Зеленски за преговорите за крајот на војната: Ова се нашите црвени линии и не отстапуваме - Канал 5

Зеленски за преговорите за крајот на војната: Ова се нашите црвени линии и не отстапуваме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема да ги признае териториите окупирани од Русија и нема да се согласи да ја намали својата војска за време на претстојните преговори за ставање крај на војната.

Зеленски за преговорите за крајот на војната: Ова се нашите црвени линии и не отстапуваме

„Наш приоритет е нашата силна армија. Значи, ова е црвена линија за нас - нема намалување на бројот на нашата армија. Да бидам искрен, ќе направиме сè за да ја задржиме армијата во состојбата во која е денес. Голема армија, три пати поголема отколку што беше на почетокот на војната“, рече тој на состанокот со лидерите на територијалните заедници на регионот Черниговски, за време на работната посета на областа.

Зеленски, исто така, истакна дека приоритетната „црвена линија“ на Украина во идните мировни преговори ќе биде непризнавањето на териториите окупирани од Русија.

„Друго геополитичко прашање е непризнавањето на какви било територии окупирани од Русија. Тоа се украински територии, ова е една од најважните црвени линии за нас. Во секој случај, тоа се привремено окупирани територии“, нагласи украинскиот лидер, пренесува Укринформ.

Тој рече и дека праведен мир ќе дојде кога ќе се вратат сите територии.

„Но, ако може да се постигне компромис, враќањето на овие територии со текот на времето да се случи преку дипломатски канали... Мислам дека за одредени територии ова ќе биде единствениот начин“, рече Зеленски.

Тој исто така нагласи дека Украина ќе работи на казнување на воените злосторници.

„Тоа е друго прашање кој ќе биде со нас во ова. Ова веќе зависи од достоинството и моралот на другите партнери, а не на Украина“, рече Зеленски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ во кампања за предвремените парламентарни избори на 25 октомври

Вучиќ –кој е  носителот на листата „Александар Вучиќ – обединета Србија“  изјавил дека во Загреб, Подгорица, Сараево и Приштина со голем жар посакуваат соборување и промена на актуелната власт во Србија.

Вучиќ во кампања за предвремените парламентарни избори на 25 октомври

Албин Курти и Мило Ѓукановиќ до Андреј Пленковиќ, сите сакаат соборување на власта во Србија. А дали тие сакаат нешто добро за Србија?“, прашал Вучиќ.

На предизборниот собир тој кажал и дека некој однадвор ја отрул атмосферата во земјата, сакајќи да ја промени политиката на Србија, пред се на меѓународно ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Министерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс.

Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар.

Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи.

Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД.

Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата.

Политичка криза во Никарагва

Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата.

Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск.

„Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници.

Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер