ВМРО-ДПМНЕ: Гази Баба меѓу првите скопски општини која младите до 35 години ги ослободи од комуналии за изградба на куќа
2ВМРО-ДПМНЕ: Гази Баба меѓу првите скопски општини која младите до 35 години ги ослободи од комуналии за изградба на куќа
3СДСМ: Финансиската полиција потврди, НБМ не побарала проверки за Алта банка - зошто Обвинителството молчи?
СветЗемјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди југозападниот дел на ИранЗемјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди југозападната иранска провинција Систан-Балуџистан, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).Земјотресот бил на длабочина од 35 километри, соопшти USGS, додавајќи дека епицентарот бил на околу 66 километри северозападно од градот Фануј. Засега нема информации за евентуални човечки жртви, повредени или материјална штета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Основниот суд во Охрид почнува судењето против Кристијан Корабоски за нападот врз СараВо Основниот суд во Охрид почнува судењето против Кристијан Корабоски за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска.Со отворање на главната расправа, денеска, во Основниот суд во Охрид, почнува судскиот процес против 31-годишниот охриѓанец Кристијан К., обвинет за нападот врз 26-годишната девојка Сара Ѓ. од Охрид, што се случи на 15 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Гази Баба меѓу првите скопски општини која младите до 35 години ги ослободи од комуналии за изградба на куќаГази Баба меѓу првите скопски општини која младите до 35 години ги ослободи од комуналии за изградба на куќа, следува законско решение кое ќе важи на цела територија.ВМРО-ДПМНЕ продолжува со креирање и спроведување конкретни политики за поддршка на младите за да им овозможи полесно да го решат едно од најважните животни прашања, обезбедувањето сопствен дом. Со новата мерка, која ќе биде преточена во законско решение, се предвидува младите брачни парови на возраст до 35 години, кои сакаат да изградат сопствен дом, да бидат ослободени од плаќање комуналии кон општините, на цела територија на државата. Оваа мерка претставува директна финансиска поддршка за младите семејства и значително олеснување при започнувањето на изградбата на сопствен дом. Дека станува збор за конкретна политика, а не само за најава, покажува и нејзината досегашна реализација во неколку скопски општини, меѓу кои и Општина Гази Баба, која е меѓу првите. Општина Гази Баба уште кон крајот на минатата година ја спроведе мерката, со која младите брачни парови до 35 години се ослободуваат од целосниот износ на комуналиите што и припаѓаат на општината. Дополнително, Советот на Град Скопје ја усвои мерката со која младите брачни парови до 40 години и самохраните родители се ослободуваат од 60 проценти од вкупниот надоместок за уредување на градежното земјиште, односно од делот што му припаѓа на Градот Скопје, за објекти во рамките на Генералниот урбанистички план. Првичната старосна граница од 29 години беше проширена на 35, односно 40 години, по направените анализи и согледувањето на реалните потреби на младите семејства, затоа што целта е поддршката да опфати што поголем број млади луѓе и семејства на кои им е потребна помош при создавањето услови за сопствен дом. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на политиките што носат конкретни придобивки за граѓаните за младите да имаат сигурност, перспектива и можност својата иднина да ја градат во Македонија. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Финансиската полиција потврди, НБМ не побарала проверки за Алта банка - зошто Обвинителството молчи?Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, на надзорната расправа во Собранието потврди дека Народната банка ниту ја известила Управата за случајот со Алта банка, ниту побарала од неа проверки за лица.Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, на надзорната расправа во Собранието потврди дека Народната банка ниту ја известила Управата за случајот со Алта банка, ниту побарала од неа проверки за лица од управниот или надзорниот одбор на банката. Ивановски призна и дека Финансиската полиција нема отворен предмет. Ова значи дека не се проверени потеклото на капиталот за кој медиуми во Србија наведуваат дека се криминално стекнати пари. Значи клучни за Алта банка да влезе во Македонија биле консултациите на Трајко Славески со Христијан Мицкоски кои гувернерот јавни ги призна. Мицкоски вчера во Собрание одбегна да одговори на прашањето од претседателот Венко Филипче со кого го направил дилот за влез на Алта банка во Македонија. Во меѓувреме, истрагата во Србија се проширува, има нови осомничени и уапсени. Дубравко Мацура, брат на претходно уапсениот сопственик на банката Давор Мацура. Тој е осомничен дека неовластено влегувал во трезорот на банката, изнесувал готовина во евра и му ја предавал на својот брат. Во истиот случај е уапсена и директорка на „Алта пеј груп“ Татјана Бундало. Значи таму има истрага, има приведени, одземена е лиценцата на Алта банка, се истражуваат 380 милиони евра.... Во Македонија нема ништо. Македонското Обвинителство сè уште молчи и не отвора истрага за Алта банка. Зошто? Дали има телефонска нарачка ништо да не се презима за да се спаст Мицкоски, Славески и сите инволвирани во скандалот со Алта банка? СДСМ на 12 ноември поднесе кривична пријава против Трајко Славески и други службени лица во Народната банка. Јавноста не знае дали се постапува по неа или се држи во фиока? Скопје, 27.11.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook