3 Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
ЕвропаЗеленски: Унгарија ни го врати украденото украинско злато и 82 милиони долари Унгарија ги врати парите и златото од украинската Осадбанк што унгарските тајни служби ги запленија во март, објави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.Унгарија, под премиерот Виктор Орбан, кој потоа ги загуби изборите од Петер Маѓар, притвори седум Украинци со околу 82 милиони долари во готово и злато под сомнение за перење пари. Украина ја осуди заплената како рекетирање, објави Ројтерс. Сите средства и злато се целосно вратени во Украина, рече Зеленски, нагласувајќи дека ова е „конструктивен пристап“ од страна на Унгарија и „цивилизиран чекор“. „Ова го толкуваме како знак на подготвеноста на Унгарија да ги подобри нашите односи“ „Враќањето на украдените средства повлекува јасна линија помеѓу беззаконието на режимот на Орбан и конструктивниот пристап на новата влада“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалната мрежа X. Маѓар треба да положи официјална заклетва за три дена. „Ова го толкуваме како знак на подготвеноста на Унгарија да ги подобри нашите односи со меѓусебно почитување и здрав прагматизам, и ние сме подготвени да возвратиме со иста мера“, додаде тој. A welcome development on the path toward normalising the Ukrainian-Hungarian relations. We thank the Hungarian side for taking this step. The return of the stolen property draws a clear line between the lawlessness of the Orban regime and the constructive approach of the… https://t.co/UMPjrf03Pl — Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) May 6, 2026 Украина беше олесната откако Орбан, најблискиот сојузник на Русија во Европа, ги загуби изборите во април. Украинските власти изразија надеж дека Унгарија ќе усвои попрагматичен тон во билатералните односи, додаде Ројтерс.Тагови: злато Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16
ЖивотБратот, Спенсер открива што му рекол Принцот Чарлс по смртта на Дијана: „Му ја спуштив слушалката“ Британската принцеза Дијана почива на семејниот имот Алторп во Нортхемптоншир, на остров среде езеро. Нејзиниот гроб, скриен меѓу високи дрвја, е место на тага, но и на мир за нејзиниот брат Чарлс Спенсер.„Кога сум на островот, се разбира, чувствувам тага, но и мир. Гробот на Дијана е многу мирно и убаво место. Тоа е место каде што можам да размислувам за загубата, но и да уживам во природната убавина што ме опкружува. Таа е дома“, изјави Чарлс Спенсер во интервју за списанието „Пипл“ (People). Спенсер, кој беше многу близок со својата сестра, ги објави мемоарите насловени „Лебедова песна: Дијана, мојата сестра“ (Swan Song: Diana, My Sister), во кои се осврнува на нејзиното детство, животот во кралското семејство и настаните по нејзината смрт во 1997 година. Еден од најконтроверзните делови од книгата се однесува на разговорот што Спенсер го водел со тогашниот принц Чарлс, кратко по смртта на Дијана. Во тоа време, Спенсер живеел во Јужна Африка со четири мали деца и се обидувал да организира враќање во Британија. Тогаш му се јавил Чарлс. „Веќе неколку часа знаев дека Дијана починала. А потоа тој се јави и – за жал, морам да кажам – звучеше едноставно воодушевено. Беше неверојатно чудно“, рече Спенсер. Тој додаде дека може само да претпоставува што се крие зад таквата реакција. „Можеби чувствуваше дека сега конечно ќе може да се ожени со жената што ја сакаше, Камила Паркер Боулс, но тоа е само моја претпоставка“. Бакингемската палата објави ретко соопштение во врска со наводите во книгата, наведувајќи дека болката од загубата на член на семејството може да влијае врз расудувањето и сеќавањата дури и со години подоцна. Спенсер се присети и на разговорот со Чарлс околу организацијата на погребот на Дијана. Особено го погодила одлуката принцовите Вилијам и Хари да чекорат зад ковчегот на нивната мајка. „Кога ми кажаа дека Вилијам и Хари ќе чекорат зад ковчегот на мајка им, веднаш реков: 'Не, нема'. Тоа е ужасна идеја. Едноставно нема никаква смисла.“ Спенсер сметал дека Дијана не би го сакала тоа и се сеќава дека неговата сестра го одредила за старател на нејзините синови, иако тоа старателство немало правна важност. Набрзо потоа, самиот Чарлс му се јавил по телефон. „Тој рече: 'Слушам дека имаш проблем со погребот'. Ме праша дали сакам Вилијам и Хари да чекорат зад ковчегот. Одговорив: 'Се разбира дека не. Дијана не би го сакала тоа'“, се присети Спенсер. Чарлс тогаш потсети дека и тој чекорел зад ковчегот на својот вујко, лорд Маунтбатен. „Му реков: 'Да, но ти имаше 30 години, а тој не ти беше мајка'.“ Според Спенсер, Чарлс тогаш бурно реагирал. „Тогаш тој рече: 'Наскоро ќе заборавиме на неа'. Тоа навистина ме шокираше и згрози. Му реков: 'Не можам да верувам дека го кажа тоа' и ја прекинав врската“, открива Спенсер. Кога сега го прашуваат каков е неговиот однос со кралот Чарлс, Спенсер одговара: „Го гледам како поранешен зет на моето семејство. Сега навистина немам никаков контакт со него. Го гледам на семејни свадби и слични настани, но тој едноставно не е дел од мојот живот, ниту пак јас сум дел од неговиот. На крајот на краиштата, семејството си е семејство и во секое семејство постојат различни тензии, радости и проблеми“, истакнува тој.Тагови: принцезата Дијана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски: „Подготвен сум за средба со Путин“ Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, како и дека американскиот претседател Доналд Трамп „сака да ја заврши војната“ и оти ќе стори сѐ за да успее во тоа.Во изјава за „Скај њуз“, Зеленски истакнал дека најважно е тоа што Трамп може да организира трилатерална средба на која би се разговарало за „сите чувствителни теми“ што би можеле да придонесат за завршување на војната. На прашањето дали е подготвен да се сретне со Путин, Зеленски одговори дека е „подготвен“ и оти средбата би можела да се одржи „во секое време, кога сите страни ќе бидат подготвени“. Зеленски изјави дека Трамп не му поставил никакви барања за време на денешниот разговор, но напомена дека двајцата лидери претходно разговарале за барањата на Вашингтон кон Киев. Зборувајќи за разговорот со Трамп, Зеленски рече дека разговарале и за можноста за енергетско примирје меѓу Украина и Русија. Тој изјави дека Киев е подготвен за каков било формат на такво примирје, под услов Русија да не го напаѓа украинскиот енергетски систем. „Подготвени сме за каков било формат на енергетско примирје... За сè што е поврзано со енергетиката, сè“, рече Зеленски. Тој им се заблагодари на Трамп и на американските власти и додаде дека Вашингтон ќе ја пренесе позицијата на Киев до Москва.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаНБ: Во август: Годишен раст од 9,0% на вкупните депозити и од 13,6% на вкупната кредитна поддршкаВкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,0%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор. Орочените депозити на домаќинствата (без средствата на трансакциските сметки), бележат годишно зголемување од 5,8%. Кредитната активност бележи раст од 13,6% на годишна основа. Раст е забележан кај двата сектора, при поголем годишен придонес на корпоративниот сектор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16