Земјоделците од Росоман ја добија отштетата за 2020 година - Канал 5

Земјоделците од Росоман ја добија отштетата за 2020 година

Земјоделците од Росоман ги добија парите за штетите од 2020 година. Средствата ќе им бидат на располагање утре.

Земјоделците од Росоман ја добија отштетата за 2020 година

– Врз основа на одлука на Влада на Република Македонија број 40-13585/1 од 28 декември 2021 година, на општина Росоман и се доделени финансиски средства во износ од 8.959.000 денари наменети за исплата на штети од елементарни непогоди – мраз, слана и град, кои ја зафатија територијата на општина Росоман во 2020 година. Општина Росоман денеска ги префрли средствата на сметките на оштетените земјоделци кои во текот на 2020 година до Комисијата за проценка ја пријавија настанатата штета, информира локалната самоуправа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 27 загинати во воздушен напад врз село во Јемен

Најмалку 27 лица загинаа, а 36 се повредени во воздушни напади врз куќи во селото Ал-Шарија, недалеку од главниот град на Јемен, Сана. 

Најмалку 27 загинати во воздушен напад врз село во Јемен

Повеќето од загинатите се жени и деца, соопшти портпаролот на министерството за здравство под контрола на Хутите, пренесува „Скај Њуз“.

Портпаролот Анис Ал-Асбахи во изјава за Асошиејтед Прес ја обвини Саудиска Арабија за нападите. Засега нема независна потврда за одговорноста за нападот.

Граѓанската војна во Јемен нагло се интензивираше откако во текот на летото пропадна повеќегодишното примирје. Борбите се засилија меѓу Хутите, кои имаат поддршка од Иран и контролираат делови од северот и западот на земјата, и нивните противници на југот и истокот, кои ги поддржува Саудиска Арабија.

Претставници на Хутите тврдат дека во воздушен напад врз пазар во Јужен Јемен претходниот ден загинале најмалку 30 лица. За одговорноста за тој напад меѓусебно се обвинуваат Хутите и јеменската војска, која има поддршка од Саудиска Арабија.

Обновувањето на борбите предизвикува страв дека земјата повторно ќе се најде во најтешката фаза од граѓанската војна, која трае повеќе од една деценија и предизвика една од најтешките хуманитарни катастрофи во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција - зборот е збор!

Ветив дека во мојот четиригодишен мандат ќе го ставиме во функција. 

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција - зборот е збор!

Но само за неполна година, го одглавивме проектот и веќе ги асфалтираме пристапните улици со што ќе се стави во функција.

Мостот што граѓаните го нарекуваа „мост за ловење риба“, конечно ќе ја добие својата вистинска намена!

Претходно, го решивме процесот на експропријација неопходен за пристапите, заглавен од претходните раководства, ја ослободивме трасата и сега работиме за мостот наскоро да ги поврзе двете соседни општини.

Со тоа ќе овозможиме полесно движење, пократки патувања и растоварување на сообраќајот.

Паралелно, продолжуваме со експропријацијата на преостанатиот дел од булеварот, сѐ до неговото целосно завршување.

Нашата обврска е да го довршиме проектот во целост!

Дадениот збор пред мојот народ го исполнуваме со работа, чесно и посветено.

Со решавање на проблемите и со резултати што се гледаат!

Кога се сака и кога се работи, сѐ се може.

Продолжуваме, за Скопје какво што заслужуваме.

Скопје се сака со дела!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Филков и ЗНАМ се срам за ова општество, ЕК ja потврди катастрофаta во правосудството

Филков од ЗНАМ вели дека ЕК го потврдила сработеното. За две години ги поставиле темелите за реформа на правосудството.

СДСМ: Филков и ЗНАМ се срам за ова општество, ЕК ja потврди катастрофаta во правосудството

Македонија доби катастрофален Извештај од ЕК. Нула напредок во борбата против корупцијата. Нула во слободата на изразување. Нула во јавните набавки. Судството и медиумите под политичка опсада.

Корупцијата на високо ниво останува широко распространета и сериозна причина за загриженост.

Предметите застаруваат. Се создава перцепција на неказнивост.

Во најважниот кластер Темели има чиста нула. Во девет области оценката е пониска од лани.

Покрај тоа што не се направени реформите, има криминал и корупција на највисоко ниво.

Максим Димитриевски правел состаноци со Вулин за Алта банка. Вулин - директор на БИА, министер за полиција и одбрана, споменуван во Sky преписките како еден од главните за шверц на наркотици во Вучиќевиот клан. Една од темите на состанокот во Куманово била Aлта банка.

Филков додека беше министер за правда не ги испрати документите за екстрадиција на Никола Груевски.

Максим со земјуште за Лидл, бугарски пасоши и фирми во Бугарија што треба да ги испита обвинителството. Тендери во Пошта за советници од ЗНАМ.

ЗНАМ прво ја издадоа партијата. Ги финансираше Мицкоски. Потоа ги издадоа гласачите и влегоа со ОКГ во тендер коалицијата. Денес ги лажат граѓаните.

Срам за нашата земја кој го претставува правосудството.

Уште малку и ќе бидат испратени на политичко-историското ѓубриште, а потоа и да одговараат пред европското обвинителство и слободните судови.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер