Зеленски: Украина ќе направи сѐ за да го натера Путин дипломатски да ја заврши војната - Канал 5

Зеленски: Украина ќе направи сѐ за да го натера Путин дипломатски да ја заврши војната

Украина ќе стори сé за да го принуди рускиот претседател Владимир Путин дипломатски да ја заврши војната, а ако тоа не успее, украинската армија ќе биде подготвена насилно да го истисне непријателот од земјата.

Зеленски: Украина ќе направи сѐ за да го натера Путин дипломатски да ја заврши војната

Украина ќе стори сé за да го принуди рускиот претседател Владимир Путин дипломатски да ја заврши војната, а ако тоа не успее, украинската армија ќе биде подготвена насилно да го истисне непријателот од земјата, изјави украинскиот лидер Володимир Зеленски на заедничката прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда и премиерот на Литванија Ингрид Шимоните.

„Завршувањето на војната може само да го врати територијалниот интегритет на Украина и да спречи повторна агресија од Путин и Руската Федерација. Од наша страна ќе направиме сѐ за да го принудиме Путин дипломатски да ја заврши оваа војна, за да има што помалку човечки загуби. Но, ако не успееме, на пример, партнерите се поколебаат и не застанат цврсто и решително против агресијата на Путин..., тогаш ќе направиме сè за нашата армија да биде подготвена праведно да го турне Путин од територијата на нашата земја“, нагласи Зеленски, пренесува Укринформ.

Дуда изјави дека НАТО сè уште нема договор за соборување на руски ракети со помош на земјите од Алијансата над територијата на Украина, но може да се постигне договор за ова прашање.

Според него, прашањето за соборување на руски ракети на земјите од НАТО над територијата на Украина се уште е „црвена линија“ за многу земји од Алијансата, а дискусијата во рамките на таа воена алијанса е во тек.

Претседателот на Полска изјави дека токму Варшава го покренала прашањето за соборувањето руски ракети од силите на НАТО над територијата на Украина за време на состанокот на шефовите на држави во февруари оваа година во Париз. Истовремено, тој истакна дека борбените возила кои ќе ги извршуваат овие задачи ќе бидат на територијата или во воздушниот простор на НАТО.

Тој нагласи дека дискусијата за ова прашање трае речиси една година.

„Се надевам дека членките на НАТО ќе се уверат во неопходноста од овој чекор“, нагласи полскиот лидер, додавајќи дека „најмалку два пати руските ракети го нарушиле воздушниот простор на НАТО“, што, како што оцени, соборувањето руски ракети би било легитимно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Путин ѝ попушта на Украина, би требало да биде поостар (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин малку омекнува во однос на војната во Украина, велејќи дека би можел да заземе многу поцврст став. 

Трамп: Путин ѝ попушта на Украина, би требало да биде поостар (ВИДЕО)

Тој, исто така, зборуваше за можноста да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на посетата на Кина.

Путин малку омекнува, вели Трамп

Одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Путин во однос на војната во Украина, Трамп ја даде својата оценка за рускиот претседател.

„Мислам дека малку омекнува. Мислам дека би можел да биде поцврст. Искрено, мислам дека би можел да биде многу поцврст. Верувам дека омекнува“, рече Трамп.

Тој додаде дека верува оти Путин би сакал да види крај на војната.

За Украина ќе се разговара со Путин и Си

Трамп објави дека војната во Украина ќе биде една од темите на неговите претстојни разговори со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг.

„Ќе разговараме за мојата омилена тема, Украина. Украина ја губи Украина“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа пред да замине на азиска турнеја.

Тој додаде дека Русија, исто така, претрпе големи загуби во војната.

„Русија губи 25.000 војници месечно. Ќе разговараме за тоа“, тврди американскиот претседател.

Средбата меѓу Трамп, Путин и Си треба да се одржи во кинескиот град Шенжен за време на самитот на АПЕК. Една од главните теми ќе биде нуклеарното оружје.

Трамп ја остави отворена можноста за средба со Ким

Американскиот претседател, исто така, ја објави можноста за средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на неговиот престој во Кина.

„Можеби ќе се сретнеме и со Ким Џонг-ун“, рече Трамп, оставајќи ја отворена можноста за уште една средба.

Трамп и Ким се сретнаа три пати за време на неговиот прв мандат како претседател, последен пат во 2019 година. Оттогаш тие не се сретнале повторно.

Вашингтон се обидува да ги обнови разговорите со Северна Кореја за нејзината нуклеарна програма, а евентуалната средба во Кина би можела да го отвори патот за обновување на дипломатските контакти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Придвижија воз, долг 7,6 километри со 696 вагони- веруваат дека соборија светски рекорд (ВИДЕО)

Јужна Африка успешно лансираше товарен воз со необични димензии, долг 7,6 километри, со вкупно 696 вагони!

Придвижија воз, долг 7,6 километри со 696 вагони- веруваат дека соборија светски рекорд (ВИДЕО)

Овој огромен воз успешно го заврши пробното возење, а државната компанија Транснет верува дека ова постави нов светски рекорд за товарни возови.

Сериозен инженерски предизвик

Зафатот беше извршен на 18 октомври 2026 година на железничката пруга што го поврзува заливот Салдана, на западниот брег на земјата, со рударскиот регион на Северниот ’Рт. Во текот на два дена, возот помина приближно 860 километри и успешно ја заврши предвидената рута.

Зад овој проект стои сериозен инженерски предизвик. Преместувањето на речиси 700 меѓусебно поврзани вагони бара прецизна координација на моќноста на локомотивите и контрола на огромните сили што се јавуваат при забрзување, сопирање и минување низ одредени делови од железницата.

За да се постигне ова, Транснет користеше електрични и дизел-електрични локомотиви распоредени по целиот воз.

Сите локомотиви работеа синхронизирано, користејќи радио-базиран систем за дистрибуирана влечна сила познат како Радио Дистрибуирана Моќ. Оваа технологија овозможува влечење и сопирање да се распределат на различни точки по должината на возот, што го олеснува управувањето со екстремно долгиот воз.

YouTube video

Сите вагони беа празни

Интересен детаљ е што сите 696 вагони беа празни за време на пробното возење. Ова не беше нормална комерцијална операција, туку технички тест насочен кон испитување на однесувањето на воз од оваа големина и подобрување на идните операции за тежок транспорт.

Доколку резултатот биде независно потврден, тоа ќе значи дека јужноафриканскиот воз го надмина рекордот што го држи Австралија од 2001 година. Во тоа време, рударската компанија BHP користеше товарен воз од 7,353 километри со 682 вагони, објавува Diario UNO.

Транснет ќе ги анализира податоците собрани за време на пробното возење, а потоа ќе ги спореди со симулациите направени пред тестот.

Добиените податоци треба да помогнат во подобрувањето на распоредот на локомотивите, системите за сопирање и стратегиите за управување со екстремно долги товарни возови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апел од родителите на повредената Сара - „Не сакаме протести, туку правда“

Семејството на Сара во разговор за порталот OHRID1 кажало дека не поддржува протести за случајот...

Апел од родителите на повредената Сара - „Не сакаме протести, туку правда“

Тие се заблагодаруваат за огромната поддршка од јавноста, но по последниот развој на настаните во Обвинителството и повторното определување притвор за осомничениот, велат дека во овој момент единствено им се потребни мир и закрепнување на нивната ќерка.

Родителите нагласуваат дека нивната борба нема никаква политичка заднина, ниту пак сакаат трагедијата на нивната ќерка да биде искористена за политички цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер