво и беа понудени на фестивалската публика во Охрид, на Античкиот театар, во црквата „Света Софија", во предворјето на црквата, на Долни Сарај, уметнички остварувања и доживувања што остануваат врежани во богатата историја на најголемата и најзначајната културна манифестација во земјата. На синоќешното свечено затворање на фестивалот пред бројните вљубеници во уметноста, меѓу кои и министерот за култура Хусни Исмаили, амбасадори на повеќе држави, пратеници, уметници, новинари, актерите од театарските куќи „Гавела" од Загреб, „Улисис" од Бриони, Српскиот народен театар од Нови Сад, СНГ „Драма" од Марибор, „Ателје 212" од Белград, Стериин Театар и Театар „Навигатор" од Скопје „го вратија" Одисеј дома во Итака. И самиот режисер на претставата, Александар Поповски, кој е и селектор на драмската програма на „Охридско лето" на завршната прес-конференција вчера рече дека токму тоа е и причината со „Одисеј" да се затвори годинашното фестивалско издание, за преку таа изведба да се врати и починатиот автор Горан Стефановски во Охрид. Претставата понуди еден поинаков драмски пристап на одисеевата епопеја, со освежен текст и извонредна театарска игра на Oзрен Грабариќ, Aнита Манчиќ, Бранко Јордан, Наташа Матјашец Рошкер, Светозар Цветковиќ, Борис Исаковиќ, Jасна Џуричиќ, Дијана Видушин, Фрањо Дијак, како и нашиот Никола Ристановски, сето надополнето со внимателно поставена музичка матрица на „Фолтин". Магијата под ведро небо и прекраснниот амбиент на Антички само дополнително придонесоа за целосно уметничко доживување и пат низ времето… Годинашното фестивалско издание во Охрид донесе повеќе од 500 уметници, како домашни, така и врвни изведуавачи од Италија, Австрија, Русија, Бугарија, Германија, Чешка, Словенија, Албанија, Норвешка, Хрватска, Франција, Србија, Косово, Финска, но и бројни гости кои дојдоа токму заради фестивалските содржини. Од сработеното изминатите 40 дена, но и преку содржините реализирани надвор од вообичаената програмска шема, задоволни се во управата на Националната установа. Селекторот на музичката програма на „Охридско лето", Васо Ристов, со оценки дека е реализирано уште едно квалитетно, врвно, атрактивно фестивалско издание, како што рече, „достојно за паметење". – На врвните и маестрални изведби на брилијантните уметници, многубројната фестивалска публика им возвраќаше со долги стоечки овации на што уметниците се оддолжуваа со по три или четири биса. Задоволни беа и изведувачите, гости на фестивалот, кои упатија голем број пофалби до фестивалот за прекрасната организација на сите учесници, за реализација на фестивалот, гостопримството, топлата и внимателна публика, како и неповторливата акустика на сценските простори, посебно во црквата „Св.Софија". Тие постојано ја искажуваа својата почестеност што се дел од ова фестивалско издание, фестивал кој е еден од најзначајните европски фестивали, со голема традиција и одличен рејтинг. Воодушевени и од убавините на Охрид, уметниците изразија желба повторно да се вратат и да бидат дел од оваа манифестација, истакна Ристов. Според селекторот на драмската програма на „Охридско лето", Александар Поповски, драмската програма на годинашното фестивалско издание исто така понуди квалитетни театарски претстави со театарски куќи. Оцени дека внеле свежина на фестивалот и оставиле силен печат врз публиката. Тој најави дека веднаш започнуваат подготовките за следното фестивалско издание. – „Охридско лето" е врвот кога станува збор за културните манифестации во нашата земја. И она што не чека догодина се 60 години и навистина една преубава можност да започнеме нов круг и нова приказна со „Охридско лето", рече Поповски. На завршната прес-конференција, директорката на установата Наташа Поповиќ и програмските селектори најавија дека следната година, по повод јубилејот на шеесеттото издание, „Охридско лето" ќе биде збогатено со нови содржини кои ќе ги потврдат и продолжат високите позиции што фестивалот ги ужива во рамки на Европската асоцијација на фестивали. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно и врнежливо време Времето утре ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд, информира УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 10 Лазарополе, 11 Маврови Анови, 12 Попова Шапка, Крушево, 14 Претор, Охрид, 17 Прилеп, 18 Крива Паланка, Берово, Струмица, Пожаране, Ѓуриште, Гевгелија, 20 Битола, Зајчев Рид, Виница, 21 Тетово, Скопје Петровец, 22 Демир Капија, Штип, 23 Кавадарци, 24 Велес. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 2 Лазарополе, Крива Паланка, 1 Маврови Анови. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно со сончеви периоди. Наместа имаше повремени локални врнежи од дожд. Дуваше умерен до засилен ветер од југозападен правец. До крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе престанат. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2). Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 22 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до крајот на седмицата ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизХулио Иглесијас под истрага: Две жени тврдат дека биле жртви на сексуално злоставувањеШпанскиот пејач Хулио Иглесијас (83) повторно се најде во центарот на обвинувања за сексуално злоставување. Шпански суд покрена истрага откако две негови поранешни вработени поднесоа пријава, обвинувајќи го за сексуален напад. Пејачот ги негира сите обвинувања, пренесува „The Sun“. Поранешни вработени тврдат дека биле изложени на закани и насилство Според британскиот таблоид, две жени кои работеле на имотите на Иглесијас на Бахамите и во Доминиканската Република во 2021 година, го обвиниле пејачот за сексуално злоставување. Во својата пријава, тие опишале работна средина која – според нивните наводи – се одликувала со принуда, закани и насилство. Тие понатаму тврдат дека однесувањето на Иглесијас создало атмосфера во која злоставувањето се третирало како нормален дел од секојдневието. Шпанскиот суд отвори истрага врз основа на сомневања за кривични дела против сексуалната слобода. Иглесијас ги негира обвинувањата Пејачот негира какво било незаконско однесување. Оваа нова истрага доаѓа по отфрлањето на претходните обвинувања против него. Засега не се објавени дополнителни детали во врска со постапката, можните докази или следните чекори што ќе ги преземат правосудните органи. Важно е да се нагласи дека станува збор за обвинувања кои моментално се предмет на истрага, а не за судска одлука за вина.Тагови: Хулио Иглесијас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
СветЗеленски бара евакуација на повеќе цивили, предлага десет локации под окупацијаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски предложи десет нови операции за хуманитарна евакуација во регионите Херсон и Запорожје.Неодамнешното примирје, кое им овозможи на стотици цивили да го напуштат Олешки – украински град под руска окупација – ќе послужи како модел за овие операции, пренесува „Еуроњуз“. Во вторникот, Зеленски објави дека за предлогот се разговарало на состанок посветен на исходите од неодамнешните трилатерални преговори во Абу Даби. „Украина предложи 10 дополнителни локации на привремено окупираните територии во регионите Херсон и Запорожје, каде што е потребна слична хуманитарна операција“, напиша тој на социјалните мрежи. Тој не прецизираше за кои населени места точно станува збор. Украинската дипломатска делегација ќе разговара за овој предлог со американските посредници. Моделот за евакуација од Олешки Примирјето во Олешки, кое траеше од 27 октомври до 1 ноември, беше воспоставено на иницијатива на првата дама на САД, Меланија Трамп, и им овозможи на жителите да заминат преку безбеден коридор. Меланија Трамп изјави дека вкупно биле евакуирани речиси 800 луѓе. Оние што одбрале да преминат на територијата под украинска контрола биле превезени преку Гомел, Белорусија, до регионот Чернигов. Други, наводно, избрале да бидат евакуирани во Русија. Ниту Украина, ниту Русија не објавија точни бројки за ниту една од групите. Киев подоцна тврдеше дека Русија го искористила примирјето за ротација на своите трупи на левиот брег на Днепар, во регионот Херсон. Паралелни предлози Комесарот за човекови права при Врховната рада, Дмитро Лубинец, изјави дека се договорил со својата руска колешка Јана Лантратова да упатат апел до првата дама на САД, со цел моделот од Олешки да се примени и во други окупирани населени места. Рускиот претседател Владимир Путин изнесе паралелен предлог за време на средбата со Трамп и американскиот пратеник Стив Виткоф во Кремљ, на 12 ноември. Тој предложи слична операција во Константинивка, во регионот Доњецк, тврдејќи дека градот е под руска контрола. Советникот на украинскиот претседател, Дмитро Литвин, изјави дека Русија веројатно предлага примирје од истата причина како и во Олешки – за да изврши ротација на своите војници. Спор околу статусот на Костјантинивка Извештаи од украинската војска и анализи засновани на отворени извори укажуваат на тоа дека руските сили држат само делови од источниот и југозападниот раб на градот. Значителен дел од градот се наоѓа во зоната на конфликтот, додека остатокот е под контрола на украинските вооружени сили. Путин во повеќе наврати тврдеше дека руските сили веќе го зазеле тој град. Извор: Индекс.хрТагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter