Димитриеска-Кочоска на средби со претставници на Светска банка и ИФЦ: Потврдена поддршката за реформите и развојните приоритети на државата
1Димитриеска-Кочоска на средби со претставници на Светска банка и ИФЦ: Потврдена поддршката за реформите и развојните приоритети на државата
БалканЗемјотрес на западот од ГрцијаЗемјотер со јачина од 4,2 степени по Рихтеровата скала во текот на ноќта ги затресе регионите Ахаја и Етолија-Акарнанија на западот од Грција.Земјотресот се случил во 02:20 часот, пренесе „АНА“. Според Институтот за геодинамика од Атинската национална опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил на седум километри југозападно од градот Нафпактос, на длабочина од 16 километри. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар наведува дека јачината на земјотресот била 4,5 степени по Рихтер, а дека епицентарот бил на 12 километри северно од градот Патрас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска на средби со претставници на Светска банка и ИФЦ: Потврдена поддршката за реформите и развојните приоритети на државатаСветската банка останува еден од значајните развојни партнери на Македонија, обезбедувајќи финансиска и експертска поддршка за спроведување на реформите и реализација на проекти во повеќе области.Во рамки на Годишните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средби со регионалната потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора, и извршниот директор на Светската банка за Конституенцата во која членува Македонија, Јуџин Ругенат. На средбите беше разговарано за досегашната соработка со овие меѓународни финансиски институции, тековните активности и проектите што се реализираат во земјата, како и можностите за натамошно унапредување на партнерството во поддршка на реформите и развојните приоритети на државата. Светската банка останува еден од значајните развојни партнери на Македонија, обезбедувајќи финансиска и експертска поддршка за спроведување на реформите и реализација на проекти во повеќе области. Тековното портфолио опфаќа активности насочени кон унапредување на јавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство. Во разговорите беше истакната и важноста на соработката со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) во насока на поттикнување на приватните инвестиции, подобрување на деловното опкружување, поддршка на зелената транзиција и зголемување на конкурентноста на домашната економија. Посебно внимание беше посветено на реализацијата на Рамката за партнерство со Светската банка за периодот 2024–2028 година, која предвидува значителна финансиска и техничка поддршка за земјата која е во износ од околу 700 милиони долари. Во таа насока, акцентот беше ставен на забрзување на реализацијата на проектите, поефикасно користење на расположливите средства и постигнување конкретни резултати за граѓаните и економијата. На средбите беше разговарано и за можностите за поддршка на нови стратешки инвестиции, како и за унапредување на соработката во областите што се значајни за економскиот раст, конкурентноста на приватниот сектор и подобрувањето на квалитетот на јавните услуги. Министерката Димитриеска-Кочоска истакна дека Владата останува посветена на спроведувањето на реформите, одржувањето на макроекономската стабилност и унапредувањето на управувањето со јавните финансии. Партнерството со меѓународните финансиски институции има важна улога во реализацијата на развојните приоритети и стратешките инвестиции што треба да придонесат за долгорочен и одржлив економски раст. Претставниците на Светска банка ја поздравија определбата на Владата за продолжување на реформите и ја потврдија подготвеноста на институцијата и во наредниот период да обезбедува експертска и финансиска поддршка за остварување на развојните приоритети на земјата. На средбата покрај министерката присуствуваше и гувернерот на Народната банка Трајко Славески.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаКомисијата за избори и именувања ќе ги интервјуира тројцата кандидати за член на Судскиот советСобраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија.Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија што го избира македонското собрание. На огласот биле пријавени четворица кандидати, а тројца ги исполнувале условите по проверката на нивните документи. Интервјуа ќе бидат спроведени со Емилија Алексовска, адвокат од Куманово, Џоко Диков, адвокат од Струмица и Фадил Џелили, адвокат од Гостивар. Претходниот оглас за избор на член на Судскиот совет што го избира собранието беше поништен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети болоњезеВо среда (07.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Бојана Михајловиќ.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. шпагети 250 гр. мелено месо 1 главица кромид 1 ќесичка Болоњезе сос малку магдонос масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00