Земјотрес на границата меѓу Киргистан и Кина

 Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди пограничната област на Киргистан и кинеската област Синџијанг, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).

Земјотрес на границата меѓу Киргистан и Кина

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, додава ГФЗ.

Засега нема информации за повредени или штети. /МИА

ЕУ е „подготвена“ да обезбеди поддршка по земјотресот во Мјанмар и Тајланд

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека блокот од 27 нации е подготвен да помогне по силниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата скала, што ги погоди Мјанмар и Тајланд.

ЕУ е „подготвена“ да обезбеди поддршка по земјотресот во Мјанмар и Тајланд

„Потресни сцени од Мјанмар и Тајланд по разорниот земјотрес. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства. Подготвени сме да обезбедиме поголема поддршка“, напиша Фон дер Лајен на мрежата Икс.

Лазаров пред реваншот со Баја Маре: Многу сум претпазлив за она што следи во недела

 Ракометниот клуб Алкалоид во недела на 30 март во салата „Автокоманда“ со почеток од 19:00 часот ќе игра важен меч против Минаур Баја Маре (Романија), за место во полуфиналето во рамки на Европскиот Куп на ЕХФ.

Лазаров пред реваншот со Баја Маре: Многу сум претпазлив за она што следи во недела

Првиот натпревар во Романија заврши нерешено 31-31 па екипата на Кирил Лазаров во Скопје ќе игра за пласман меѓу најдобрите четири екипи во ова натпреварување.

На прес-конференција пред натпреварот, тренерот на Алкалоид изјави дека овој меч е од големо значење за македонскиот ракомет и спорт и доста претпазливо ќе влезат во реваншот.

-Многу сум претпазлив за она што следи во недела. Ќе се обидеме да одиграме еден квалитетен натпревар. Секој нивни старт (во првиот натпревар) беше на раб на исклучување, а само двапати добија исклучување. Мора да вложиме додатен напор за да се пласираме во полуфинале. Очекувам поддршка од навивачите, изјави Лазаров.

Максимално се подготвуваме за натпреварот против Баја Маре и се надевам на позитивен резултат и пласман во полуфиналето, изјави на денешната прес-конференција ракометарот на Алкалоид, Марко Стојковиќ пред реванш дуелот против романската екипа во четвртфиналето од Европскиот Куп на ЕХФ.

-Ја повикувам публиката да дојде во голем број и да ни даде поддршка, за на крајот заедно да славиме, порача Стојковиќ.

Дуелот се игра на 30 март во салата „Автокоманда“ во Скопје со почеток од 19:00 часот.

Победникот од овој дуел ќе игра полуфинале против подобриот од дуелот Олимпијакос - Рунар.

EK ќе инвестира 1,3 милијарди евра во вештачката интелигенција, кибер безбедноста....

EK ќе инвестира 1,3 милијарди евра во вештачката интелигенција, кибер безбедноста и дигиталните вештини ширум Европа.

EK ќе инвестира 1,3 милијарди евра во вештачката интелигенција, кибер безбедноста....

Европската комисија денеска усвои Работна програма за инструментот „Дигитална Европа“ за периодот 2025-2027 година, со која се предвидени 1,3 милијарди евра за поддршка на клучните технологии кои се од стратешка важност за иднината на Европа и за технолошкиот суверенитет на континентот, јави дописникот на МИА од Брисел.

Како што соопшти ЕК, Работната програма се фокусира на примената на вештачката интелигенција во бизнис секторот и јавната администрација, на зајакнување на кибер безбедноста и за зголемување на дигиталните вештини.

Се очекува во текот на следниот месец ЕК да почне со распишување на конкурси за користење средства од Програмата за конкретни проекти. Право на учество на конкурсите ќе имаат компании, јавната администрација и други субјекти од членките на ЕУ и ЕФТА, како и од трети земји опфатени со „Дигитална Европа“, меѓу кои е и Македонија.

Клучните приоритети на Работната програма се насочени кон подобрување на достапноста на генеративните апликации за вештачка интелигенција, вклучително и во здравствениот сектор, како и кон поддршка на европските центри за дигитални иновации, што ќе им овозможи на компаниите и јавниот сектор пристап до техничка експертиза и тестирање, совети, обуки и вештини за усвојување на најновите технологии.

Дополнително се предвидува надградба на иницијатива „Дестинација Земја“, насочена кон изработка на дигитален модел на Земјата за поддршка на климатската адаптација и управувањето со ризици од катастрофи, потоа зајакнување на кибер безбедност, пред се на критичната инфраструктура, проширување на капацитетите за образование и обука за дигитални вештини, усвојување на регулативите за „паричникот за дигитален идентитет“ од страна на земјите членки, како и стимулирање на трансформацијата на јавниот сектор преку развој на ефикасни, висококвалитетни и интероперабилни дигитални јавни услуги.

Со Работната програма се предвидува и поттикнување на иновациите за развој на стратешки технологии, преку подобрување на можностите за пристап до јавно и приватно финансирање.

„Дигитална Европа“ има за цел финансирање на проекти насочени кон доближување на дигиталната технологија до бизнисите и граѓаните. Со својот буџет од 8,1 милијарди евра за периодот 2021-2027 година, „Дигитална Европа“, се надоврзува на финансирањата преку другите иницијативи на ЕУ, како „Хоризонт Европа“, „ЕУ за Здравството“, „ИнвестЕУ“, „Поврзување на Европа“ или Механизмот за обнова и отпорност.

притисни ентер