Зете истоварај! Бугарин ја срушил куќата под хипотека и ја истоварил пред банката!

Куќата била под хипотека а семејството немало пари да го плаќа кредитот. Земјиштето под куќата не било под хипотека, па семејството решило да ја откорне куќата и да и ја даде на банката во урнатини!

Бугарин ги потрошил последните пари да ја урне куќата во која живеел со семејството.

Урнатините ги собрале во камион и отишле во градот Тетевен, пред банката.

На целата мака решиле малку да се пошегуваат со банкарите.

Таткото глумел дека моли да не му ја земаат куќата и да направат исклучок, да го почекаат да плати кога ќе има.

Но директорот на банката категорично изјавил дека нема да прави исклучок за никого.

На ова Бугаринот извикал: Зете, истоварај! не даваат исклучок!

Зетот, кој бил камионџија, ги истоварил урнатините од куќата пред банката и засвирел на сирената да го поздрави директорот!

/ извор: vijesti.me

Во американскиот Сенат почна сослушувањето на кандидатите за министри во кабинетот на Бајден

Американскиот Сенат започнал со сослушување на кандидатите за министерски места во владата на новиот претседател Џо Бајден.

Џенет Јелен, поранешната шефица на Федералните резерви, потврдена за иден министер за финансии е меѓу првите што се појавила пред Комитетот на Сенатот, оној за финансии.

Ентони Блинкен, изборот на Бајден за државен секретар, ќе одговора на прашањата на комитетот за надворешни работи и Лојд Остин како потенцијален министер за одбрана пред воениот комитет.

Комитетот за разузнавање ќе го испита Аврил Хаинс, кој треба да ја преземе националната агенција за разузнавање, а Алехандро Мајоркас треба да стане нов министер за домашна безбедност.

Комитетите ги испитуваат кандидатите, но тие се потврдени од Сенатот со гласовите на сите пратеници, во согласност со американскиот Устав.

Анализа: Имунолошкиот систем го памети коронавирусот најмалку шест месеци

Луѓето можат да се одбранат од втора инфекција со коронавирус најмалку шест месеци по закрепнувањето од првата благодарение на клетките кои се сеќаваат на вирусот, објавија американски и швајцарски научници.

Експертите од Соединетите Држави и Швајцарија ги проучувале клетките на десетици луѓе заразени со коронавирус и откриле дека иако нивните антитела се намалуваат со текот на времето, нивото на Б-клетките (Б-лимфоцитите) останува исто.

Б-лимфоцитите се важен дел од имунолошкиот систем, бидејќи тие се клетки кои се сеќаваат на патогените микроорганизми и во случај на реинфекција го стимулираат имунитетот за да го започне производството на антитела за борба против вирусот.

„Таквиот одговор на Б-клетките е одговорен за заштита од повторна инфекција и е од витално значење за ефективна вакцина“, се вели во студијата објавена во списанието „Nature“.

"Нашето истражување покажа дека меморијата на Б-клетките не опаѓа по шест месеци, туку сосема спротивното - таа продолжува да се развива. Ова укажува на можност поединците кои биле заразени со коронавирус да реагираат брзо и ефикасно на повторното изложување на вирусот", напишале тие.

Нивната студија опфатила 87 лица со потврдена дијагноза на ковид-19, проучени помеѓу еден и шест месеци по инфекцијата.

Активноста на нивните антитела се намалила со текот на времето, но бројот на Б-клетки не се променил. Овој процес треба да предизвика производство на повеќе потентни антитела во случај на втора инфекција.

Колку трае имунитетот по инфекцијата со коронавирус е прашање на кое научниците работат веќе некое време, бидејќи тоа е клучно за предвидување на динамиката на пандемијата.

И додека претходните истражувања веќе откриле дека антителата можат релативно брзо да се распаѓаат, поновите покажале дека и другите делови на имунолошкиот систем, како што се Б-клетките, исто така може да играат улога за подолг имунитет.

Студија објавена во списанието „Science“ овој месец сугерира дека скоро сите поголеми делови на имунолошкиот систем кои можат да препознаат и запомнат нов патоген, продолжуваат да реагираат на вирусот најмалку осум месеци.

Германија воведува строг карантин до 14 февруари, забранети се платнени маски

И покрај тоа што состанокот на германската канцеларка Ангела Меркел со лидерите на сојузните држави се уште трае, излегле голем број информации и содржината на документот со новите мерки.

Што е најважно, Германија оди во уште построга блокада што ќе трае до 14 февруари.

Меркел и лидерите на сојузните држави се согласиле дека покрај постојните, треба да се воведат и мерки за задолжително носење висококвалитетни медицински заштитни маски во продавниците и јавниот превоз. Ова ги вклучува т.н. хируршки маски и маските попознати по назнаките FFP2 и N95.

Според новите правила, на граѓаните ќе им биде забрането да носат платнени маски или шалови како замена за маските во јавниот превоз.

Покрај тоа, документот со новите мерки предвидува федералното Министерство за труд и социјала да издаде регулатива за работа од дома. Според неа, работодавците мора да им дозволат на вработените да работат од дома секогаш кога е можно. Ова ќе ги намали контактите на работа, но исто така и на пат кон работата, што треба да го забави ширењето на коронавирусот.

Исто така, од работодавците се бара да воспостават флексибилно работно време за сите оние кои треба да одат на работа и да избегнуваат гужви во јавниот превоз рано наутро и попладне. Ограничувањата ги содржи работниот документ што излегол од средбата меѓу Меркел и покраинските премиери. Бројот на нови инфекции се намалил, а притисокот врз болниците и единиците за интензивна нега малку е намален. Сепак, „падот на бројот на заразени во Германија мора дополнително да се забрза“ за да се спречи ризикот од ширење на новиот сој на коронавирус.

Германија е во вид на блокада од ноември, која првично требало да трае само четири недели и дефинитивно да заврши пред Божиќните празници. Во меѓувреме, училиштата, продавниците што не продаваат основни намирници, баровите, рестораните и забавните и културни објекти се затворени во земјата, со мерки што постепено се интензивираат од нивното воведување на почетокот на ноември. Во сила е и мерката според која едно домаќинство може да го посети само едно лице надвор од тој круг.

Во области каде има повеќе од 200 нови случаи на 100.000 жители, не е дозволено да се напушта куќата повеќе од 15 километри.

притисни ентер