Земјите од регионот и светот се соочуваат со зголемен број на новоинфицирани од ковид19

Србија прогласи вонредна состојба во дури 18 градови и општини поради влошување на епидемиолошката состојба од коронавирусот. 

Земјата денеска регистрираше 289 нови случаи и шестмина починати, но според епидемиологот и член на кризниот штаб, Предраг Кон, иако состојбата е влошена, таа се уште под контрола.

-Во случај да дојде до колапс на здравствениот систем, нема друга мерка освен карантин.

Замената за „заклучувањето“ е носење маски., вели проф.д-р Предраг Кон, епидемиолог.

Но, со Кон не се согласува неговиот колега Зоран Радовановиќ, кој изнесе скандалозни тврдења во однос на вистинската слика со пандемијата во земјата. Истакнатиот епидемиолог тврди дека властите свесно ги кријат вистинските бројки на заболени и починати и дека реалната состојба е многу подраматична.

-Ако би ви кажал дека на 2 јули официјално имало шест смртни случаи во Србија и дека вистинскиот број бил 52, тогаш ќе ме прашате како го знам тоа, а потоа треба да го откријам идентитетот на колегата од Клиниката за инфективни болести. Toj знаеше колку имало починати во другите болници и одеднаш го гледа извештајот – само шест и тогаш ќе му зоврие. Тука има толку забошотување, но се знае дека бројот е повеќе кратно намален. Тоа е тој морален пад на моите колеги, изјави проф.д-р Зоран Радовановиќ, епидемиолог.

Освен во Србија, состојбата е критична во речиси целиот регион. Косово денеска регистрира рекордни 195 позитивни случаи и четворица починати, а Босна и Херцеговина 165 новозаразени. Соседна Бугарија веќе размислува на воведување рестриктивни мерки, откако денеска изброја 174-ца позитивни и четворица починати.

-Надминувањето на границата од 200 новозаразени е еден многу јасен сигнал дека треба да ги вратиме мерките кои ги имавме до скоро, изјави Кирил Ананиев, министер за здравство на Бугарија

Во моментов во регионот најстабилна е состојбата во Грција и во Словенија, а Хрватска и Црна Гора бележат нагорен тренд во последните денови.

Генчов: Полека се претвораме во „Албано-Македонија“

„А гледам дека СДСМ не реагира на настанот и како сега ќе одат да се „гушкаат“ со Вучиќ?“

Политиката е сурова и бара од секого да фати страна. Ние сме од 1994 аспирант за ЕУ и членка за НАТО и ги поддржуваме западните вредности. Но, во обид да најдам пример за било која институција, Совет на ЕУ, Унијата, или различни апликации за членстви и не најдов ниту еден пример, во кој нашата земја гласала поразлично од Албанија и Косово. Такво нешто нема. Според мојата теорија полека се претвораме во „Албано-Македонија“ не во Северна Македонија. И да има елементи да се поддржи било која резолуција против злосторства против човештвото, секоја капка крв ја осудувам, но во политиката често се соочуваме со двојни стандарди. Меѓу нашите сограѓани доколу направите анкета, Србија и натаму е најсојузнички настроена и не може еден министер за надворешни работи тоа да го нема предвид. А гледам дека СДСМ не реагира на настанот и како сега ќе одат да се „гушкаат“ со Вучиќ, праша Александар Генчов во Само Вистина.

Ужас во Бразил: Најмалку 20 полураспаднати тела се најдени во чамец

Најмалку 20 тела во фаза на распаѓање се пронајдени во чамец во близина на брегот на североисточниот дел на Бразил, соопштија официјални лица.

Бродот бил пронајден во близина на брегот на Браганца, североисточно од Паро, на 13 април.

Оттогаш се покренати две истраги.

Официјални лица изјавија дека најмалку 20 тела биле пронајдени во чамецот, но поради распаѓањето на телата, не е познато колкумина загинале во чамецот.

Се претпоставува дека починатите не се од Бразил, туку најверојатно од Карибите, изјавиле истражувачите за CNN Brasil.

Локалните власти соопштија дека немало неодамнешни извештаи за исчезнати Бразилци.

Новинар е убиен во трговски во Колумбија, зашто пишувал за корупција- десет луѓе немо посматраа

Новинарот Хаиме Васкез (54) е убиен во неделата во североисточниот колумбиски град на границата со Венецуела, а се претпоставува дека причината поради која бил нападнат е тоа што главно пишувал и истражувал случаи поврзани со корупција.

Тој бил адвокат, новинар и активист познат по „разоткривањето на корупцијата“ во регионот, изјави колумбискиот претседател Густаво Петро на социјалната мрежа Х, поранешна Твитер.

Претседателот наредил „детална истрага“ за да се фатат сторителите на ова ужасно злосторство.

Доказите, во форма на видео снимки, објавени од колумбиските медиуми потврдуваат дека Хаиме Васкез бил убиен во неделата во продавница во Кукута пред најмалку десет сведоци.

Хаиме бил љубител на „истражување и истакнување во јавните дебати каде што даваше одговори на прашања за кои многу луѓе не сакаат да зборуваат“, рече Џонатан Мохика, пријател на Хаиме Васкез.

Новинарот правел емисии на социјалната мрежа Фејсбук во кои јавно зборувал за незаконитости во јавниот сектор и злоупотреба на овластувањата од страна на локалните власти.

„Постојано добиваше закани поради неговите откритија“, рече Мохика.

Колумбиската фондација за слобода на печатот го осуди убиството и повика на „брза и темелна истрага“.

„Работата на Хаиме Васкез, која откри неправилности во јавните договори и коруптивни практики, го направи многу познат“, соопшти Фондацијата.

Според нивните податоци, дури 163 новинари добиле закани во текот на 2023 година.

притисни ентер