3Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
МакедонијаЗемјоделците бараат дополнителна субвенција од 4 денари за пченицата Дополнителна субвенција од 4 денари за пченицата бараат земјоделците незадоволни од ниските откупни цени годинава за да можат да ги покријат трошоците... Во полн ек е жетвата на пченицата која годинава се проценува дека ќе има добар род иквалитет но е и добра цена. Земјоделците се крајно не задоволни што цената на пченицата се договори да биде 12 денари за прва и втора класа а јачменот пак го дадоа за минимални 9,5 денари, ценио кои според нив ниту ги покриваат трошоците, ниту пак се донесени како што е според законот во кој се вели дека мора министерствот пред жетва да ја објави производната цена и врз основ на тоа да се договори откупната за тековната година. Од националанат федерација на фармери сметаат дека договорената цена од 12 денари за годинава е излезно решение но укажуваат дека е потребно иснекторатот на терен поактивно да ја следи состојбата за и таа минимална цена да не се скратува преку разните начини на манипулации. Од асоцијацијата на земјоделците пак сметаат дека голем дел од откупувачите не го почитуваат договорот за цена од 12 денари плус трошоци за превоз. Во однос на поволноста земјоделците да ја складираат пченицата на државна сметка претсавниците на земјоделците сметаат дека ретко кој може да ја искорисити бидејќи финансиски исцрпени и од откупот се чекаат пари за да се плати за жетва како и за орањето кое мора веднаш да се изврши. Единствено излезно решени до неповолната состојба во која се земјоделците со толку ниска отупна цена гледаат во барањето државата преку субвенција да надополни 3 до 4 денари за да не бидат во загуба. Мелничарите излегоа со став дека како теше откупот драстично опаѓал квалитетот на пченицата која се предава нешто што може да ја загрози стабилснота на цената на лебот но и откупната цена. Инаку пченицата годинава ја има на нешто помалку од 70 илјади хектари а родот кој завршува кај мелничарите за откуп е половина од вкупните потреби за производсво на леб во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКина вели дека претстојната средба Си – Трамп – Путин е „историска“Кина денеска го истакна значењето на претстојната средба меѓу кинескиот, американскиот и рускиот претседател, опишувајќи ја како „историска“.Тројцата лидери ќе разговараат за зачувување на светскиот мир и унапредување на стабилноста меѓу големите сили, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг, во Пекин Кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин треба да се состанат в четврток на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во јужниот кинески град Шенжен. Кина годинава го има ротирачкото претседателство со АПЕК и е домаќин на самитот. Мао истакна дека ова ќе биде прва средба лице в лице меѓу лидерите на трите земји. Зајакнувањето на комуникацијата, надминувањето на разликите и стабилизирањето на односите им служат на интересите на сите три држави и ги исполнуваат очекувањата на меѓународната заедница, рече таа, без да даде дополнителни детали за агендата. Вашингтон и Москва исто така ја потврдија средбата, при што САД соопштија дека напорите за неширење на нуклеарното оружје ќе бидат на дневниот ред. Други можни теми вклучуваат тензиите на Блискиот Исток, трговските политики и војната во Украина. Висок претставник на администрацијата на Трамп, говорејќи неодамна под услов на анонимност, ги намали очекувањата од разговорите, вклучувајќи ја и дискусијата што ја бара Вашингтон за евентуално намалување на глобалните нуклеарни арсенали, опишувајќи ја наместо тоа како почетна точка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
КошаркаАмерикански кошаркар уапсен во Нигерија со речиси 34 кг канабисАмериканскиот кошаркар Да'монте Кајри Грин е уапсен во Нигерија, откако во неговиот багаж на главниот аеродром во Лагос биле пронајдени речиси 34 килограми канабис. Нигериската национална агенција за спроведување на законите за дроги (NDLEA) соопшти дека станува збор за 28-годишник од американската сојузна држава Џорџија. Тој пристигнал во Нигерија од Тајланд, патувајќи преку Обединетите Арапски Емирати. Според Агенцијата, осомничениот тврдел дека играл професионална кошарка во Тајланд и дека дошол во Нигерија за да „воспостави деловни контакти“ за својата кариера. Тој сè уште нема дадено јавна изјава во врска со обвинувањата. Уапсен е во средата, откако аеродромските службеници забележале дека оставил две парчиња чекиран багаж, а се обидел да излезе од терминалот носејќи само рачен багаж. Во двете торби – на кои било испишано неговото име – властите пронашле 32 пакети од дрога позната како „Loud“ (Лауд), што претставува моќен вид на канабис. Вкупната тежина изнесувала 33,95 килограми, а меѓу содржината бил пронајден и уред за следење. Од Агенцијата дополнително наведоа дека прегледот на неговиот мобилен телефон открил материјали кои укажуваат на „негово знаење за активности поврзани со трговија со дрога и учество во нив“. На страниците на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) се појавува играч по име Дамонте Грин, кој последен пат играл на 26 септември на Пукет Елит Купот во Тајланд. Според Обединетите нации, Нигерија, која некогаш се сметаше првенствено за транзитна земја за шверц на дрога, сè повеќе станува земја на производство, потрошувачка и дистрибуција. Неодамнешните операции на NDLEA открија неколку лаборатории за производство на метамфетамин во индустриски размери. Ова предизвика загриженост за врските меѓу нигериските производители на дрога и мексиканските нарко-картели кои се обидуваат да произведуваат и извезуваат дрога таму. Тагови: канабис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПотопен уште еден товарен брод во Црното море покрај брегот на БугаријаБугарија денеска примила повик за помош од товарен брод што тонел во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, соопшти Министерството за транспорт.Бродот „Бетул 8“, кој пловел под сомалиско знаме и на кој имало 12 членови на екипажот, превезувал три тони пченица и пловел од Романија кон Египет. Од Министерството за транспорт не наведоа што се случило со посадата. Два бугарски, еден романски и еден турски брод се упатени кон местото на настанот, се додава во соопштението. Причината за инцидентот не е јасна, но во изминатите неколку недели имаше низа смртоносни напади со беспилотни летала врз бродови во близина на бреговите на Бугарија и Романија, за кои се верува дека се поврзани со војната во Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter