Земјата минува низ остатоци на древна вселенска експлозија - Канал 5

Земјата минува низ остатоци на древна вселенска експлозија

Наодите на радиоактивна прашина длабоко под површината на океанот сугерираат дека Земјата се движи низ огромен облак од честички и гас формиран по силната експлозија на sвезда.

Земјата минува низ остатоци на древна вселенска експлозија

Во последните 33.000 години, универзумот постојано ја преплавувал Земјата со редок изотоп на железо, формиран во супернова. Ова не е прв пат изотопот на железо-60 да се најде на нашата планета, а тоа придонесува за сè поголемиот број докази дека Земјата веќе некое време се движи низ меѓуѕвезден облак од прашина, веројатно по супернова што се случила пред милиони години.

Имено, нуклеарниот физичар Антон Волнер од австралискиот национален универзитет пред извесно време ги датира наносите на овој изотоп во морското дно на 2,6 милиони и 6 милиони години, што сугерира дека прашината од супернова паднала на Земјата во тој период. Но, сега се пронајдени докази дека железо-60 паднало на нашата планета во последните 20 години, пишува Science Alert.

Пред неколку години, научниците објавија дека е откриено железо-60 во вселената околу Земјата, а сега Валнер го најде изотопот во пет примероци земени од морските длабочини, а некои се стари 33 000 години. Открил дека количината на железо-60 во примероците е прилично еднаква во текот на целиот временски период.

Но, има еден проблем. Нашата планета моментално се движи низ областа наречена Локален меѓуѕвезден облак, која се состои од гас, прашина и плазма. Ако овој облак е формиран по експлозии на sвезди или супернови, тогаш е разумно да се очекува дека прашина со железо-60 паѓа на Земјата веќе некое време; што Валнер исто така се обиде да го докаже.

Но, ако Локалниот меѓуѕвезден облак е навистина извор на железо-60, неговото ниво требало нагло да се зголеми кога Сончевиот систем влегол во облакот, што се случило во последните 33 000 години. Најстариот примерок со овој изотоп во тој случај требало да има најниско ниво на железо-60 - што не беше случај.

Експертите веруваат дека е можно локалниот меѓуѕвезден облак и прашина од супернова да не се единствена структура, туку да се појавиле во исто време, или остатоците од супернова што се случиле пред милиони години да останале во некои делови на меѓуѕвездениот облак.

"Некои неодамнешни истражувања сугерираат дека железо-60 заробено во честички од прашина може да се движи во меѓуѕвездениот медиум. Тоа би значело дека овој изотоп може да доаѓа од дури и постари супернови и дека фаќаме некаков нивен одглас", рече Волнер.

Експертите веруваат дека ќе излеземе со одговор ако бараме повеќе примероци со железо-60, особено оние стари меѓу 40 000 години и оние околу милион години. Во тој случај, ако нивото на железо-60 се зголемува со возраста на примерокот, тоа би значело дека изотопот потекнува од древна супернова.

Од друга страна, повисоките нивоа на изотопи кај поновите примероци ќе покажат дека изворот на железо-60 е локален меѓуѕвезден облак.

Студија наречена 60Fe deposition during the late Pleistocene and the Holocene echoes past supernova activity е објавена во Proceedings of the National Academy of Sciences.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема нови случаи на заболени со морбили во Македонија

Денеска нема нови случаи со морбили сипаниците, засега се прават анкетите и дадени се препораките на оние кои биле во контакт со оние кои имале ситни сипаници, соопшти министерот за здравство Клековски. 

Нема нови случаи на заболени со морбили во Македонија

Она што е важно да се имунизираат децата, и да разберат родителите дека морбилите се опасни сипаници и единствена заштита е вакцината МРП. Досега беа потврдени пет случаи со морбили, од кој еден странски државајнин. Според последните под

Продолжува големиот интерес за примање на вакцината против грип. Досега се вакцинирани над десет илјади граѓани, и се очекува со новата пратка на вакцина да се вакцинираат граѓаните.

Според последните податоци во период децата кои се родени од 2021 година до 2024 година се под 60% вакцинирани.

На пример во општина Ѓорче Петров од родени 1.800 деца за три години, 980 не се вакцинирани со МРП, а се на возраст на деца кои одат во градинка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала

Повеќе нема никакви дилеми дека е доведена во прашање титулата на Скопје како Европска претсолнина на културата за 2028 година.

Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека се преземаат сите потребни активности и дека сега се работи на носечките проекти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и колективната одбрана, посочувајќи дека сојузничкото единство и силната трансатлантска врска се темелни предуслови за безбедноста на сојузниците.

Таа ја потврди определбата за достигнување на целта за издвојувањето, согласно Хашкиот план, нагласувајќи дека континуирано вложуваме во модернизацијата на Армијата, сајбер-отпорноста, новите технологии и заштитата на критичната инфраструктура.

За неа, Коридорите 8 и 10 не се само инфраструктурни проекти, туку стратешки правци што ја поврзуваат регионалната соработка со безбедносните интереси на НАТО и Европската Унија, особено во контекст на воената мобилност.

Сиљановска-Давкова изрази задоволство од сертификацијата на Лесната пешадиска баталјонска група како борбено подготвена, оценувајќи го тоа како потврда за професионалноста и способноста на Армијата да придонесува во операциите предводени од НАТО, ЕУ и ОН.

Повикувајќи се на искуството од членството во НАТО, таа укажа дека исполнувањето на високите сојузнички стандарди треба да биде пример за доследна примена на Копенхашките критериуми во процесот на европска интеграција.

Претседателката ја реафирмираше поддршката за Украина и потребата од континуирана политичка, воена, финансиска и хуманитарна помош, во знак на сојузничка солидарност.

Според неа, сеопфатниот, праведен и траен мир мора да почива врз меѓународното право и Повелбата на Обединетите Нации, а доследноста во почитувањето на овие принципи е неразделна од почитувањето на меѓународниот поредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер