Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ЗабаваЗемјата- домаќин на Евросонг има проблем: Немаме ниту една слободна салаНеодамна Европската радиодифузна унија (ЕБУ) објави официјално соопштение на социјалните мрежи дека улогата на домаќин на Евровизија 2023 наместо Украина ќе ја преземе Обединетото Кралство.Сепак, Би-Би-Си пишува дека ниту една голема арена во Велика Британија моментално нема доволно слободни места за домаќин на Евровизија следната година. Имено, продуцентите мора да ја имаат на располагање салата шест до осум недели пред почетокот на натпреварот. Споменатиот медиум пишува дека термините на некои турнеи ќе мора да се одложат или откажат за да се направи простор за Евровизија во мај. Меџик Мајк, Андре Риу и Елтон Џон се само дел од уметниците кои имаат резервирани концерти во овој период на местата кои се натпреваруваат да бидат домаќини на натпреварот. Сепак, ниту една арена сè уште не побарала од нив да ги поместат датумите на нивната турнеја. „Поставувањето трае околу три недели, потоа три или четири недели проби, а една од тие недели е изведбата“, рече Клаудио Сантучи, шеф на овогодинешното натпреварување што се одржа во Торино. Во петок треба да се знае кој од градовите е во потесниот избор за домаќини на Евровизија 2023. Наводно, за резервираните продукции ќе се разговара само кога ќе се избере градот. Потсетуваме, Велика Британија ја прифати поканата да биде домаќин на настанот во 2023 година, откако организаторите од безбедносни причини одлучија Евровизија да не може да се одржи во Украина, иако победи украинскиот Оркестар Калуш. Во соопштението за печатот што ЕБУ го објави кон средината на јуни, беше наведено дека поради војната во Украина, во соработка со експерти, извршиле целосна проценка на изводливоста и безбедноста на организирањето на натпреварот во таа земја и заклучиле дека , „со оглед на сегашните околности, безбедносните и оперативните гаранции што ѝ се потребни на телевизиската куќа за домаќинство, организација и продукција на Евросонг според правилата, украинската телевизија во моментов не е во можност да го организира настанот“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветКуба се подготвува за можен американски воен нападКуба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија. „Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава. Тагови: куба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиумиКравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот. Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“. Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗаврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со деновиИлјадници откажани летови, преполни аеродроми и патници заглавени со часови. САД се соочија со најголемиот прекин на авиосообраќајот од терористичките напади на 11 септември 2001 година. Иако забраната за полетување е укината, хаосот не завршува. Последиците ќе се чувствуваат и во наредните денови, откако синоќа пет часа беа приземјени сите авиони на аеродромите, а кон леталата кои сообраќаа се постапуваше индивидулно. Над 9.000 летови беа одложени и повеќе од 5.000 откажани. Aвиокомпаниите се обидуваат да го вратат нарушениот распоред. Властите отфрлија можност дека се работи за сајбер напад. Појаснија дека станува збор за голем технички дефект во системот за контрола на воздушниот сообраќај. ,,Ова е нашиот стар аналоген ТДМ-систем, кој беше преоптоварен со податоци, поради што почнаа да се појавуваат овие проблеми. Овој систем беше користен во нашите ТРАКОН-центри и во контролните центри низ целиот Национален систем на воздушен простор (НАС). Сега дел од системите во ТРАКОН-центрите и контролните центри се надградени и функционираат дигитално.,, – Шон Дафи, министер за транспорт на САД И додека американските власти најавуваат модернизација на системот, авиоаналитичарите предупредуваат дека застарената инфраструктура и натаму претставува сериозен проблем, а ризикот од нови прекини останува. ,,Очекувам ваквите проблеми да се повторуваат и во иднина. Сметам дека тоа ќе биде поврзано со несоодветната инфраструктура со која располагаме, додека трае процесот на нејзино развивање и модернизирање, со цел да се доведе на ниво на технологијата на 21 век и понатаму,, Додека авиокомпаниите се обидуваат да го нормализираат сообраќајот, патниците и натаму се соочуваат со доцнења и неизвесност. ,, Утрово добивме известување дека нашиот лет ќе доцни два часа, па сега чекаме тука. Веќе два часа сме овде и сè уште не добивме никакви информации,, Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп побара забрзана модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај. За таа цел, неговата администрација побара дополнителни 30 милијарди долари од Конгресот, со цел да се спречат слични прекини во иднина. 🚨Long queues of planes at US airports after the FAA grounded flights due to a glitch in the air traffic control system https://t.co/tU0nL9l4cy — The Tatva (@thetatvaindia) November 14, 2026 Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00