3Андоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромни
Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
2Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
ТехнологијаЗемјата за последните три години изгубила дел од својот сјај Експертите откриле дека нашата планета изгубила дел од својот сјај за неколку години и дека веројатно за тоа се виновни климатските промени.Имено, како што океаните се загреваат, се создаваат помалку светли облаци, што значи дека помалку сончева светлина се рефлектира назад во вселената - и тоа уште повеќе ја загрева планетата. Научниците го измериле нивото на рефлексија (албедо) на Земјата со анализа на нејзината светлина што ја осветлува Месечината. „Земјениот сјај“ е термин што го опишува слабото осветлување на Земјата од Месечината. Кога ќе ја погледнете полумесечината кратко време по зајдисонце или пред изгрејсонце, понекогаш може да се види, заедно со неговиот сончев дел, остатокот од Месечината како темен диск. Тој блед сјај на неосветлениот дел од Месечината е всушност светлината што се одбива од Земјата. Албедо покажува колку светлина се рефлектира од површината на телото, односно односот на рефлектираната светлина со светлината што паднала врз него. Студијата се базирала на речиси 20 -годишни податоци, што биле собрани од 1998 до 2017 година. Мерењата покажале дека Земјата сега рефлектира околу половина вати помалку светлина по квадратен метар во споредба со 1998 година, што е еквивалентно на намалување од 0,5 проценти во одразот на Земјата. Патем, нашата планета рефлектира околу 30 проценти од сончевата светлина што стигнува до неа. „Падот на албедо забележан во последните три години, не` изненади, особено затоа што беше на стабилно ниво 17 години пред тоа“, рече теорискиот физичар Филип Гуд од Технолошкиот институт во Њу Џерси. Светлината на Земјата зависи и од сончевата светлина што ја достигнува и од одразот на планетите. Оваа студија покажала дека овие два фактори не се совпаѓаат и дека нешто на Земјата предизвикува губење на нејзиниот сјај, особено во последниве години, пишува Science Alert. Сателитските мерења што ги проучувале научниците покажуваат дека намалениот број на рефлектирачки, ниски облаци над источниот Тихи Океан значително придонеле за намалување на светлината на Земјата. И целиот овој процес е многу веројатно поврзан со климатските промени. Имено, во истите области каде што е забележана помала количина на рефлектирачки облаци, забележано е зголемување на температурата на океанот. Зголемената температура на океанот веројатно се должи на механизмот поврзан со климатските промени, наречен Пацифичка декадна осцилација (ПДО). „Земјиното албедо е суштинска одредница за нејзината клима бидејќи, во поширока смисла, климатските промени произлегуваат од истовремената еволуција на сончевиот интензитет, албедо на Земјата и ефектот на стаклена градина“, напишале научниците во својот труд. Студија наречена Earth's Albedo 1998–2017 as Measured From Earthshine е објавена во списанието „ Geophysical Research Letters “.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај РашчеОсновното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици. Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело против животната средина и идентификувани сторители, јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон.Тагови: обвинителство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонија стави два авиона за гаснење пожари на располагање на ЕУМакедонија се вклучи во заедничкиот европски систем за одговор при елементарни непогоди, ставајќи на располагање два противпожарни авиона за поддршка на земјите погодени од летните пожари.Преку механизмот за Цивилна заштита на Европската унија, кандидатите и земјите партнери од Западен Балкан ги здружуваат силите со членките на Унијата за побрза координација и реакција на терен. Покрај воздушната поддршка од Западен Балкан, на терен се распоредени 777 пожарникари од 14 европски земји, меѓу кои се и противпожарните тимови од Молдавија. Овие ресурси се претходно позиционирани во високоризичните зони во јужна и централна европа за да овозможат брзо локализирање на огнот во почетната фаза.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаАндоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромниСДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. А зошто, бидејќи за периодот додека биле на власт има извештаи кои јасно укажуваат дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет. Во тој период, актуелното раководство на СДС како Венко Филипче и Рената Младеновска молчеле. Филипче како министер за здравство и Рената Младеновска како директор на Државниот инспекторат за санитарен и здравствен инспекторат не мрднале ни со прст по ниту еден извештај за неисправноста на водата во Гостивар. Молчеле што укажува дека се грижеле за функциите, власта и интересите на мала група на луѓе од власта. Филипче и Младеновска замислете уста не отвориле за околу 400 документи кои укажувале дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет. За разлика од нив, од оние седум години владеење на СДС, сега Владата и сите надлежни институции реагираа веднаш, по што за само една недела граѓаните на Гостивар добија технички исправна вода. Во меѓувреме, секојдневно се работи на тоа граѓаните на Гостивар да добијат и флаширана вода за пиење додека се санира ситуацијата и водата не ги добие сите соодветни карактеристики што ќе укажат дека е и за пиење. Сега останува само надлежните институции од правосудството да реагираат, поточно јавното обвинителство, да ги истражи документите од тој период бидејќи последиците се далекусежни. Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter