Зеленски: Украина преговара со земјите од Блискиот Исток за набавка на дизел - Канал 5

Зеленски: Украина преговара со земјите од Блискиот Исток за набавка на дизел

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев работи на постигнување договор со земјите од Блискиот Исток за испорака на дизел, вид гориво кој е во најголем дефицит во земјата.

Зеленски: Украина преговара со земјите од Блискиот Исток за набавка на дизел

Зеленски говореше за украинските медиуми за време на неговата турнеја низ Блискиот Исток, каде претходно соопшти дека Украина и Саудиска Арабија потпишале договор за соработка во областа на одбраната. Овој документ ги поставува темелите за идни договори, технолошка соработка и инвестиции. Зеленски нагласи дека со своите министри и со државната компанија „Нафтогас“ разговара за решавање на потенцијалниот недостиг, посочувајќи дека 90 отсто од енергетскиот дефицит отпаѓа токму на дизел горивото.

Зеленски појасни дека рамковниот договор бил потпишан пред неговата средба со саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман ал Сауд.

Украина истовремено ја зајакнува својата улога во регионот преку испраќање на над 220 експерти кои ги советуваат блискоисточните држави како да се справат со напади од беспилотни летала, кои нанесоа огромни штети врз енергетската инфраструктура во целиот регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интер пазареше во Лондон, на Џизепе Меаца пристигна светски вицешампион

Актуелниот италијански шампион Интер договори големо ново засилување за одбраната – аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро, кој доаѓа од Тотенхем, треба да го облече дресот на „нероаѕурите“.

Интер пазареше во Лондон, на Џизепе Меаца пристигна светски вицешампион

Според информациите на аргентинскиот ESPN, двата клуба постигнале договор за трансфер вреден 40 милиони евра.

Процесот се забрзал по директните разговори меѓу спортскиот директор на Интер, Пјеро Аузилио, и раководството на лондонскиот клуб.

Тотенхем првично бараше повисоко обесштетување за својот дефанзивец, но двата клуба на крајот сепак најдоа заеднички јазик.

На тој начин, Ромеро ќе се врати во Серија А, каде што претходно се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во лигата, настапувајќи за Џенова, Јувентус и Аталанта.

Одличниот Ромеро инаку со Аргентина ја освои светската титула во Катар во 2022 година.

Договорениот финансиски пакет му овозможи на лондонскиот тим да поврати значителен дел од инвестицијата, додека Ромеро ќе ја оствари својата желба да ја напушти Премиер-лигата и да се врати во Италија.

Со доаѓањето на Ромеро, Интер дополнително ќе ја засили одбранбената линија. Аргентинецот му се придружува на Џон Стоунс, кој неодамна пристигна од Манчестер Сити, а со овој потег клубот од Милано испраќа јасна порака дека сака да ја задржи доминацијата во Италија и да биде конкурентен во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Георгина и Кристијано викеднов не стапуваат во брак!?

Не, свадбата на најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и бујната Георгина Родригез не е овој викенд.

Георгина и Кристијано викеднов не стапуваат во брак!?

Иако на социјалните мрежи кружеа гласини дека Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез ќе стапат во брак овој викенд, тие информации се покажаа како невистинити.

Шпекулациите беа поттикнати од наводна покана за свадба прикажана на португалската телевизија; сепак, потврдено е дека парот не планира свадба за овој викенд, пренесува *Hola!*.

https://www.instagram.com/reel/DbTqk8Nvt61/?utm_source=ig_embed&ig_rid=AOHpYWgRTDpG40M-S_bq2qx

Најновиот бран шпекулации започна откако во португалската емисија *V+ Fama* беше прикажан документ опишан како покана за свадба.

Според документот, церемонијата била закажана за сабота, 1 август, во 17:00 часот, на имотот „Кинта да Регалеира“ во Синтра, Португалија.

Наводно, поканата содржела и необично барање гостите да носат црна облека, што предизвика дополнителни дискусии на интернет. Сепак, списанието *Hola!* известува дека е категорично потврдено оти свадбата нема да се одржи овој викенд.

Информациите поврзани со локацијата исто така ги побиваат гласините. Имотот „Кинта да Регалеира“ (Quinta da Regaleira) останува отворен за туристи на 1 август, а билети за разгледување се достапни во текот на целиот ден.

Покрај тоа, за истата вечер на имотот е закажан настап на пејачката и продуцентка Силвана Перес, што ја прави малку веројатна можноста таму да се подготвува приватна свадба од висок профил.

Претставниците на локацијата одбија да ги коментираат шпекулациите во медиумите.

Иако парот ги чува своите планови во тајност, Георгина откри дека се надева на интимна прослава наместо на голем јавен настан.

Во интервју за списанието *ELLE*, таа зборуваше и за свршеничкиот прстен што ѝ го подари Роналдо. Таа го опиша како прекрасен и призна дека ѝ требало време да се навикне на носењето на таков исклучителен дијамант.

Експертите ја проценуваат вредноста на прстенот на најмалку пет милиони евра.

Наместо да се подготвуваат за свадба, парот поминува време со семејството и пријателите. Тие неодамна се појавија на настанот *La Velada del Año* и го продолжуваат одморот на плажа, уживајќи во пливање, голф и редовни тренинзи.

Овој опуштен распоред укажува на тоа дека тие се фокусираат на заедничко поминување време пред Роналдо да се врати на своите професионални обврски.

Официјалниот датум на свадбата не е познат, но неколку фактори укажуваат на тоа дека е малку веројатно церемонијата да се одржи во скоро време.

Се очекува Роналдо за неколку недели да се врати на тренинзите со својот клуб „Ал Наср“ – со кој има договор до 2027 година. Неговиот спортски распоред остава малку простор за организирање меѓународна свадба, па затоа е пореално да се очекува церемонијата да се одржи кон крајот на годината или подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Министерството за здравство внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка

Министерството за здравство внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка и е во постојана комуникација со надлежните здравствени установи.

МЗ: Министерството за здравство внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка

Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор.

По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска документација, Министерството ќе иницира и стручен надзор над досегашниот тек на лекувањето и постапувањето на здравствените работници и установи вклучени во случајот.

Министерството апелира да не се изнесуваат предвремени заклучоци сè додека не завршат надлежните постапки. За утврдената фактичка состојба и за евентуалните натамошни мерки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер