Земјоделците од Овче Поле утре излегуваат на протест

 Земјоделците од Општините Свети Николе и Лозово за утре најавуваат протест и блокада на регионалниот пат кај местото викано „Овче Поле“. Ј

онче Додевски земјоделец од село Црнилиште во Општина Свети Николе вели дека протестот и блокадата ќе почне во 12 часот, а повод е што од утринава повторно немаат вода за наводнување на нивите. Додевски вели дека вода за наводнување на земјоделските култури имале само во текот на викендот. Тој истакна дека земјоделците од Овчеполскиот регион имаат вложено пари во бостан, детелина, тутун и лозја, кои треба да се наводнуваат и за што плаќаат на АД Водостопанство „Брегалница“.

Директорот на АД Водостопанство „Брегалница“, Благојчо Богатинов за МИА потврдува дека од утринава е запрена водата за наводнување за Овчеполскиот регион и се следи планот за наводнување.

-Имаме рестрикции на водата и план за наводнување, изминатиот период во Светиниколско имавме неколку дефекти на системот за наводнување, успеавме да ги решиме, за време на викендот земјоделците имаа вода за да ги наводнат своите ниви, кои според пријавеното треба да бидат околу 3.000 хектари, вели Богатинов.

Тој посочи дека во моментов водата од системот за наводнување сега се пренасочува кон нивите под ориз во кочанско-виничкиот регион, бидејќи по прскањето на нивите под ориз сега е потребно да бидат наполнети со вода. Богатинов забележа дека станува збор за стар систем, на кого му треба санација, но и долгоречно решение, какошто е изградба на цевковод до селата во Овче Поле, за да нема загуби или кражби на водата за наводнување, а ова регионалната подружница кубури и со стручен кадар, кој треба да работи на терен.

Бугарија прати авион со кој во бугарските болници ќе се превезат петмина тешко повредени

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Македонија кој во бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада.

Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на интензивна нега и специјалисти за изгореници.

Повредените ќе бидат примени на специјализирани одделенија за изгореници во болниците во Софија и Варна.

Дополнително, итно е ставена во готовност клиничката база во болниците во Софија, Варна и Благоевград за да се примат повредени лица доколку има потреба. Бугарските болници се подготвени да примат уште повредени по координација со властите на Република Македонија, информира Владата во Софија.

Сочувство од Советот на амбасадори до родителите и блиските на загинатите во пожарот

Советот на амбасадори изрази сочувство до семејствата и блиските на загинатите во трагедијата во Кочани. 

-По повод големата трагедија, којашто се случи утрово, по избувнувањето пожар во дискотека во Кочани, во која животот го загубија 59 младинци, членовите на Советот на амбасадори на Македонија обземени со тага изразуваме длабоко сочуство до родителите, роднините, другарите и пријателите на жртвите. Останавме неми пред оваа трагедија што се случи кај нашите сограѓани од Кочани и целата држава. Се молиме за душите на починатите и побрзо оздравување на повредените, стои во соопштението од Советот на Амбасадори на Македонија.

Папата Франциск испрати сочуство по повод трагедијата во Кочани

Папата Франциск, преку телеграма потпишана од кардиналот државен секретар Пјетро Паролин упати порака на сочувство по пожарот во ноќен клуб во Македонија, во кој животот го загубија речиси 60 лица, претежно млади луѓе.

Папата изрази „длабоко сочувство до семејствата на жртвите“, како и „својата духовна блискост со повредените“, се наведува во телеграмата упатена до скопскиот бискуп Киро Стојанов.

Тој исто така увери дека сеќавањето на жртвите ќе го задржи во своите молитви.

притисни ентер