Земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди северен Иран - Канал 5

Најмалку 12 загинати во израелските напади во Либан

Израелските напади во источен Либан денеска убија 12 лица, објавија либанските медиуми.

Најмалку 12 загинати во израелските напади во Либан

Израелската армија соопшти дека ги таргетирала позициите на проиранското движење Хезболах во областа.

-Непријателски воени авиони извршија напади врз областа Вади Фара во северната долина Бека во Либан, од кои еден беше насочен кон камп за раселени Сиријци, при што загинаа 12 лица, а осум беа повредени, додадоа либанските медиуми.

Израелските напади беа најсмртоносните откако минатата година беше склучен прекин на огнот со кој завршија борбите меѓу милитантната група Хезболах и Израел.

Безбедносен извор изјави дека петмина од загинатите се борци на Хезболах. Седуммина од загинатите се сириски државјани, кои често работат на земјоделските полиња во Бека.

Претходно денеска, израелскиот министер за одбрана Израел Кац рече дека нападите „се јасна порака до терористичката организација Хезболах, која планира да ја врати својата способност да го напаѓа Израел преку силите Радван“.

„Citizen“ лансира револуционерен часовник

„Citizen“ гордо слави 30 години од својата „Eco-Drive“ технологија со лансирање на ексклузивен часовник во ограничено издание.

„Citizen“ лансира револуционерен часовник

Моделот со број „AQ4106-26L“ ќе биде достапен во само 300 парчиња низ целиот свет и доаѓа со цена од околу 3.300 американски долари, што е околу 2.820 евра.

Часовникот се издвојува со бројчаник направен од индиго „Tosa washi“ хартија, рачно обоен со техниката Муракумо шибори, метод што создава шари слични на облаци преку нежно притискање и боење.

Доаѓа следниот месец

Секој бројчаник е уникатен, што ја одразува посветеноста на „Citizen“ кон уметничкиот израз и индивидуалноста.

Куќиштето е направено од темен материјал „Super Titanium“ и дополнително е заштитено со „Duratect DLC“ слој, што го прави многу издржлив, но елегантен. Покрај визуелната привлечност, часовникот е опремен со прецизен механизам кој го покренува светлина (Eco-Drive).

Исто така, има вечен календар кој автоматски се прилагодува до 28 февруари 2100 година и вклучува моментална промена на датумот точно на полноќ.

Дополнителните карактеристики вклучуваат детекција на удари и механизам за заклучување за заштита на деликатниот внатрешен механизам, како и автоматска корекција на положбата на стрелката за одржување на точни информации за времето.

Извор: Б92

Гил: На дофат е принципиелен договор во трговските преговори меѓу ЕУ и САД

- Немаше да се вклучиме во преговори, ако не мислевме дека тие преговори би можеле да доведат до добар резултат, истакна Гил.  

Гил: На дофат е принципиелен договор во трговските преговори меѓу ЕУ и САД

Европската Унија смета оти „на дофат“ е принципиелен договор во трговските преговори со САД и сите нејзини напори во моментов се насочени и фокусирани во тој правец, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за економска безбедност, трговија, финансиски услуги и царини Олоф Гил.

- Немаше да се вклучиме во преговори, ако не мислевме дека тие преговори би можеле да доведат до добар резултат, истакна Гил.

Тој додаде дека трговските преговори со САД се наоѓаа во „најчувствителната фаза“ и оти ЕУ работи на постигнување принципиелен договор пред истекување на рокот од 1 август поставен од Вашингтон за стапување во сила на царините.

- Можам да потврдам дека еврокомесарот (за трговија Марош) Шефчович синоќа разговараше со американскиот секретар за трговија Хауард Лутник. Не можам да дадам никакви детали за разговорот. Можам да потврдам дека комесарот Шефчович вечерва ќе разговара со трговскиот претставник на САД, Џејмисон Грир. Можам да потврдам и дека во моментов технички тимови на Европската комисија се на пат кон Вашингтон, но нема да навлегувам во детали во врска со преговорите со САД, рече Гил.

Во врска со т.н. втора листа на контрамерки што ја подготви Европската комисија, Гил рече дека таа вчера е доставена до земјите членки, засегнатите страни и индустрискиот сектор во ЕУ и тие ќе имаат можност да ја разгледаат и да достават свои мислење по предлогот.

- Ќе ги земеме предвид мислењата и ќе дадеме конечен предлог до земјите членки, а тие потоа ќе можат да ја одобрат таа втора листа. Немаме намера да предлагаме какви било контрамерки пред 1 август, додека траат преговорите, додаде Гил.

притисни ентер