Земјоделците до Мицотакис: Кажете ни го планот, ако не да станеме келнери или да заминеме - Канал 5

Земјоделците до Мицотакис: Кажете ни го планот, ако не да станеме келнери или да заминеме

Мицотакис денеска присуствуваше на свеченост на отворање на нов пат во северозападна Грција, а веднаш потоа ги посети земјоделците од градот Воница.

Земјоделците до Мицотакис: Кажете ни го планот, ако не да станеме келнери или да заминеме

Водиме битка за преживување, кажете ни каков е планот, дали постои план да знаеме што ќе правиме или да станеме келнери или да заминеме во Германија, му порача претставникот на земјоделците од областа Воница на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис денеска присуствуваше на свеченост на отворање на нов пат во северозападна Грција, а веднаш потоа ги посети земјоделците од градот Воница, кои како и во многу делови на земјата, имаат поставено блокади со трактори и бараат од Владата да ги исполни нивните барања.

Им порача дека Владата секогаш е отворена да направи сè што е во нејзина можност и на национално и на европско ниво за да се намалат трошоците за производство и за електрична енергија.

- Ниту келнери ќе станете, ниту за Германија ќе заминете. За мене, поддршката на примарниот сектор е прв политички приоритет. Ги знам проблемите, ги знам од прва рака. Исто така знаете дека во овие четири тешки години Владата застана колку што можеш поблиску до земјоделците и со намалување на оданочувањето и со зголемување на поддршката што ја дадовме на Организацијата за земјоделско осигурување. Дадовме над една милијарда евра обесштетување во последните четири години, истакна Мицотакис.

Претставникот на земјоделците го пречека Мицотакис велејќи му „Како успеавте и нѐ извадивте на улица“, на што грчкиот премиер одговори дека го почитува фактот што се на улица, но без да го блокираат сообраќајот и без да создадат проблеми.

На грчкиот премиер му објасни дека земјоделците од Владата бараат итни мерки за поддршка на примарниот сектор и намалување на трошоците за производство и му порача дека „земја без примарен сектор, без силни земјоделци, одржливи домаќинства, веќе нема да се нарекува земја“.

Земјоделците во Грција во различни делови на земјата, најизразено во северниот и централниот од минатата седмица поставија блокади, а меѓу другото, бараат надоместоци поради намаленото производството предизвикано од непогоди и болести; изградба на инфраструктурни проекти за заштита од временските неприлики и намалување на трошоците за производство, но и да и помош за штетата нанесена од невремето на почетокот на септември. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американска пливачка собори два светски рекорда во ист ден

Американската пливачка Кејт Даглас собори два светски рекорда во ист ден на Првенството во пливање „Пан Пацифик“ во Ирвин, Калифорнија.

Американска пливачка собори два светски рекорда во ист ден

Во финалето на трката на 50 метри слободен стил, Даглас дополнително го подобри рекордот што го постави само неколку часа претходно во квалификациите.

Во финалето, Даглас ја заврши трката за 23,19 секунди, надминувајќи го сопствениот резултат од 23,49 секунди од утринските квалификации за дури 30 стотинки.

Со тоа, таа повторно го презеде светскиот рекорд во оваа дисциплина од својата сонародничка Гречен Волш.

Волш претходниот светски рекорд од 23,55 секунди го постави на 28 јуни на митингот „Сет Коли Трофи“ во Рим, но Даглас двапати го собори светскиот рекорд во текот на истиот ден.

Американката претходно учествуваше во соборувањето на светскиот рекорд во штафетата 4x100 метри мешано на првата вечер од натпреварувањето, заедно со Гречен Волш, Ван Матијас и Вил Модглин. Даглас е освојувач на пет олимписки медали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Поплави во Шпанија, загинаа две жени, седум региони се под предупредување.

Две постари жени загинаа, а две бебиња се повредени во поплави и одрони предизвикани од обилни врнежи во рурална област во северозападна Шпанија.

Видео: Поплави во Шпанија, загинаа две жени, седум региони се под предупредување.

Локалните власти ја потврдија информацијата.

Поради најавените невремиња и обилни врнежи, во недела е на сила жолто предупредување за временските услови во седум региони, пренесува Ројтерс.

Службите за итни интервенции во автономната заедница Кастиља и Леон соопштија дека загинатите жени имале приближно 60 и 80 години. Несреќата се случила доцна во саботата вечерта во селото Манзанедо де Валдуеза, недалеку од Понтеведра. Надлежните исто така објавија дека две доенчиња се здобиле со нагмечувања и им била укажана лекарска помош.

Шпанската агенција за цивилна заштита издаде предупредувања за невреме и обилни врнежи од дожд за недела, кои опфаќаат седум региони во централните и северните делови на земјата.

Овие поплави доаѓаат по повеќенеделен период на рекордно високи температури, за време на кој земјата беше погодена и од серија големи шумски пожари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Подигнати авиони на НАТО – добиена дозвола за напад

Романското Министерство за одбрана денеска соопшти дека рано утринава во неделата, авион на НАТО соборил беспилотно летало што нелегално навлегло во романскиот воздушен простор.

Подигнати авиони на НАТО – добиена дозвола за напад

Беспилотното летало било уништено од пилотите на авионите Ф-18 на шпанското воено воздухопловство, распоредени во Романија, пренесува порталот Digi24.ro.

„Во текот на ноќта меѓу 15 и 16 август, во 4:44 часот наутро, системите за надзор на воздушниот простор на романското Министерство за одбрана регистрираа навлегување на воздушна цел во националниот воздушен простор од правец на Република Молдавија, на околу 24 километри северно од Галац“, се наведува во соопштението на романското Министерство за одбрана.

Авион Ф-18 на шпанското воено воздухопловство, кој извршуваше борбена задача во рамките на мисијата за воздушно патролирање од воздухопловната база „Михаил Когалничану“, успешно го собори дронот, а како можна локација за падот на неговите остатоци е идентификувана ненаселена област меѓу местата Балени и Кудалби, во округот Галац. Според соопштението, воздушната тревога за округот Галац заврши во 5:20 часот наутро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер