ЗдравјеЗемаат лек за дијабетичари за да слабеат, ризикувајќи си го здравјето Користат лекови за дијабетичари за слабеење, ризикувајќи го сопственото здравје, а оставаат дијабетичари без лек. Таков е случајот со „оземпик“, лек кој е наменет за лекување на тип дијабет 2, кој многумина го користат за слабеење. Лекот е дефицитарен, а неговата цена достигнува сума околу пет илјади денари. Експертите предупредуваат дека користењето на лекот без консултација на лекар може да предизвика низа негативни ефекти меѓу кои и рак на панкреас. Наместо да се консултираат со лекар околу користењето на ваков лек во функција за слабеење, поединци за ова бараат совети на интернет. Така, на еден од интернет форумите се бара совет за инјекциите „оземпик“ кои се користат со боцкање во стомак. Се бара да се сподели искуство и како да се набавки лекот. МИА посети неколку аптеки во Скопје и во внатрешноста на државата барајќи го лекот. Ни беше кажано дека лекот е дефицитарен и наменет за дијабетичари, но дека го користат и за слабеење. - „Оземпик“ може да се порача, тоа се инјекции, се боцкаат како инсулин, поткожно. Мора да се препишани од лекар, со рецепта. Може да се користи и за слабеење, но немој, ќе ти го блокира цел организам. Мора да биде во консултација со лекар, ни одговорија во една од аптеките. Цената е околу пет илјади денари, а во една од аптеките ни рекоа дека има интерес за овој лек. - Нема за нарачка, инаку држиме да, моментално се дефицитарни. За дијабетичари е, но го користат и за слабеење многу. Ставаат по малку инсулин, повеќе време е активен инсулинот, го забрзува метаболизмот. Го нема веќе два - три месеци. Зголемена е побарувачката насекаде во светот. Наеднаш стана популарно. Најверојатно ги потрошија залихите. Не мора рецепта, ако се има препорака од лекар, изјавија во една од аптеките. Телефонски се јавивме и во една компанија од фармацевтскиот сектор. - Никаде нема „оземпик“, во ниту една наша аптека. Имаше првична најава дека ќе стигнат во средината на јануари, меѓутоа ништо од тоа. Сега засега немаме никаква информација. Претходно го имавме. Го нема, можеби од пред Нова Година. Цената беше околу пет илјади и четиристотини денари, посочија од компанијата. Земањето лекови на своја рака предизвикува негативни ефекти по здравјето За тоа кои се несаканите ефекти на семаглутид („оземпик“) ако се користи за слабеење одговор побаравме од д-р Даниела Настеска, истражувач во Центарот за дијабет, метаболизам и ендокринологија, на Универзитетот на Оксфорд во Обединетото Кралство. - Тој се дава во склоп на другата терапија и делува на клетките што прават инсулин, со цел да го зголеми правењето на инсулин, а помага и во подобро преживување на тие клетки и во нивно зголемување, што е важно за нивната нормална функција. На ниво на мозокот на пример, делува во поглед на намалување на апетит и заштита на извесни нервни клетки. Понатаму, го забавува празнењето на стомакот, што исто така има влијание во поглед на намалување на апетит, а има ефекти на срце, на мускули и на други делови од човечкото тело. Еден од најсериозните и најдобро документирани несакани ефекти е појавата на рак на панкреас, појаснува Настеска. Напомена дека тоа е еден од најсмртоносните типови на рак. - Мислам дека овие лекови дојдоа во поширока клиничка употреба за првпат околу 2009, 2010 година. Различни ретроспективни клинички студии укажуваат дека извесен процент од следните пациенти со тип два дијабет развиваат рак на панкреас по извесен период на користење на семаглутид. Зошто? Иако причините за овој ефект сѐ уште се истражуваат, тие имаат врска со нормалното делување на лекот. Споменав дека лекот ги зголемува клетките и со тоа ја подобрува нивната функција. Сепак, со самото тоа, ја притиска клетката да расте повеќе од нормала и ги нарушува нејзините нормални регулаторни механизми. Клетките добиваат сигнал „да прават повеќе инсулин“, но и да „растат и да се зголемуваат“. Ова се воедно некои од начините или основата на развивање на рак. Рак се развива кога клетките на човечкото тело, било каде, ќе излезат од контрола и не ги следат нормалните регулаторни механизми, туку неконтролирано растат, се размножуваат и агресивно ја уништуваат околината, посочува Настеска. Според неа, станува збор за комплициран лек што делува на повеќе нивоа. Според индикациите, со користење на лек од ваков состав, како што објаснува Настеска, можни се и други нус појави. На пример, одреден процент на пациенти може да развијат и воспаление на цревата. - Овој лек всушност имитира хормон што нормално се создава во нашето тело. Дијабетичарите го немаат во доволна количина и има смисла да користат ваков лек. Здрави луѓе, кои веќе го прават овој хормон во нивното тело и дополнително земаат лек што го имитира неговото дејство, ги нарушуваат неговите нормални начини на делување, отворајќи можности за здравствени нарушувања, предупредува Настеска. Нема магични пилули или инјекции, вели Настеска, употребата на семаглутид („оземпик“) за лекување на тип дијабет 2 е основана само кога е во склоп на промени во човечкото однесување, начинот на исхрана, физичката активност и заедно со останатата терапија препишана од лекар специјалист. Вели дека лекот треба да се резервира за луѓе кои имаат дијабет 2 и кои имаат телесна тежина над 150 килограми. - Да остане таа мала количина од лекот за нив, наместо да го земаат луѓе коишто ги немаат овие проблеми, би рекла, да го земаат од „фискултурни причини“, категорична е Настеска. Критериумите за „совршеноста“ на женското тело произлегуваат од модните трендови Според Николина Ивановска Котевска, професор по психологија во скопската гимназија „Никола Карев“, критериумите за „совршеноста“ на женското тело и видовите на растројства во исхраната, произлегуваат од модните трендови што ги пласираат најчесто видни и значајни жени и мажи. - Младите многу време од денот поминуваат на социјалните мрежи. Тоа што социјалните медиуми го пласираат во најголем дел од случаите, да не генерализирам дека се сите, е фотошопирано. Денес највлијателните луѓе, вклучувајќи ги и новосоздадените „инфлуенсери“, се разликуваат „во живо“ и на фотографија. Она што младите го перцепираат е токму таа фотографија, па оттука и самата реалност ја перцепираат различно од она што е таа навистина. Воедно, она што се постира на социјалните мрежи нема скоро никаква контрола, па секој може да си дава одредени препораки и да пласира стилови на исхрана, вклучувајќи и пиење диуретици како дел од процесот на слабеење, па сѐ до „јадење памук“, што е сериозно опасно и со фатални последици, децидна е Ивановска Котевска. Таа го посочува и таканаречениот „Барби“ синдром, прикажување на нечии животи како најсовршена форма преплавена од луксуз, далеку од она што навистина е во реалноста, па нагласува дека ова дополнително ги збунува младите и ги искривува нивните вредности. - Денес и од аспект на родители и како педагози, наставници и психолози, за жал покажуваме дека не сме доволно подготвени да превенираме и да се справиме со одредени психолошки абнормалности кај нашите деца, особено со концептот за физичкиот изглед и сликата за себе. Ова прашање бара сериозни предзнаења кај секој еден од нас за тоа што нашите деца следат на социјалните мрежи, знаења за тоа како некој нов тренд влијае врз нивното здравје. Да процениме колку нашите деца и млади се способни да направат разлика на свесно ниво за реалноста наспроти социјалните медиуми. Па она што би ни било неопходно да го преземеме е токму таа контрола и превенирање. Потребно е отворено да се говори на оваа тема, да се обучуваат стручните служби во училиштата, да се обучуваат родителите и многу да се разговара со децата и младите. Отсекогаш младите се впуштале во одредени методи за формирање на сопственото тело кои вклучувале и одредени ризици по нивното здравје, но разликата меѓу минатото и денешното време, е, што денес контролата врз веродостојноста и научниот аспект на достапните и брзи информации кои тие ги користат, скоро и ја нема, истакнува Ивановска Котевска. Лекот е регистриран во земјава, се издава со лекарски рецепт За тоа како е регулирана употребата на овој лек во земјата, МИА побара одговор и од Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД. Оттаму ни одговорија дека лекот е регистриран во нашата земја, но дека се издава само со лекарски рецепт. Според МАЛМЕД, во земјава не е евидентиран случај на издавање на лекот без лекарски рецепт. - Ве известуваме дека истиот е регистриран во нашата држава за индикација: третман на возрасни со недоволно контролиран дијабетес мелитус тип 2, како надополнување на исхраната и физичката активност. Лекот може да се издаде само на лекарски рецепт. При редовните инспекциски контроли, што се вршат од страна на МАЛМЕД, а поврзано со издавањето на лекови, не е евидентиран случај на издавање на лекот „оземпик“ без лекарски рецепт, се наведува во писмениот одговор од МАЛМЕД. /МИАТагови: Оземпик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваНекои мачки се враќаат дома иако биле оддалечени со километри, а други исчезнуваат засекогаш Еве што ја прави разликатаИскуството, навиките и темпераментот влијаат на снаоѓањето на мачките, но дури ни доброто познавање на територијата не гарантира дека ќе го пронајдат патот до домот. Мачките се познати по својата способност да се снајдат во просторот. Додека некои успеваат да го најдат патот до својот дом дури и кога се оддалечени со километри, други се губат и на многу помало растојание. Во што е тогаш тајната на нивниот „внатрешен GPS“? Јулија Малкова, експерт за однесување на мачките, објаснува дека на способноста за нивна ориентација влијаат искуството, навиките, темпераментот и генетиката на мачките. Затоа сите мачки не се снаоѓаат подеднакво добро, и нивниот инстинкт не е гаранција дека ќе го пронајдат патот до домот. Искуството и познавањето на територијата Мачките кои од мали имаат навика да престојуваат надвор обично имаат поголемо искуство да се снајдат во околината. Познатите звуци, мириси им помагаат во полесно препознавање на територијата и полесно пронаоѓање на местата што им се познати. Од друга страна, мачките кои цел живот го минуваат во затворен простор може да имаат потешко да се снајдат надвор. Непознатите улици, новите мириси, различната околина може да ги збунат, особено ако се исплашени и под стрес. Зошто некои мачки никогаш не се враќаат дома? Дури ни мачките кои добро ја познаваат својата околина, не се имуни на опасноста да се изгубат. Големите градови, густиот сообраќај, непознатите подрачја и стресот може да им го отежнат враќањето, додека стравот може да ги натера да се скријат и да останат на едно место. Врз нивната способност да се ориентираат влијаат повеќе фактори, па ни долгогодишното искуство не гарантира дека мачката ќе успее да го најде патот до дома. Не потпирајте се на мачешкиот инстинкт Иако мачките се исклучително снаодливи, нивната способност не треба да се преценува. На сопствениците им се советува да обезбедат сигурна околина, како и соодветна идентификација за да ги зголемат шансите за нивно пронаоѓање доколку залутаат. Многумина прашуваат дали нивната мачка треба да излегува надвор. Нивниот т.н. „внатрешен GPS“ е фасцинантна способност, но не е непогрешлив. Затоа најдобро е да го спречите неконтролираното лутање и да го намалите ризикот миленикот да се изгуби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Македонија„На кавга со Иван“ - Сотир КостовВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Сотир КостовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеКога падот на тестостеронот кај мажите влијае на нивната улога како сопругКај жените, менопаузата е добро позната животна фаза, иако сè уште не е целосно разбрана. Раздразливост, недостаток на енергија, лош сон и намалена концентрација можат да бидат знаци на „синдром на несреќен сопруг“, што се поврзува со постепено опаѓање на нивото на тестостерон кај мажите. Кај жените, менопаузата е добро позната животна фаза, иако сè уште не е целосно разбрана. Помалку е познато дека и мажите, со текот на годините, минуваат низ хормонални промени кои влијаат како на телото, така и на расположението. Во науката, оваа фаза се нарекува андропауза – популарно позната како „машка менопауза“ – додека промените во расположението што ја придружуваат, во секојдневниот говор се нарекуваат и „синдром на несреќен сопруг“. Кај мажите, нивото на тестостерон почнува постепено да опаѓа веќе после триесеттите години. Додека кај жените производството на женски хормони нагло опаѓа за време на менопаузата, кај мажите овој процес се одвива побавно. Тестостеронот не исчезнува целосно, но телото го произведува во сè помали количини. Намаленото ниво на тестостерон може да предизвика изразени промени во расположението, при што раздразливоста е еден од главните симптоми. Мажот може да стане поимпулсивен и да се вознемирува поради ситници на кои инаку не би реагирал. Сепак, хормоните не се оправдување. Иако падот на тестостеронот придонесува за лошо расположение, мажот сепак е одговорен за своите емоции и постапки; истурањето на гневот врз партнерката е неприфатливо. Првиот чекор е да се препознаат промените и за нив да се разговара со лекар или специјалист. Чести симптоми се и губењето на енергијата и ентузијазмот. Ако мажот повеќе не покажува интерес за активности во кои претходно уживал, тоа може да биде знак за депресија, која може да биде поттикната токму од падот на нивото на хормоните. Депресијата може да се развие постепено или да се појави ненадејно. Во двата случаи, таа го нарушува квалитетот на животот – како на лицето што минува низ неа, така и на неговиот партнер, пишува „Your Tango“. Затоа се важни отворените разговори за менталното здравје, особено за мажите, кои често се учени дека ранливоста е слабост. Напротив, барањето помош е знак на сила и грижа за себе. Хормоналните промени можат да влијаат и на квалитетот на сонот. Ако мажот ноќе немирно се превртува во креветот, тоа исто така може да биде поврзано со андропаузата. Доволниот сон е неопходен за физичка и емоционална рамнотежа, па затоа е најдобро за промените во сонот да се разговара со лекар. Намаленото ниво на тестостерон може да го отежне концентрирањето, фокусирањето и краткорочното помнење, или пак да го промени начинот на кој мажот ги обработува информациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33