Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди Западен Тексас - Канал 5

Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди Западен Тексас

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди западната американска држава Тексас. 

Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди Западен Тексас

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил во 1:47 часот по локално време, на 74 километри североисточно од тексашкиот град Ван Хорн и 189 километри источно од мексиканскиот град Сиудад Хуарез со епицентар на длабочина од 10 километри.

Засега нема извештаи за жртви ниту за причинета материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Миленикот на Заев, Богоев местел тендер во Царина вреден 300 илјади евра и побарал мито од 2.000 евра

Стефан Богоев ја следел добро познатата матрица на својот политички ментор Зоран Заев. 

ВМРО-ДПМНЕ: Миленикот на Заев, Богоев местел тендер во Царина вреден 300 илјади евра и побарал мито од 2.000 евра

Додека СДС зборува за правда, транспарентност и чесност, на површина повторно излегуваат скандали, сомнежи за корупција, влијанија и договарање тендери зад затворени врати.

Богоев, поранешен директор на Царинската управа и висок функционер на СДС, е осомничен за местење тендер вреден над 300 илјади евра, при што според информациите кои излегоа во јавноста се товари и за примање награда за противзаконито влијание во вредност од околу 2.000 евра.

Очигледно е дека Богоев решил да ја следи матрицата на делување на својот политички ментор Зоран Заев кој бараше евро за Вицето.

Според јавно достапните информации, Богоев и Александар Спирковски – Џемо договарале која фирма ќе го добие тендерот за одржување на хигиената на граничните премини и царинските терминали. А со тоа директно овозможиле правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари.

Дополнително покрај сомнежите за влијание врз тендерската постапка, Богоев се товари и дека за својата улога побарал и добил лична корист. Наместо да работи во интерес на институциите и граѓаните, Богоев работел за сопствен ќар.

Фактот што за Богоев е побарана мерка притвор говори дека надлежните органи располагаат со сериозни индиции и докази за неговото постапување.

Богоев е огледало на СДС, партија чии функционери премногу често се поврзуваат со тендери, афери, рекети и сомнежи за корупција.

Граѓаните имаат право да знаат кој и како управувал со институциите и како се трошеле народните пари. Затоа истрагата треба да биде целосна, темелна и без политички калкулации, а сите инволвирани да понесат одговорност согласно законите.

Времето кога функционери блиски до СДС мислеа дека се недопирливи мора да остане во минатото. Одговорност мора да има за секого.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија падна за две места на новата листа на ФИФА

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија по ремито на пораз на последните две пријателски средби забележа пад на листата на ФИФА на најдобри светски селекции. 

Македонија падна за две места на новата листа на ФИФА

По ремито со Босна и Херцеговина во Сараево и високиот пораз на гостувањето кај Турција, македонската фудбалска репрезентација направи пад за две места на најновата ФИФА листа. Македонија сега се најде на 69. место на светската ранг-листа на најдобри фудбалски репрезентации so 1369.16 поени.

Пред нас се најдоа Зеленортските острови, како и Обединетите Арапски Емирати, а и Босна и Хрецеговина напредуваше до 64. место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: ЕУ, Кошта и Вајц го потврдија СДСМ, сите лаги на Мицкоски се разобличени

Од највисоко европско ниво пристигнаа јасни и недвосмислени потврди за сето она што СДСМ го говори со месеци наназад – сите лаги на Мицкоски се разобличени.

СДСМ: ЕУ, Кошта и Вајц го потврдија СДСМ, сите лаги на Мицкоски се разобличени

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на преговорите со Европската Унија.

Лагите со кои Мицкоски ги манипулираше граѓаните се потопени.

Во исто време, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои извештајот на Томас Вајц за Македонија, во кој се констатира недоволен напредок во реформите, особено во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата.

Ова е директна потврда дека Владата на Мицкоски не спроведува реформи.

Наместо независни институции, сведочиме на политички притисоци врз правосудството, јавно мешање во работата на обвинителството и обиди за партиска контрола врз институциите.

Извештајот на Вајц дополнително предупредува и на странско непријателско влијание и кампањи за дезинформации кои ја поткопуваат демократијата.

Тоа е уште една потврда за она на што СДСМ предупредува со месеци – дека антиевропските наративи, дезинформациите и евроскептицизмот не се случајни, туку дел од организирана кампања по примерот на Вучиќ и сестринската партија на ВМРО-СНС.

Додека Мицкоски и неговата пропагандна машинерија шират стравови и лаги за наводно загрозување на идентитетот, јазикот и културата, вистинската цел е да се задржи државата во изолација и да се спречи европската интеграција.

Лажниот патриотизам служи само како параван за неспособноста, корупцијата и отсуството на реформи. Наместо напредок кон Европа, Македонија е заглавена со кримимална група на власт.

Денес е кристално јасно: со Христијан Мицкоски и ВМРО нема Европа, нема реформи и нема подобар животен стандард.

Дури и во последниот заеднички документ (position paper) на владите на Берлин и на Париз се Копенхашките критериуми. Значи без реформи и исполнување на единствениот услов за внесување на малцинствата во уставот нема продолжување на преговорите со ЕУ. Уште една потврда на тоа што го говори СДСМ.

Затоа, реформи сега. Европа сега.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер