Земјотрес на Крит - Канал 5

Земјотрес на Крит

Земјотрес со јачина од 4,4 степени го погодил островот Крит во Грција, пренесе грчката информативна агенција АНА.

Земјотрес на Крит

Геодинамичкиот институт во Атина соопштил дека епицентарот на земјотресот бил во морето, 87 километри од градот Ерапетра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветаноски: Ниту еден месец не издржа студентскиот „Стив Наумов“- влага по реконструкцијата од 10 милиони!

Ни еден месец не издржа реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“!

Цветаноски: Ниту еден месец не издржа студентскиот „Стив Наумов“- влага по реконструкцијата од 10 милиони!

Влага, вода што протекува од сите страни, нема греење, нема топла вода!

Нели „Стив“ ќе беше хотел од А-категорија?

Вака ли изгледа хотел од А-категорија, со прокиснати соби и влага по ѕидови?

Се потрошија 10 милиони, а наместо подобри услови, студентите немаат ниту основни услови за живот!

За што се потрошија милионите? Каде завршија парите? Повторно во сомнителни партиски тендери?

Очигледно, поважно е да се набават автомобили на лизинг, отколку обезбедување достоинствени услови за студентите.

Двојно ја зголемивте партиципацијата за сместување. За што студентите плаќаат 6.600 денари месечно? За прокиснати соби и мизерни услови?

Веќе не можете да ги лажете студентите!

Бараме итно одговорност.

Проверка, објавување на сите трошоци и договори и утврдување одговорност!

За секој потрошен денар мора да има отчет.

На денот на ВМРО ова е порака од младите до арамиите на власт: ќе одговарате!, рече Бојан Цветаноски, потпретседател на СДММ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Самитот ЕУ- Западен Балкан ќе се одржи на 25 ноември во Брисел

Лидерите на Европската Унија и Западен Балкан ќе се сретнат во Брисел на 25 ноември, објави денеска Европскиот совет.

Самитот ЕУ- Западен Балкан ќе се одржи на 25 ноември во Брисел

Лидерите на Европската Унија и Западен Балкан ќе се сретнат во Брисел на 25 ноември, објави денеска Европскиот совет, додавајќи дека самитот ќе ја истакне важноста на односите меѓу ЕУ и Западен Балкан.

Европската Унија ќе биде претставена на самитот од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, кои повторија дека иднината на Западен Балкан лежи во Европската Унија.

„Нивниот пристап е наш приоритет, наша заедничка амбиција и клучна геополитичка инвестиција во овие турбулентни времиња. ЕУ е и ќе остане најсигурен партнер на овој регион“, нагласи Коста.

Во соопштението се вели дека Самитот е можност да се потврди посветеноста на ЕУ на перспективата за членство на Западен Балкан, како и да се охрабрат партнерите да ги забрзаат решителните реформи и да ги исполнат обврските потребни за напредок на нивниот пат кон ЕУ.

Исто така, беше објавено дека лидерите ќе го оценат напредокот во постепената интеграција на Западен Балкан во ЕУ, особено преку Планот за раст на Западен Балкан и ќе разговараат за тоа како понатаму да се унапреди овој процес, а ќе разгледаат и заеднички предизвици и начини за зајакнување на безбедноста и отпорноста во сè посложена геополитичка средина.

Претходниот самит ЕУ-Западен Балкан се одржа на 5 јуни годинава во Тиват.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“.

Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“, којашто се одржа на 22 октомври 2026 година во Приштина, по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово. Дел од делегацијата се судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер.

Костадиновски говореше во рамки на втората панел-сесија, на темата „Уставните судови, демократијата и владеењето на правото“, осврнувајќи се на улогата на уставното судство во заштитата на демократските вредности, институционалната рамнотежа и границите на уставносудската контрола. Во фокус на неговото обраќање е судскиот активизам како гарант за заштита на демократските вредности.

Костадиновски го истакна значењето на уставниот дијалог, меѓусебното почитување на надлежностите и аргументираното толкување на Уставот. Тој нагласи дека уставните судови мора да бидат доволно храбри да носат и непопуларни одлуки кога тоа го налага заштитата на уставните вредности, но истовремено и доволно воздржани за да не ја преземат улогата на законодавецот.

„Силен уставен суд не е оној што има најголема моќ, туку оној што има најголем авторитет да ја заштити уставноста“, истакна Костадиновски, посочувајќи на значењето на правната аргументација, доследноста, независноста и довербата во уставното судство, соопштуваат од Уставниот суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер