Земјотрес во Италија, затворени училишта - Канал 5

Земјотрес во Италија, затворени училишта

По земјотресот со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди подрачјето на вулканската калдера Кампи Флегреј во близина на Неапол, Италија во 5:51 часот затворени се неколку училишта.

Земјотрес во Италија, затворени училишта

Земјотресот е најсилно почувствуван во Неапол, како и на островите Искија и Прочида во Неаполскиот Залив, а многу граѓани објавија на социјалните мрежи дека се разбудиле од тресењето на земјата, пренесува Анса.

Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од три километри, 15 километри југозападно од Неапол.

Училиштата се затворени како мерка на претпазливост додека службите за цивилна заштита вршат проверки. Областа Кампи Флегреј, позната и како Флегрејски полиња, моментално е погодена од брадисеизам, т.е. постепено подигнување на земјиштето, а во последните три години се регистрирани и низа земјотреси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рокас: Кога преземените обврски ќе се исполнат, процесот кон членство ќе биде забрзан

Земјата нема од што да се плаши, кога преземените обврски ќе се исполнат имам надеж дека процесот кон членство ќе биде забрзан – порача евроамбсадорот Михалис Рокас.

Рокас: Кога преземените обврски ќе се исполнат, процесот кон членство ќе биде забрзан

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски на увид на изградбата на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, утринава изврши увид во изградбата на втората фаза од железничката пруга кон Бугарија, на делницата Бељаковце–Крива Паланка.

Николоски на увид на изградбата на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка

Таму беше Сандра Спасовска.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски денес пред пратениците

Кој колку украл во министерството за земјоделство, во чие време биле поголеми корупциските скандали, долгови, разочарани земјоделци - власта и опозицијата со меѓусебни обвинување за интерпелацијата.

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски денес пред пратениците

Кој колку украл во министерството за земјоделство, во чие време биле поголеми корупциските скандали, долгови, разочарани земјоделци - власта и опозицијата со меѓусебни обвинување за интерпелацијата што СДСМ ја поднесе за министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Од опозициската партија бараат оставка од Трипуновски со критики дека за две години влада предводена ВМРО-ДПМНЕ, македонското земјоделство е доведено во катастрофална состојба, со корупција и блокирани европски средства. Тој, пак наводите од опозицијата ги оцени како невистинити, паушални и неуспешен обид за добивање политички поени.

Според Трипуновски, СДСМ и екс министерот Николовски се тие што оставиле пустош во земјоделието, хаос во институциите, неисплатени плати во јавните претпријатија и субвенции, задолжувања.

Опозициските пратеници во дебатата бараат политичка одговорност од Трипуновски, од владејачкото мнозинство со контра обвинувања за состојбите додека СДСМ биле на власт.

Дебатата за интерпелацијата за министерот Трипуновски може да трае најдоцна до полноќ, по што пратениците треба да гласаат, но извесно е дека таа нема да ја добие поддршката од владејачкото мнозинство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер