Земјоделците и откупувачите ја оценуваат годинашната сезона како една од најдобрите

И земјоделците и откупувачите ја оценуваат годинашната производствена сезона како успешна и една од најдобрите досега. 

Како ретко досега тие се согласуваат дека оваа сезона, која полека завршува, треба да биде пример како земјоделецот, но и другите учесници во производствениот процес, треба достојно да зароботат за вложениот труд.

Според оценката на Сојуз на синдикати на земјоделци од Струмица во споредба со повеќе години назад годинашната била една од подобрите.

-Имаше одредени мали осцилации во откупот на доматите, но вкупно земено е добро. Треба уште да се работи за да се подобрат вкупните состојби, но во секој случај сметам дека земјоделците треба да се задоволни, смета Ристо Велков, претседател на Сојуз на синдикат на змјоделци.

Земјоделецот Коце Божиков од селото Дабиле е со став дека годинава е една од најдобрите досега. Според него, уште на почетокот имало најави дека ќе биде успешна, бидејќи тогаш кромидот се откупуваше од 25 до 30 денари за килограм, младиот компир 40 денари, доматите за 50 денари, цвеклото 25 денари за килограм, благиот компир се откупуваше за рекордни 100 денари, а парче лута пиперка се плаќаше пет-шест денари.

-Имаш исплатливи откупни цени, иако имаше одредени мали падови, но цените бргу се враќаа во нормала. Имаше и квалитетно прозводство, кое за жал е намалено за 30 проценти, а кај некои култури и за 50 проценти. Исто така, за поздравување се мерките на Владата, посебно за субвенционирање на нафтата -„зелена нафта", како и навременото исплаќање на субвенициите што секако влијае врз вкупниот амбиент, рече Божиков.

Слично е и мислењето на на Ванчо Митев од Здружението „Еко градинар" од село Добрејци.

-Може да се каже дека сезоната беш добра. Имавме и добри цени и квалитетно производство како ретко досега. Сите култури поминаа добро. Ништо не остана на нивите и се откупи, потенцира Митев.

Драги Памуков земјоделец од село Куклиш смета дека сезоната што изминува може да се оцени како позитивна, но имало и периоди кои може да се оценат како негативни.

-Тоа се периоди кога има поголемо производство од побарувачката и цените паѓаат и за овие периоди треба да се наоѓаат решенија. Исто така, беше лошо кога имаше увоз на домати од Албанија. Сметам дека треба да се наоѓа решение за проблемите и конечно да заживее планираното производство, додава Памуков.

Откупувачите го делат мислењето на земјоделците за успешната сезона.

-Генерално гледано поуспешна година од оваа немало. Произведеното во најголем дел го консумира домашниот пазар, а извозот одеше „како алва". Се случи само неколку денови да има застој во најголемиот производствен шпиц, а во останатиот период немаше никакви проблеми. Одамна не се случило земјоделци кои го предаваат производството кај мене да заработат толку како годинава, рече Благој Витанов, трговец од Струмица.

И откупувачот Ацо Стоилков од компанијата „Мак смоларски ној" подвлекува дека сеозната била мошне добра за сите. Но, потенцира дека тоа не се должи на зголеменото производство, туку напротив на намаленото и на помалку засеаните површини со градинарски култури.

-Има помалку производители, а побарувачката од одредени странски пазари беше голема. Сметам дека површините мора да се зголемуваат и да не се случува обработливо земјоделско земјиште да не се обработува, а ресорното министерство за него не распишува оглас за давање под закуп. Покрај тоа, треба да се работи на окрупнување на земјиштето за да може да се произведува повеќе и поквалитетно, рече Стоилков.

Годинава градинарските култури од Струмичкиот регион се извезуваа на пазарите во Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Грција и други земји, а покрај странците големи количини откупија и домашните фабрики./МИА

Грција во шок: Кум со години силувал момче, ги злоставувал и неговите две сестри

На 50-годишниот кум, кој е обвинет за сексуално вознемирување и силување на момче (18), од деветгодишна возраст, со согласност на истражителот и обвинителот на Ираклион, Крит, одредена му е мерка притвор.

Осомничениот маж признал дел од своите дејствија и сега се очекува да биде префрлен во затвор во Триполи.

Тој признал дека се случиле два од 10-те инциденти за кои неговото кумче, сега полнолетен, кажал дека се случиле.

Како што пренесува neakriti.gr, 50-годишникот тврдел дека тоа го предизвикал младиот човек и изјавил дека е „уништен и болен“.

Мажот е обвинет и за злоставување на уште две девојчиња, меѓу кои и сестрата на момчето што наводно ја силувал.

Информациите укажуваат дека има и порнографски материјал кој го покажува неговиот грозоморен чин. Поточно, видеото наводно го снимил 50-годишниот маж, за да докаже дека детето, кое тогаш имало 15 години, го провоцирало. Како што рече, на видеото се чини дека сексуалната иницијатива дошла од младиот човек. Тој исто така тврдел дека инцидентот се случил во неговата канцеларија и дека го снимал во случај во одреден момент да биде кривично гонет.

Во исто време, тој останал на ставот дека никогаш не ги малтретирал девојките.

Тој е уапсен вечерта на Велика среда, додека против него е поведена постапка за злоупотреба на малолетник кој не наполнил 14 години и на малолетник над 14 години.

Тој е обвинет и за детска порнографија во форма на производство и поседување видеа во кои има малолетник кој не наполнил 15 години.

Случајот бил откриен на Божиќ, кога кумот дошол да го посети семејството, но момчето одбило да седне на иста маса со него.

Кога родителите побарале од детето да го објасни своето однесување, тоа се скршило и открило што се случило и дека било жртва на малтретирање од страна на кумот.

Истовремено, има информации и за сестрата на младиот човек, која моментално има 24 години, како и за малолетната сестра, која моментално има 17 години. Според нивните пријави, делата ги извршил кога девојчињата имале 6 и 5 години.

Според податоците на полицијата, несоодветните дејствија првично се одвивале од 2006 до 2019 година.

Ибрахимовиќ искрено: Сега живеам поинаку, ми беше тешко поради моето его

Поминаа осум месеци откако Златан Ибрахимовиќ ги закачи копачките, а во неодамнешна изјава Златан се потсети колку му било тешко.

Како што вели, егото му правело проблем...

- Добро сум, имам добар живот. Престанав да играм пред осум месеци, сега имам поинаков живот. Прифатив да престанам што беше тешко поради моето его, начинот на кој размислувам за себе. Мислам дека сум најдобар, сепак најдобар, можев да продолжам, но избрав да престанам. Зошто? Затоа што сакам добар живот за моето семејство. Да имам време за моите синови, последица е што немаше да можам да го направам тоа бидејќи имав проблеми со колената. Така ја прифатив пензијата, стигнав дури до моментот кога си реков, океј, остави сѐ и почни ново поглавје во животот – започна Ибрахимовиќ.

Сепак, веднаш по завршувањето на кариерата доби нова функција ...

- Неколку месеци подоцна го запознав Гери Кардинале, кој го контролира фондот „Црвена птица“ што го купи Милан. Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Почнав да работам во Милано, таму сум три-четири месеци, добро се однесуваат со мене, морам да го кажам тоа.

Тој го допре и својот поранешен агент Мино Раиола, кој почина.

- Кога почина Мино, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев, се уште не престанувам бидејќи секогаш се сеќавам на некои работи. Многу ми недостига. Сите што ме познаваат знаат колку ми беше близок. Што би му рекол ако можам да му напишам порака токму сега? Ми недостигаш – подвлече Ибрахимовиќ.

„Одред за уживање“ на Ким Џонг ун - секоја година избира по 25 девици и ги дели на три групи

Девојка која успеала да побегне од Северна Кореја, на својот канал на Јутјуб открива дека диктаторот Ким Џонг-ун секоја година избира 25 девици за својот „Одред за задоволство“.

Девојките се избираат поради нивната физичка привлечност, тврди 30-годишната Јутјуберка Јеонми Парк, но и поради нивната политичка лојалност, пренесува Дејли Стар.

Парк вели дека „агентите“ на Ким ја забележале во два наврати затоа што била лојален следбеник на партијата, но никогаш не ја избрале поради нејзиниот „семеен статус“.

- Провалуваат во сите училници, дури и ги обиколуваат училишните дворови за да не пропуштат некоја згодна девојка - рече таа.

- Кога ќе најдат убави девојки, го проверуваат нивниот семеен и политички статус. Така, тие елиминираат девојки чии членови на семејството се дезертери или имаат роднини во Јужна Кореја или други земји.

- Следен чекор е лекарски преглед, утврдуваат дали девојките се девици. Кандидатките кои ќе го положат тестот се подложени на подетални лекарски прегледи, каде што и најмалата мана - како мала рана каде било на телото - е доволна причина за дисквалификација.

Ригорозната анализа остава „само неколку девојки од цела Северна Кореја“, кои потоа се испраќаат во Пјонгјанг. Откако ќе бидат избрани, Парк вели, „нивната единствена цел во животот е да му угодат на диктаторот“.

Ким Џонг-II го смислил „Одредот за задоволство“ уште во 1970-тите, објаснува Парк.

- Мислеше „ако изберам неколку убави девојки и ги одведам кај татко ми Ким II-сунг, ќе биде многу задоволна“, рече таа.

- Потоа избрал убави жени и ги сместил во одморалиште каде што ги посетува Ким II-Сунг. Неговиот татко бил толку трогнат што неговиот син помислил на неговото задоволство, а тоа е една од причините зошто го избрал за свој наследник.

Десет години подоцна, Ким Џонг-II создал друг тим за свои потреби. Парк вели дека одредите и групите се менувале со текот на годините бидејќи диктаторите имале различни вкусови.

- Ким II-Сунг имаше традиционален вкус за жени, бидејќи беше постар, па неговата група беше наречена Електронски Почонбо Ансамбл. Ким Џонг-II го нарече својот бенд за лесна музика „Wangjaesan“. Ким Џонг-II претпочиташе жени повисоки од 160 см - рече таа.

Ким Џонг-ун има тенденција да избира „витки“ жени и фаворизира жени со „западен изглед“. „Се шпекулира дека неговата сопруга била член на Одредот за задоволство“, додаде Парк.

Во рамките на „ Одредот за задоволство “ има три различни дивизии. Првите се обучени за масажа, вториот оддел е специјализиран за пеење и танцување за забава на лидерот и неговиот внатрешен круг. Оваа група понекогаш настапува јавно како бенд Моранбонг.

Третата група е „одредот за сексуална активност“, рече Парк.

- Тие мора да бидат сексуално интимни со диктаторот и другите мажи. Мора да научат како да ги задоволат овие мажи - тоа е нивната единствена цел.

Најубавите девојки се резервирани само за Ким, додека останатите членови на одредот треба да ги задоволуваат генералите и другите моќни луѓе.

Условите за живот во Северна Кореја се толку сурови што родителите често се среќни што нивните ќерки ги избираат за „Одредот за задоволство“, бидејќи тоа значи дека барем девојчињата нема да гладуваат.

Откако ќе стигнат до средината на 20-тите години, нивното време истекува. Тие често се во брак со телохранителите на Ким. Парк вели дека е привилегија за членовите на Одредот да изберат со кој член на безбедносните служби сакаат да се омажат. Парк, чии приказни за животот во Северна Кореја се опишани како претерани од некои критичари, вели дека династијата Ким се „педофили кои очекуваат да бидат обожувани како богови“.

притисни ентер